ССМ бара минимална плата од 500 евра, во спротивно генерален штрајк или протест - Канал 5

ССМ бара минимална плата од 500 евра, во спротивно генерален штрајк или протест

 Членовите на највисоките тела на Сојузот на синдикати на Македонија пред Владата побараа повлекување на одлуката за зголемување на минималната плата за 1.800 денари и намалување на платите на избраните и именуваните лица .

ССМ бара минимална плата од 500 евра, во спротивно генерален штрајк или протест

Членовите на највисоките тела на Сојузот на синдикати на Македонија пред Владата побараа повлекување на одлуката за зголемување на минималната плата за 1.800 денари и намалување на платите на избраните и именуваните лица на ниво на минимална плата. Од ССМ побараа да запрат и нападите врз синдикатите.

- Денеска сме тука да ви упатиме последна порака - не може да се одлучува за нас, без нас. ССМ пред две години организираше генерален штрајк во цеиот јавен сектор. На чекор сме до генерален штрајк во целата држава. Денеска бараме од вас да бидете луѓе онака како што сме ве избрале. Да не се однесувате кон работникот, како кон луѓе од трета категорија и да бидете на ниво на задачата. Денеска сме тука пред Владата како најголем работодавач да побараме да се почитуваат колективните договори и да се зголемат платите во јавниот сектор, рече претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов.

Упати предлог до премиерот Христијан Мицкоски заедно да земаат минимална плата од 500 евра, а да се зголемат останатите плати за 100 евра.

Доколку не се зголеми минималната плата, раководството на ССМ најавува генерален штрајк, а доколку не се зголемат платите на работниците, најавуваат протест.

- Не сме тука да ја рушиме Владата, туку да ги зголемиме платите, рече Трендафилов.

Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски истакна дека за првпат е донесена одлука за зголемување на минималната плата без консултација на синдикатот.

- Првата Влада која смислено ја одзема репрезентативноста на ССМ само за да нема Економско-социјален совет. Прва Влада во историјата на Македонија која реши 129 илјади вработени во јавниот сектор кои зависат од минимална плата да ги остави да ги изедат газдите од приватниот сектор. Со 1.890 денари во управа и правосудство 58 отсто моментално се под просек. Не се плашиме, ниту ќе се плашиме. Ве чекаме да не викнете, ако не, сами ќе си дојдеме, рече Деаноски пред Владата.

Претходно, раководството на ССМ пред Собранието побара од пратениците да изгласаат одлука за зголемување на минималната плата на 500 евра, а во спротивно да ги намалат нивните плати на ниво од минимална плата.

Членовите на највисоките тела на ССМ упатија и порака до работодавачите барајќи од нив да ги зголемат платите на работниците за да не бидат виновни за иселувањето на работничката сила.

- И ненормалното стана нормално во оваа држава. Ако секоја година се иселуваат 10.000 млади работници, сакаме да им кажеме на работодавачите дека повеќе нема да работиме за мизерни плати, порача претседателот на Синдикатот на СИЕР, Игор Герасов.

Според Владата, висината на минималната плата е легитимна и утврдена согласно критериумите во Законот за минимална плата. Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска изјави дека одлуката за зголемување на минималната плата од 1.800 денари е донесена согласно законот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријава

На 02.10.2026 во 18:00 часот во Велес, полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дрога при СВР Велес, го лишија од слобода Н.М.(42) од Велес. 

Лишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријава

Имено, тој бил забележан како на неколку места остава пакувања со бела грутчеста материја и при преглед на местата во негово присуство, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, бела грутчеста материја, кафена грутчеста материја и дигитална вага, а при преглед кај Н.М. биле пронајдени и одземени пари.

Исто така, по издадена судска наредба од Основен суд Велес, бил извршен претрес во дом и помошни простории на Н.М., каде биле пронајдени и одземени пари. Тој бил задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Кисела Вода и ЈП „Лајка“ го одбележаа Светскиот ден на животните со настанот „Не можат да зборуваат, но можат да сакаат“

Во пресрет на Светскиот ден на животните, во паркот „Македонија“ се одржа голема едукативно-забавна манифестација под мотото „Не можат да зборуваат, но можат да сакаат“, организирана од Општина Кисела Вода во соработка со ЈП „Лајка“.

Општина Кисела Вода и ЈП „Лајка“ го одбележаа Светскиот ден на животните со настанот „Не можат да зборуваат, но можат да сакаат“

Ова дружење привлече голем број граѓани со своите миленици, а главниот фокус беше ставен на подигнување на свеста за одговорното сопствеништво и хуманиот однос кон животните.

Присутните имаа можност да добијат корисни совети од професионалци за тоа што значи вдомување и долгорочна грижа за едно животно, со акцент на соодветната здравствена нега, исхрана и условите неопходни за нивниот среќен живот. Едукативниот дел резултираше и со конкретен интерес кај граѓаните за вдомување на бездомни кучиња од стационарот.

Во рамките на предвидените активности, свој уметнички придонес даде и истакнатиот сликар Живко Поповски - Цветин, кој инспириран од природата и животните сликаше пред присутните.

-Љубовта кон животните е огледало на нашата хуманост и совест како општество. Со ова дружење сакавме да испратиме порака дека милениците не се само момент на радост, туку долгорочна обврска која бара посветеност и време. Ме радува фактот што сè повеќе граѓани покажуваат интерес за одговорно сопствеништво и за вдомување наместо купување. Општина Кисела Вода и понатаму останува посветена на хуманиот третман на животните и на подигнување на јавната свест преку вакви едукативни собири-истакна градоначалничката Стаменкоска Трајкоска.

Општина Кисела Вода упатува огромна благодарност до сите учесници и поддржувачи кои несебично помогнаа во успешната реализација: ветеринарната станица „Вет Тим“, груминг салоните „Grooming Twins“, „Shepa grooming“ и „Мое милениче“, како и пет-шоповите „Аба“ и „Пет Експерт“.

Програмата продолжува и во вечерните часови. Со почеток од 19:00 часот, пред Домот на културата „Билјана Беличанец“ (кино “Киноверзум”), граѓаните и нивните миленици се поканети на бесплатна проекција на отворено на македонскиот документарен филм „Приказната за Силјан“, во соработка со Кино Балкан Дистрибуција

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Реакција на прес-конференција на СДСМ

Добро е што Кузеска дава признание што од брусење шахти и казни на тие кои не употребуваат Северна, стигнавме денес и европските челници да употребуваат македонски идентитет и култура

ВМРО-ДПМНЕ: Реакција на прес-конференција на СДСМ

Прес-конференцијата на Богданка Кузеска каде посочува дека Урсула фон дер Лајен употребува македонски јазик, култура и идентитет, со оглед на фактот што доаѓа од партијата позната по тоа што кога беше на власт ги брусеше капаците од шахтите зошто имале сонце, ја разбираме единствено како големо признание на оваа Влада која од состојба каде Заев како премиер ги корегираше и казнуваше сите кои не употребуваат Северна дојдовме до ситуација европските челници да ја прифатат придавката македонски и да се јакне македонскиот идентитет.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер