Јаневска изврши увид во реконструкцијата на студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“, објектот ќе биде отворен во јануари 2026
1Јаневска изврши увид во реконструкцијата на студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“, објектот ќе биде отворен во јануари 2026
3Конески со порака по повод Меѓународниот ден на студентите: Младите треба да бидат активни учесници во создавање на политиките наменети за нив
Опасен ТикТок предизвик се шири меѓу младите- скокаат пред возило за да го тестираат трпението на возачите
2Опасен ТикТок предизвик се шири меѓу младите- скокаат пред возило за да го тестираат трпението на возачите
КултураСрпското народно позориште од Нови Сад со „Кој ја уби Џенис Џоплин" на „Охридско лето" Драмската програма на Фестивалот „Охридско лето" продолжува со вечерашната театарска претстава „Која ја уби Џенис Џоплин" во изведба на актерската екипа на Српското народно позориште од Нови Сад.Режисерката на поставката на претставата, Сања Петровиќ, вели дека кога размислувала да направи претстава за пејачката која и била пример и инспирација во текот на тинејџерскиот период, секогаш ја доживувала како две личности. -Несомнено нејзиното двојство е евидентно – нејзините два лика и нејзините две приказни. Едната е приказна за несигурна, нежна, неприфатена и незаштитена девојка, а другата е за храбра, агресивна основачка на нова листа на критериуми за жените. Едната поради која живеела, а другата поради која починала. Едната која одеше кон својот крај за другата да започне. Дури подоцна наидувам на податокот дека Џенис го добила името по богот Јанус. Се работи за римскиот Бог на крајот и почетокот. Обично е прикажан со две лица, едното гледа на почетокот, а другото на својот крај. Затоа, оваа претстава претставува омаж на една жена која дошла до својот крај за да се случи нов почеток. Ова шоу е омаж на музиката што повеќе не постои. Музика која нема формула за успех, туку емоција за споделување. Музика што не е математика, туку органска потреба. Сакам оваа претстава да инспирира и да им помогне на многумина да бидат тоа што се, а не она што се очекува од нив или им се наметнува како задолжително, вели таа. Сања Петровиќ е дипломец на Академијата за уметности во Нови Сад, насока мултимедијална режија, а мастер студиите ги завршила на Факултетот за драмски уметности во Белград. Режирала претстави за деца, млади и возрасни како во независниот сектор, така и во институциите како што се: Народниот театар во Сомбор, Новосадскиот театар за млади, Градскиот театар Бечеј и Српско народно позориште. На Радио Белград, режирала неколку радио драми за деца и возрасни, а за делото „Ти си тој ангел" (адаптација на романот „Мама Леоне" од Миленко Јерговиќ), ја добила првата награда „Неда Деполо". Наградувана е на неколку важни фестивали во земјата и странство. Добитник е на годишната награда на Српското народно позориште за концептот и режијата на претставата „Кој ја уби Џенис Џоплин?". Таа е директор на традиционалната манифестација на Фестивалот на еколошки театар за деца и млади во Бачка Паланка, за што ја добила Октомвриската награда во 2014 година. Член е на извршниот одбор на мрежата за развој на Театарот за деца и млади „АССИТЕЈ" Србија и активно работи во водечката група за меѓународната едукативна програма „Следна генерација". Во својата работа, најчесто се изразува преку музика, танц и модерни технологии, додека тематски го обработува детството, екологијата и прашањето за човековите права. Улогите во претставата ги толкуваат Бојана Милановиќ, Соња Исаиловиќ, Стефан Вукиќ, Димитрије Аранџеловиќ, Вукашин Ранѓеловиќ, Петар Бањац, Филип Грубач и Игор Сакач. Претставата не се препорачува за лица помлади од 16 години. „Кој ја уби Џенис Џоплин" ќе се игра на големата фестивалска сцена на „Долни Сарај", со почеток од 21 часот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизТаа има три деца со Илон Маск, а сега е во врска со помлад продуцентКанадската музичарка Грајмс (38), чие вистинско име е Клер Буше, повторно пронајде љубов.Поранешната партнерка на Илон Маск се појави на премиерата на серијата „Blade Runner 2099“ во Лос Анџелес во четвртокот, придружувана од музичкиот продуцент Елајџа Вајнкауф, со што го привлече вниманието на јавноста. Извор близок до пејачката потврди за списанието „People“ дека двајцата се во врска веќе некое време, и дека нивното пријателство и професионална соработка со текот на времето прераснале во романса. Се заљубиле додека работеле на албум Вајнкауф, кој е во средината на своите дваесетти години, е музички продуцент познат под уметничкото име „VADAKIN“. Тој соработува со Грајмс веќе неколку години, а работел и на продукцијата на нејзиниот претстоен албум, „PSYOPERA“. Токму додека заедно работеле на нови песни, меѓу нив се родиле чувства. „Тие веќе неколку години заедно продуцираат и пишуваат песни. Се заљубиле додека работеле на новиот албум. Тој буквално ѝ помогна повторно да го пронајде својот креативен ритам“, откри извор близок до парот. Според изворот, нивната соработка се покажала како исклучително успешна, а првичните реакции за новиот албум во музичката индустрија се крајно позитивни. „Сите во музичката индустрија што ги слушнале раните снимки од албумот „PSYOPERA“ се воодушевени. Ова е нејзиниот најдобар албум уште од „Visions“ во 2012 година“, додаде изворот. Новиот дечко е целосна спротивност на нејзините поранешни партнери Изворот тврди дека Вајнкауф ѝ е голема поддршка на музичарката, опишувајќи го како смирена, внимателна и стабилна личност. „Тој е многу приземјен и се однесува кон неа со почит, што е целосна спротивност на мажите со кои таа била во минатото“, вели изворот. Изворот додава дека младиот продуцент е згоден, талентиран и љубезен, и дека Грајмс се чувствува убаво кога е со него. View this post on Instagram A post shared by ☘︎𝔊𝔯𝔦𝔪𝔢𝔰࿎ (@grimes) Иако не се знае многу за приватниот живот на Вајнкауф, познато е дека тој работи во музичка продукција и создава електронска музика. Нејзината врска со Грајмс сега го стави во центарот на вниманието на светските медиуми. Таа има три деца со Илон Маск Покрај нејзината музичка кариера, Грајмс е позната во јавноста и по својата бурна врска со американскиот милијардер Илон Маск, претприемачот кој стои зад „Tesla“ и „SpaceX“. Нивната врска започна во 2018 година, а во текот на годините што следеа, тие неколку пати раскинуваа и повторно се смируваа. Заедно имаат три деца: синовите Екс Еш Еј-Твелв (X Æ A-Xii) и Техно Механикус (Techno Mechanicus), како и ќерката Екса Дарк Сајдераел (Exa Dark Sideræl). Со години, нивната врска привлекуваше големо внимание во јавноста – не само поради необичните имиња на нивните деца, туку и поради честите промени во статусот на нивната врска. По нивното раскинување, настанаа правни спорови околу старателството и родителските права. Во 2023 година, Грајмс покрена постапка за утврдување на родителските права, а подоцна јавно зборуваше за тешкотиите со кои се соочила за време на споровите околу децата. И покрај сè, музичарката се труди да ја заштити приватноста на своите деца, нагласувајќи во неколку наврати дека не сака многу да зборува за нив во јавноста. По Маск, таа беше во врска со италијански музичар По врската со Маск, Грајмс пронајде љубов со италијанскиот музичар и диџеј Матео Милери, попознат под уметничкото име „Анима“ (Anyma). Нивната врска траеше повеќе од една година, а раскинаа во август 2025 година. Грајмс сега повторно е фокусирана на својата музичка кариера и на подготовката на нов албум, на кој соработува со својот нов партнер. Таа објасни дека нејзина главна инспирација е вештачката интелигенција – тема што со години ја истражува во своето музичко творештво. Таа планира да го издаде албумот во два дела, иако точниот датум на објавување сè уште не е познат. Извор: Индекс.хрТагови: Грајмс Илон Маск Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈаневска изврши увид во реконструкцијата на студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“, објектот ќе биде отворен во јануари 2026Привршуваат активностите за темелна и енергетски ефикасна рехабилитација на студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“ во центарот на Скопје.Објектот ќе биде отворен пред почетокот на вториот семестар од тековната академска година, односно во јануари 2027. Увид во градежните работи за реализација на инвестицијата вредна 10 милиони евра, денес изврши министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска, која рече дека актуелната Влада го реализира тоа што го ветува. „Овој објект ќе биде вториот модерен студентски дом што ќе го отвориме со поддршка на Европската унија и Германската развојна банка – KFW со кои заедно започнавме и ќе го завршиме процесот на темелна обнова на 9 државни студентски домови и 6 државни училишта со ресурсни центри. Ова се значајни инвестиции во студентскиот стандард и во инклузијата на образовниот систем“, рече Јаневска, додавајќи дека за нивна реализација се обезбедени 86 милиони евра, од кои 60 милиони евра од KFW, 22 милиони евра се неповратни грантови од ЕУ и 4 милиони евра се буџетски средства. Потсети и дека пред два месеца беше отворен реновираниот „Стив Наумов“ со можност за сместување на 1150 студенти, а сега капацитетите се прошируваат и со овој дом, каде ќе можат да се сместат 280 лица. „Веќе видовте дека се работи за навистина одлични услови, високи стандарди за ваков тип на градби и очекувам студентите што ќе го користат овој дом да бидат задоволни, но и одговорни, за да можат што повеќе генерации да ги почувствуваат придобивките од ова јавно добро“, нагласи Јаневска. Додаде дека денот на посетата е одбран симболично, 17 ноември е Меѓународен ден на студентите, а тие се во фокусот на владините политики. „Грижата за студентскиот стандард е многу подигната во период од неколку години – практично буџетот за оваа намена е двојно зголемен ако ги споредиме 2022 и 2026 година. Продолжуваме посветено да работиме за младите да бидат задоволни од вниманието од државата, да ги надминуваме предизвиците со кои се соочуваат и да ги задржиме тука во сопствената земја да го реализираат својот потенцијал“, порача министерката за образование и наука. Министерство за образование и наукаТагови: Весна Јаневска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветСАД нудат награда од 20 милиони долари за информации за двајца нарко- терористи Стејт департментот нуди до 20 милиони долари за информации што ќе доведат до апсење или осуда на двајца гватемалски државјани.Стејт департментот нуди до 20 милиони долари за информации што ќе доведат до апсење или осуда на двајца гватемалски државјани осомничени за трговија со дрога и други сериозни кривични дела долж границата меѓу Гватемала и Мексико. Се нудат до 10 милиони долари за информации за секој од нив. Станува збор за Аксел Бладимир Монтехо Сенс, познат како „Мош“ и Валфре Доналд Калдерон-Калдерон, познат како „Ел Тениенте Џуниор“, се вели во соопштението на Бирото за меѓународни наркотици и спроведување на законот на Стејт департментот. Двајцата осомничени се бараат за трговија со дрога, изнуда, трговија со оружје и луѓе и убиство, според соопштението. Стејт департментот вели дека тие работат заедно со мексиканскиот нарко-картел „Нова генерација Халиско“ (CJNG), кој американската администрација го означи како странска терористичка организација минатата година. Монтехо Сенс беше обвинет на 1 ноември 2018 година во Окружниот суд на САД за Јужниот округ на Калифорнија, за заговор за меѓународна дистрибуција на кокаин. Калдерон-Калдерон беше обвинет по истото обвинение во истиот суд на 31 мај 2019 година. Наградите беа доделени во рамките на Програмата за награди за наркотици на САД (NRP), која ги поддржува меѓународните напори за борба против трговијата со дрога и изведување на бегалците пред лицето на правдата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook