Српско Обвинителство за високотехнолошки криминал: Заканите до Танјуг испратени од Косово - Канал 5

Српско Обвинителство за високотехнолошки криминал: Заканите до Танјуг испратени од Косово

 Заканата што пристигна во понеделникот до уредувачката е-пошта на српската новинска агенција Танјуг била испратена од Косово, објави таа агенција по добиени изнформации од Обвинителството за високотехнолошки криминал.

Српско Обвинителство за високотехнолошки криминал: Заканите до Танјуг испратени од Косово

„Утврдено дека IP адресата на сторителот припаѓа на опсегот што го користат давателите на интернет услуги во Косово и Метохија“, соопштено е од Обвинителството на Србија.

Преку Министерството за правда е започната постапка за меѓусебна правна помош, во која се бара од ЕУЛЕКС да го утврди корисникот, односно потенцијалниот сторител на кривичното дело, објави агенцијата на својот веб-сајт.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Полска на раб на политичка криза, Туск ја обвинува Москва: Сакаат нестабилност (ВИДЕО)

Полскиот премиер Доналд Туск ја обвини Русија дека се обидува да поттикне „нестабилност“ во Полска со мешање во спорот меѓу неговата влада и претседателот околу Уставниот суд.

Полска на раб на политичка криза, Туск ја обвинува Москва: Сакаат нестабилност (ВИДЕО)

Кризата околу назначувањето судии во Уставниот суд на Полска за време на викендот доведе до отворен конфликт меѓу претседателот Карол Навроцки, националист, и проевропската влада на Туск, чиј конфликт тлее веќе некое време.

Тензиите достигнаа врв минатата недела, кога претседателот на Уставниот суд, кој е близок до националистите на Карол Навроцки, беше суспендиран, а поддржувачите се собраа пред зградата на судот за да ја покажат својата поддршка.

Руските политичари, вклучувајќи го и Дмитриј Медведев, заменик-претседател на Советот за безбедност на Русија, ги опишаа потезите на владата на Туск во спорот околу Уставниот суд како „државен удар“.

„Ги забележуваме активностите на Русија и проруските политичари, и на меѓународно и на домашно ниво, кои се обединуваат околу нашата цел да го одбраниме Уставниот суд од агресивното однесување на политичарите и демонстрантите што ги поттикнуваат“, рече Туск на состанокот на кабинетот.

„Сите знаеме како Русија ја користи можноста да се меша во внатрешните конфликти. Денес сме сведоци на тензии поттикнати од Русите, без разлика дали во врска со среднорочните избори во Соединетите Американски Држави или преку поттикнување чувство на нестабилност во Полска, врз основа на агресивното однесување на опозициските политичари и претседателот“, рече полскиот премиер.

Руската амбасада во Варшава не одговори веднаш на барањето за коментар од Ројтерс.

И покрај нивното горчливо лично и политичко соперништво, и Туск и Навроцки се долгогодишни критичари на Русија, особено поради нејзината инвазија на Украина во 2022 година.

И двајцата поддржуваат зголемување на трошоците за одбрана во услови на она што го сметаат за закана од Москва за европската безбедност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Прв пат се огласи голманот, кој усмрти фудбалер: Најтешки денови во животот, почивај во мир

Хесус Овоно, голманот на Андора, за првпат проговори по смртта на напаѓачот на Тенерифе, Хесус де Мигел.

Прв пат се огласи голманот, кој усмрти фудбалер: Најтешки денови во животот, почивај во мир

Да потсетиме, сѐ се случи во судиското надополнување, кога Овоно истрча на речиси половина терен и непромислено реагираше, удирајќи го Мигел со колено. Паднал на теренот, брзата помош веднаш притрчала, фудбалерот бил во несвест и не дишел. Подоцна имаше информации дека повторно дише, но дека е во несвест.

Потоа стигна информацијата дека е на интензивна нега, но дека неговата состојба е стабилна и подобра. За жал, најлошата можна вест дојде подоцна утрото, кога беше објавено дека Хесус де Мигел починал.

- Ова се најтешките денови во мојот живот. Тешко ми е да најдам зборови и многу ми е тешко да прифатам се што се случило. Чувствувам огромна болка поради смртта на Хесус. Мислам на него, на неговото семејство и на сите луѓе кои го сакаа. Знам дека ќе има многу прашања на кои треба да се одговори и ќе се соочам со се што доаѓа со најголема почит. Но, во моментов, искрено не можам да размислувам за ништо друго освен за Хесус и болката низ која сите поминуваме. Почивај во мир Хесусе - напишал Овоно на кого му е многу тешко.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Огромна дупка се отвори покрај вилата на Николас Кејџ од 10,5 милиони долари- актерот живее во хотели

Холивудскиот актер Николас Кејџ (62) привремено остана без својот луксузен дом во Малибу откако во близина на неговата вила се отвори огромна дупка, а дел од патеката целосно се урна. 

Огромна дупка се отвори покрај вилата на Николас Кејџ од 10,5 милиони долари- актерот живее во хотели

Ситуацијата беше толку сериозна што властите наредија евакуација на жителите од околните згради.

Славниот актер сега претежно престојува во хотели, а јавно проговори за проблемите што го снајде на настанот „Комик Кон“ во Лос Анџелес.

„Во моментов сум како бездомник. Нешто се случи со мојата куќа во Малибу, па сега претежно живеам во хотели“, рече Кејџ, пренесува „Пипл“.

Огромна дупка се заканува на вилата вредна милиони

Кејџ го купи луксузниот имот на брегот на океанот во 2024 година за приближно 10,5 милиони долари. Вилата има околу 366 квадратни метри и се наоѓа на една од најатрактивните локации во Малибу.

Сепак, на почетокот на септември се случи нешто што никој од жителите на овој дел од брегот на Калифорнија не го очекуваше.

Земјата во близина на куќата почна да се урива, а дел од патеката и блискиот пат се урнаа во огромна дупка. Според „Лос Анџелес Тајмс“, кратерот достигнал длабочина од приближно 7,6 метри, додека неговите димензии биле околу 9 на 18 метри.

Парчиња асфалт, бетон, огради, градежна опрема, па дури и пренослив тоалет од блиското градилиште завршиле во дупката.

Соседите се евакуирани, 31 имот е загрозен

Уривањето не го загрозило само домот на холивудската ѕвезда. Властите во Малибу прогласија локална вонредна состојба, а вкупно 31 имот беа погодени од последиците од инцидентот.

Седум домови беа означени како небезбедни за живеење, додека уште 24 имоти останаа без безбеден пристап за возила поради сериозно оштетување на патот.

Особено загрижувачки беше фактот што противпожарните и возилата на брзата помош не можеа безбедно да се приближат до загрозените домови.

Уривањето е поврзано со крајбрежна ерозија, која дополнително беше влошена од силни бранови, плима и неповолни временски услови.

Кејџ открива како живее сега

Актерот зборуваше за својата необична ситуација кога беше прашан на Комикот во Лос Анџелес како планира да го помине Ноќта на вештерките.

Тој призна дека оваа година нема да може да ги пречека децата кои традиционално одат од врата до врата и бараат бомбони, иако тоа е нешто во што би сакал да учествува.

Сепак, тој не сакал неговата четиригодишна ќерка Август да го пропушти празничното искуство. Планирал да ја однесе во Санта Моника за да може да оди од врата до врата и да собира бомбони.

Откако девојчето заспало, актерот имал намера да ја помине вечерта гледајќи го познатиот хорор филм „Сјаењето“ од Стенли Кубрик.

Се обидувал да ја спаси куќата

И покрај сериозната штета, Кејџ нема намера да се откаже од својот имот.

Според „Лос Анџелес Тајмс“, актерот добил итни работни дозволи кои треба да спречат понатамошно влошување на земјиштето и да ја заштитат вилата.

Во тек се планови за отстранување на урнатиот материјал, тестирање на стабилноста на земјата и поставување вреќи со песок за да се намали влијанието на брановите.

Сепак, проблемот е многу поголем од оштетениот пристапен пат. Оштетениот пат е единствениот пристапен пат до неколку домови на овој дел од брегот.

Сè уште не е познато кога Кејџ и другите погодени жители ќе можат безбедно да се вратат во своите домови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер