3Иран до земјите од заливот: Секоја помош за американската армија ќе ја сметаме за учество во војната
Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението
1Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението
БалканСрпските студенти ги блокираа влезовите на РТС и РТВ, полицијата е распоредена во двете зградиВистинска драма се случуваше синоќа пред зградата на РТС во Белград, откакао студентите одлучија физички да ја блокираат телевизија 22 часа, односно до доцна вечерва.Во еден момент дојде и до судир со полициската жардармерија (атмосфера) Во целата ситуација, најтешко помина полицаец во цивилна облека, за кој прво властите ги обвинија студентите, но денеска се појавија видеа на кои се гледа дека тој е удрен од негов колега. Повредениот полицаец уште синоќа во болница го посетија претседателот Вучиќ и министерто за внатрешни Дачиќ, а изјавите по посетата ги напушти српскиот претседатеч револтиран од како што рече правдањето за полициската интервенција.. -Лазар Бачиќ е тешко повреден и има телесни повреди. Неговото семејство да знае дека тој е во најдобри раце, тој тоа „машки“ го поднесе. Станува збор за искусен полицаец кој на најмирен начин ги спроведуваше луѓето да влезат внатре.- Александар Вучиќ -Претседателе само ако може да додадам. Некои медиуми веднаш почнаа со лаги. Никаква интервенција од полицијата немало, како секогаш до сега Не можам… Не се лутете, но не можам повеќе да го слушам ова правдање. Ви благодарам многу“-Ивица Дачиќ – минситер за внатрешни работи на Србија Од друга страна, дел од студентите обвинуваат дека биле претепани од полицијата на синоќешните протести. -Наш предлог е беше конечно во Србија да се разбие медиумскиот мрак и да се слушне гласот на студентите. Затоа што Радио телевизијата е телевизија на сите граѓани, а не само на некои -Ние живееме во оваа реалност последните 30 години. Учесниците на протестите се гневни поради тоа што на јавниот сервис биле наречени „џган“, но и начинот на кој според нив, било дефинирано студентското движење против корупцијата за време на телевизиската програма. Поради блокадат утрово дел од вработените влегува во телевизијата во Белград преку подрумските простории (АТМОСФЕРА) – Балканотека Инаку, следниот голем митинг е планиран во Белград в сабота на 15 март, а Вучиќ прогнозира дека демонстрантите „ќе се обидат да постигнат нешто со сила, и тоа ќе им биде крајот“. Најави дека при употреба на сила, „Многу демонстранти ќе завршат зад решетки обвинети за кривични дела“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПтица – комарец – човек – како западно нилската треска доби епидемиски размери? Птиците одсекогаш биле резервоар за болеста нилска треска, од која и заболуваат. Посебно од нилска треска се подложни грабливите птици, најчесто чавка и гаврани, објаснува специјалист по птици Методија Велевски од Македонското еколошко друштво. Она што посебно е важно е да се знае дека вирусот не минува од заразена птица на човек туку само посредник е комарцот. „Потребни се комарци, за да практично преку крвта на овие болни птици го пренесат вирусот понатаму. Причина е повеќе опстојувањето на комарците во оние застојани води каде што се размоножуваат во голем број и веќе се чуствуваат последиците од климатските промени. Порано се размножуваат тигристите комарци и поуспешно ги поминуваат зимите и остануваат во летото каде се во контакт со луѓето“, објаснува за Канал 5, Методија Велевски оринтолог македонско еколошко друштво. Велевски ги истражува птиците нивниот живот но и преселби во преспанскиот регион. Тој вели дека климатските промени не се иднина, тоа реалниот живот и причина за дел од птиците преселници кои се хранат со комарци остануваат на јужната хемисфера заради климатските промени и можно е во иднина комарците да се ги има во поголем број. Прскањето е можеби едно решение, но поважно е да се делува на места со застојана вода и чистење на каналите на време и едукација за заштита од комарци кај граѓаните. „Некои птици посебно се тука ластовичките и пиштарките се природни регулатори на бројноста на комораците. Меѓутоа и многу други организми посебно виленските кончиња се одлични ловци на комарци и тие прскања се меч со две острици“, вели Велевски. Од АХВ објаснуваат дека имаат стотини пријави за умрени птици од граѓани и апелираат да не се прави паника. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеЗападнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населениетоДваесет и четиригодишник од Центар што планинарел и најверојатно е каснат од инфициран комарец со западно нилска треска на повисоките предели е најмладиот пациент задржан на лекување на Инфективната клиника со воспаление на мозокот.Дваесет и четиригодишник од Центар што планинарел и најверојатно е каснат од инфициран комарец со западно нилска треска на повисоките предели е најмладиот пациент задржан на лекување на Инфективната клиника со воспаление на мозокот предизвикан од вирус. Кај него нема посериозни компликации како што има кај петмината пациенти кои се повозрасни и имаат придружни болести, а се приклучени на апарати за дишење. Здравствените власти велат дека само во последната недела регистрирани се 12 нови случаи на западно нилска треска. Од регистрираните 38 случаи, од кои во моментов 2 се водат како веројатни, 28 се машки, а 10 се женски, во просек на 67 годишна возраст, засега нема регистрирано заразени деца. Додека во општина Петровец и Гази Баба, поточно жаришта каде што е прогласена епидемија на жителите кои имаат над 60 години веќе им стигнуваат СМС пораки со насоки како да се заштитат, од здравство тврдат дека освен Студеничани, сите општини прскале против комарци. Најмногу и најрано е прскано во Илинден, каде што досега има три случаи, а во Студеничани каде дезинсекција годинава не се ни спровела има 2. Клековски не гледа проблем во ефективноста на сретствата што се употребуваат. Додека водените површини како езерцето во парк и Смилковското деновиве се таргет на прскање против комарци, Клековски упати и апел до сите општини да ги проверат хидрантите и да внимаваат на површините каде што може да има задржување на вода што може да придонесе за размножување на комарците. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветСтрашна несреќа во Бразил: Најмалку 22 мртвиНајмалку 22 лица загинаа во судир помеѓу минибус и камион на автопат во бразилската држава Парана, соопшти денес Федералната сообраќајна полиција.Уште пет лица се повредени во несреќата, која се случи рано утрово, објави „CNN“. Повеќето од загинатите биле патници во минибус кој припаѓал на здравствената служба на општината Имбитува. Возачот на камионот, исто така, починал. Повредените се однесени во болниците во Понта Гроса. Минибусот патувал од Имбитува до болниците во пошироката област Куритиба, додека камионот патувал од Карамбеј до Прудентополис. Acidente entre ônibus da Saúde e caminhão deixa 22 mortos na BR-373, em Ipiranga Um grave acidente envolvendo um micro-ônibus da Secretaria de Saúde de Imbituva e um caminhão deixou ao menos 22 pessoas mortas na madrugada desta quarta-feira (19), na BR-373, em Ipiranga Pr pic.twitter.com/r6T6hdDp2p — São José Alerta (@saojosealerta) August 19, 2026 На местото на несреќата интервенирале членови на Федералната сообраќајна полиција, цивилната полиција, брзата помош, противпожарната служба и екипи од концесионерот Виа Араукарија, кој управува со делницата. Фото: XТагови: Бразил Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook