Македонија со најбројна делегација досега – околу 130 учесници во 19 спортови на Медитеранските игри во Таранто
2Македонија со најбројна делегација досега – околу 130 учесници во 19 спортови на Медитеранските игри во Таранто
БалканСрпските НВО поднесоа кривична пријава против полицијата и БИА поради софтверот за шпионирањеСрпските НВО поднесоа кривична пријава против полицијата и БИА поради софтверот за шпионирање на новинари и активисти.Невладините организации во Србија денеска поднесоа кривична пријава против полицијата и Безбедносно-информативната агенција (БИА) по извештајот на „Амнести интернешенел“ (Amnesty international) дека српските власти употребиле шпионски софтвер за следење на новинари и активисти. АИ во извештајот од 16 декември наведува дека открила наводна илегална примена на шпионски софтвер кој „на српските власти им пружа големи можности за надзор, кога ќе биде инсталиран во апаратот на лицето кое се следи“. Во извештајот на АИ вклучени се и сведочења на новинари и активисти, кои ја обвинуваат власта дека тајно инсталирала шпионски софтвер во нивните телефони додека бил во притвор или за време на испитувањето. Додека српската полиција тврди дека користи само форензички средства во согласност со законите. Активистите ја контактираа и специјализираната агенција на ОН и комесарот на Советот на Европа за човекови права. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваСидни Свини објави интимни снимки со Скутер Браун (ФОТО)По месеци шпекулации, коментари за нивната разлика во годините и бројни јавни реакции, актерката Сидни Свини и продуцентот Скутер Браун повеќе не ја кријат својата врска. Свини објави серија приватни фотографии со Браун на Инстаграм и за прв пат покажа повеќе детали од нивниот заеднички живот. Фотографии од Австралија Актерката сподели галерија фотографии од Австралија, каде што моментално снима нов филм, со натпис „мала австралиска депонија“. Меѓу фотографиите од природа, патувања и слободно време, имаше и неколку од неа со Браун, кои го привлекоа вниманието на нејзините следбеници. На една фотографија, двојката позира пред хеликоптер во елеци за спасување, додека на друга, Браун ја бакнува Свини во образ додека таа се насмевнува пред камерата. Токму оваа интимна фотографија предизвика најмногу реакции. View this post on Instagram A post shared by Sydney Sweeney (@sydney_sweeney) Од авантури до елегантни изданија Фотографиите ја прикажуваат двојката во различни ситуации, од адреналински активности до поформални моменти. На некои носат кациги и заштитна опрема, додека на други се облечени поелегантно, Браун во темно одело и очила за сонце, а Свини во фустан. Посебно внимание привлече фотографијата со која се навратија на познатата сцена од филмот „Титаник“. Браун ја држи Свини одзади додека таа позира со раширени раце, што веднаш ги потсети многу следбеници на иконската сцена од филмот. Врската повеќе не е тајна Новата објава доаѓа неколку месеци откако двојката првпат јавно ја потврди својата врска. По првичните гласини во 2025 година, тие се обидоа да ја држат својата врска подалеку од јавноста, но во последните месеци сè почесто споделуваат заеднички моменти.Тагови: Сидни Свини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканТраект полн со патници се судри со брод во близина на Крит (ВИДЕО)Ферибот полн со патници се судри со товарен брод во пристаништето на Крит! Камерите го забележаа моментот кога патничкиот траект „Елирос“ и товарниот брод „Јосиф К“ се судрија во пристаништето Суда, објави Прототема. Во моментот на несреќата, фериботот „Елирос“ пловел на редовна линија кон Пиреја со 100 патници, 32 патнички автомобили и 74 камиони. Во исто време, товарниот брод, кој превезувал 84 камиони, изведувал маневар за пристанување во пристаништето. @protothema.gr 🛳️ Η στιγμή που δύο πλοία συγκρούονται στο λιμάνι της Σούδας 🎥 Facebook: flashnews.gr #protothema #news #tiktokgreece #greektiktok ♬ πρωτότυπος ήχος - protothema.gr Видеото ги прикажува драматичните секунди во кои двата брода се приближуваат еден кон друг на неколку метри, по што се случува судир што не можел да се избегне. И покрај силниот удар, во поморската несреќа нема повредени и немало истурање на гориво или загадување на морето. Товарниот брод бил закотвен во пристаништето по инцидентот во присуство на пристанишните власти, кои ги истражуваат точните околности под кои се случил судирот. За двата брода, пловењето е привремено забрането додека не се извршат технички прегледи и не се издаде сертификат за пловидба.Тагови: Крит траект Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СудбинаОгромна ајкула кружи околу капачите во Калифорнија, меѓу кои и деца (ВИДЕО)Дрон снимил голема бела ајкула долга три метри како плива на само неколку метри од пливачите на плажата Капистрано во Калифорнија.Видеото ја прикажува ајкулата како се приближува кон група луѓе, вклучувајќи деца, кои не биле свесни за нејзиното присуство. Сцената ја снимил фотографот Мет Ларманд, пишува Surfer. Ларманд, кој редовно снима ајкули, рекол дека никогаш не видел ајкула да се приближи толку блиску до луѓето без тие да забележат. Се обидел да ги предупреди од блискиот пристаниште, но тие не го слушнале. Животното си заминало по некое време без инциденти. Снимка од воздух Ваквите средби се вообичаени во Јужна Калифорнија, особено во лето. Крис Лоу, директор на Лабораторијата за истражување на ајкули во Калифорнија Стејт Лонг Бич, објаснува дека областа служи како еден вид „детска градинка“ за млади големи бели ајкули. Тие учат да ловат таму и често се движат околу луѓето. View this post on Instagram A post shared by Carlos Gauna 🦈🐳🌌 (@themalibuartist) Лоу истакнува дека ајкулите генерално не се заинтересирани за луѓето. „Во повеќето случаи, ајкулите едноставно ги игнорираат луѓето. Тие пливаат веднаш до нив, а луѓето дури и не знаат дека се таму. Имаме многу докази што покажуваат дека тие не се вистинска закана, туку само си ја вршат својата работа“, рече тој. Додаде дека однесувањето на животното не треба да се толкува како демнење. „Не е како ајкулата да ги следи или да ги лови. Само ги проверува. Како да шетате по улицата, да гледате нешто ново во соседството и да одите и да го проверувате. Тоа е она што го прават овие ајкули“, објасни Лоу. И покрај честите блиски средби, нападите се исклучително ретки и повеќето ситуации завршуваат мирно.Тагови: ајкула Калифорнија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter