Министерство за транспорт: ДУИ и СДСМ ги уништија јавните претпријатија Mакедонски железници транспорт и инфраструктура, го повикуваме јавното обвинителство да постапи по ревизорските извештаи
1Министерство за транспорт: ДУИ и СДСМ ги уништија јавните претпријатија Mакедонски железници транспорт и инфраструктура, го повикуваме јавното обвинителство да постапи по ревизорските извештаи
3Кисела Вода го креира Буџетот заедно со граѓаните: Одржани јавните средби во Драчево и во Домот на култура „Билјана Беличанец“
БалканСрпските медиуми за оставката на премиерот Заев Главна вест во сите денешни срски медиуми се резултатите од локалните избори, а најмногу оставката на премиерот Зоран Заев, со тоа и на владата, јави дописникот на МИА од Белград.Синоќа, медиумите детално со резултати ја пренесоа веста за победата на локалните избори на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и освојувањето на власта во главниот град Скопје, за да потоа денеска акцент се стави на веста за оставката на Заев на премиерската функција. Заев поднесе оставка, ВМРО-ДПМНЕ бара вонредни избори, јави РТС и Политика, „Предизвика земјотрес на Западен Балкан: Која е Данела Арсовска? Ја преживеа „бугарската афера", а потоа го победи Заев. Вести онлајн, „Избори во Македонија: Зоран Заев поднесе оставка, Арсовска прва жена градоначалник на Скопје по 30 години" објави Вечерни новости, „Заев повеќе не е премиер на Македонија: Од полититката воопшто не е тешко да се отиде" пишува Правда, се сличните наслови во речиси сите медиуми. Ал Џезаира под насловот „Поразот на Заев е воедно и пораз за ЕУ" го цитира скопскиот аналитичар Суад Мисини, кој кажа дека „победата на локалните избори на ВМРО-ДПМНЕ во Македонија можеби нема да даде ветер во крилата на десницата, но секако ќе го поттикне антиевропското расположение не само во земјата, туку и во целиот Западен Балкан. ТВ Н1 имаше специјална емисија за настаните во земјава во која професорот на Факултетот за политички науки Чедомир Чупиќ изјави дека „оставката на Заев е одлука која е апсолутно невообичаена за Балканот" и додаде дека „е добра за демократија, слобода и политички живот во Македонија". -Добар потег е, имате свест, но и совест, го изгубивте Скопје, не го направивте тоа што го очекуваа граѓаните, најдобар начин е да се повлечете, што не значи дека тоа е трајно повлекување, им покажавте на граѓаните дека сте одговорни, кажа Чупиќ. Вестите се пренесуваат од час на час, така што последните информации се однесуваат на сотаноците и потезите на Заев околу прашањето на идното премиерско место и идната влада, што се предвидува во Уставот, и каде оди понатаму земјава. Последна вест е откажувањето на доаѓањето на Заев во Белград на 3 и 4 ноември на закажаната средба со претседателот Александар Вучиќ и албанскиот премиер Еди Рама во рамки на иницијатаивата „Отворен Балкан", како и дека ќе дојде друг преставник од Македонија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19Фијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
МакедонијаМинистерство за транспорт: ДУИ и СДСМ ги уништија јавните претпријатија Mакедонски железници транспорт и инфраструктура, го повикуваме јавното обвинителство да постапи по ревизорските извештаиДвете јавни претпријатија Македонски железници транспорт и Mакедонски железници инфраструктура ги примија двата ревизорски извештаи за периодот во кој со претпријатијата раководеа кадрите на СДСМ и ДУИ. Во ревизорскиот извештај кој е изготвен на барање на актуелните раководства се нотирани клучни проблеми и за истите веќе се преземени мерки. Сметаме дека врз основа на аномалиите кои се нотирани во извештајот и клучните проблеми кои биле игнорирани од претходните раководства, јавните претпријатија биле доведени на раб на пропаст и нивно целосно уништување. Како министерство апелираме јавното обвинителство и надлежните институции да ги проверат наодите на Државниот завод за ревизија. Државниот завод за ревизија по службена должност треба да ги испрати извештаите до надлежните институции, а истите во целост ќе бидат испратени до Јавното обвинителство и апелираме да постапи по овие извештаи. Извештаите за двете јавни претпријатија, Македонски железници инфраструктура и Македонски железници транспорт се однесуваат на работењето до 2024 година, и е извршена ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на јавните претпријатија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДимитријевиќ: Наместо оставка, Славески го заташкува скандалот со Алта банкаНаместо да понесе одговорност и да поднесе оставка по скандалот со Алта банка, гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, носи нови штетни одлуки со кои го заташкува скандалот со Алта банка.Наместо да понесе одговорност и да поднесе оставка по скандалот со Алта банка, гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, носи нови штетни одлуки со кои го заташкува скандалот со Алта банка, нагласи генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитиријевиќ на денешната прес-конференција. Димитријевиќ посочи дека привремениот администратор на Алта банка, Илија Андоновски, е директно поврзан со претходниот процес на одобрување на влезот на банката во Македонија, тој им ги издал лиценците на акционерите и членовите на Управниот и Надзорниот одбор, откако претходно била дадена дозволата за работа на банката. „Од мај 2025 година, тој бил директор на Дирекцијата за вонтеренска супервизија и лиценцирање. Ова е класичен конфликт на интерес. Не може човек што бил дел од процесот за одобрување на Алта банка да влезе во Македонија сега да биде на оваа позиција. Андоновски е директна пречка во проверка на претходното постапување на Народна банка со одобрување на влезот на Алта банка. Или улогата е да се ибришат докази и да се заташка случајот? Да се спасат сите од одговорност?“, рече Димитријевиќ. Тој потсети дека СДСМ предупреди уште пред 11 месеци дека се работи за про-режимска банка создадена од криминалните кланови на претходниот режим во Србија и наместо да постапи одговорно, Славески ги отфрлаше предупредувањата и уверуваше дека сè е во ред. “Славески бараше да не тужат, па потоа велеше дека се е во ред. За денеска луѓето да не можат да дојдат до своите пари. Сега се најавува продажба на нов сопственик за нелогични рокови од 10 дена. Кој би сакал да земе банка со ваква репутација и банка која е под истрага во Србија, во Црна Гора, но и во ЕУ поради сомнеж за потеклото на капиталот? Ниту една релевантна банка не би купила, бидејќи би знаела дека ќе си го урне сопствениот кредибилитет, особено во овој момент додека истрагата е во тек“, рече Димитријевиќ. Димитријевиќ: Свиркачи јавуваат, власта врши притисок врз странска банка за купувач на Алта банка Генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, на денешната прес-конференција предупреди дека свиркачи од Народната банка алармираат дека власта врши притисок врз потенцијални купувачи на Алта банка, при што им се нудат идни привилегии. Димитријевиќ посочи дека наместо транспарентна постапка и расчистување на скандалот, власта на Мицкоски се обидува да влијае врз процесот на продажба на банката, со што се отвораат нови сомнежи за задкулисни договори и политички притисоци. „Сега се најавува продажба на нов сопственик за нелогични рокови од 10 дена. Кој би сакал да земе банка со ваква репутација и банка која е под истрага во Србија, во Црна Гора, но и во ЕУ поради сомнеж за потеклото на капиталот? Ниту една релевантна банка не би купила, бидејќи би знаела дека ќе си го урне сопствениот кредибилитет, особено во овој момент додека истрагата е во тек. Имаме информации од свиркачи во НБРМ дека се врши притисок врз некои потенцијални купувачи, на кои им се нудат идни привилегии од страна на власта“, рече Димитријевиќ. Димитријевиќ посочи дека е недозволиво да се повтори истата грешка како при иницијалното преземање на Стопанска банка Битола и го отвори прашањето дали зад овие притисоци стои лично премиерот Мицкоски. „Предупредуваме да не се прави истата грешка како српскиот купувач при иницијалното преземање на Стопанска банка Битола. Јавно прашуваме дали Мицкоски врши притисок врз една странска банка? Какви врски има таа банка со неговите финансиери на лобистички услуги и дали постојат уште некои врски со државниот врв на земјата од која доаѓа? Доколку Мицкоски и гувернерот Славески не дадат одговори на овие прашања веднаш, очекуваме обвинителството да се огласи.Обвинителството мора да реагира веднаш“, рече Димитријевиќ. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19Фијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
ЖивотБоб Дилан се сретна со папата Лав: Разменија подароци и разговараа во срдечна атмосфераПапата Лав го прими американскиот кантаутор и добитник на Нобеловата награда за литература, Боб Дилан, во Апостолската палата во Ватикан.Папата Лав го прими американскиот кантаавтор и добитник на Нобеловата награда за литература, Боб Дилан – чии стихови претходно ги цитираше говорејќи за опасностите од нуклеарното оружје – во Апостолската палата во Ватикан. Според „Ватикан њуз“ (Vatican News), средбата била кратка и се одвивала во опуштена атмосфера. По поздравите и разговорот, Папата му подари бројаница на Дилан, додека американскиот музичар возврати со примерок од својата автобиографија, „Хроники: Том први“ (Chronicles: Volume One). Дилан пристигна во Ватикан облечен во црн дуксер со капуљача. Дилан моментално се наоѓа во Рим, каде што утре ќе одржи концерт во „Палацо дело Спорт“ (Palazzo dello Sport), како дел од есенскиот дел на неговата турнеја „Rough and Rowdy Ways“. Предвидени се настапи и во Милано и Болоња, при што на присутните строго им е забрането да снимаат со мобилни телефони. Во јули, папата Франциск цитираше стихови од Дилан во предговорот на книгата „Разоружани и разоружувачки: Мирот е дар“ (Disarmed and Disarming: Peace Is a Gift). Изданието е објавено од Издавачката куќа на Ватикан (LEV), а уредник е новинарот Алесандро Банфи. Во предговорот, Папата издвои стихови од песната на Дилан „Go Away You Bomb“ („Оди си, бомбо“), во која бомбата е опишана како производ на човечки раце. Тој ги искористи овие стихови за да предупреди на глобалната трка во вооружување и заканата што ја претставуваат нуклеарното оружје. Дилан ја напишал песната во 1963 година, во период на големи тензии за време на Студената војна. Таа никогаш не била официјално снимена или објавена на некој албум, а оригиналниот ракопис стана познат за јавноста дури во 2013 година. Ова не е прва средба на познатиот музичар со поглаварот на Католичката црква. Во 1997 година, Дилан настапи на 23-тиот Национален евхаристиски конгрес во Болоња, пред папата Јован Павле II и околу 300.000 млади луѓе.Тагови: папата Лав Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19Фијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00