Николоски: Интензивно се гради пругата Скопје-Софија, со 29 мостови и 15 тунели втората делница е градежен и инженерски подвиг
2Николоски: Интензивно се гради пругата Скопје-Софија, со 29 мостови и 15 тунели втората делница е градежен и инженерски подвиг
3Трипуновски: СДСМ ги разочара земјоделците, а вработените во ЈП Национални шуми и АД Водостопанство ги остави без плата
Иранската фудбалска асоцијација: ФИФА го откажа доделувањето билети за иранските навивачи за групната фаза
1Иранската фудбалска асоцијација: ФИФА го откажа доделувањето билети за иранските навивачи за групната фаза
РакометСрпскиот репрезентативец Борзаш нов ракометар на Еурофарм Пелистер Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер ги засили своите редови за новата сезона со српскиот репрезентативец Урош Борзаш со кого потпиша договор на две години.Борзаш, како што соопшти синоќа битолскиот клуб, доаѓа во редовите на Еурофарм Пелистер од Норвешка, каде изминатите две сезони го носеше дресот на Елверум и настапуваше во Лигата на шампиони. Претходно во кариерата 23-српскиот репрезентативец беше член на Веспрем, Татабања и Тулуз. Промоцијата на Борзаш во зелено – белиот дрес е предвидена на почетокот на подготовките на Еурофарм Пелистер во Битола.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСиљановска-Давкова во Софија ќе се сретне со бугарската колешка Јотова на самитот на југоисточна Европа08:50Како уникатниот локалитет „Куклица“ станал предмет на узурпација на очиглед на институциите? 18:08Како уникатниот локалитет „Куклица“ станал предмет на узурпација? 15:14Тошковски: Во план се законски измени за управување со електричните тротинети11:18Маленко: Груевски за Унгарија не избега од дома, туку од Охрид15:00
Сиљановска-Давкова во Софија ќе се сретне со бугарската колешка Јотова на самитот на југоисточна Европа08:50
МакедонијаСвечено одбележан 10 Јуни – Денот на воздухопловниот ВИНГСо свечена воена церемонија во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, воздухопловниот ВИНГ го одбележа 10 Јуни – Денот на единицата.Со свечена воена церемонија во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, воздухопловниот ВИНГ го одбележа 10 Јуни – Денот на единицата, ден кој симболично го одбележува првиот воен лет во историјата на Армијата во 1992 година и кој денес е институционален белег на военото воздухопловство на Армијата. На свеченоста присуствуваа: началникот на Генералштабот на Армијата генерал-мајор Сашко Лафчиски, заменик-министерот за одбрана Адмир Шабани, заменикот на началникот на Генералштабот генерал-мајор Азим Нуредин, командантот на Командата за операции бригаден генерал Мирче Ѓоргоски, претставници на Министерството за одбрана, Генералштабот на Армијата и Командата за операции, поранешни команданти на воздухопловниот ВИНГ, претставници на дипломатскиот и воено-дипломатскиот кор, локалната самоуправа, како и бројни гости и соработници на единицата. Командантот на Командата за операции бригаден генерал Мирче Ѓоргоски во своето обраќање им го честиташе денот на единицата на припадниците на Воздухопловниот ВИНГ истакнувајќи „ Благодарение на вашата посветеност, воздухопловниот ВИНГ денес претставува клучен капацитет на Армијата и исклучително значаен чинител во системот на националната и колективната безбедност“. При тоа додаде дека следува модернизација и опремување на воздухопловниот ВИНГ со најсофистицирани борбени системи и опрема, кои значително ќе придонесат за зголемување на оперативните способности, мобилноста и борбената готовност на единицата. Во своето обраќање, командантот на воздухопловниот ВИНГ, полковник Драган Павловски се осврна на постигнатите резултати и развојот на единицата во изминатиот период, истакнувајќи дека воздухопловниот ВИНГ останува цврсто посветен на унапредувањето на своите способности, исполнувањето на националните и сојузничките обврски и развојот на персоналот како најважен ресурс на единицата. Тој нагласи дека за успешна реализација на досегашните и идните проекти и иницијативи очекува поддршка од секој офицер, подофицер, војник и цивилно лице, во насока на исполнување на преземените обврски и постигнување понатамошни успеси во развојот на военото воздухопловство на Армијата. Во рамките на свеченоста беа врачени признанија и стимулативни мерки на припадниците кои со својата работа, резултати и професионален однос се издвоиле во извршувањето на задачите и дале значаен придонес во функционирањето и развојот на единицата. Програмата беше дополнета со прелет на воздухопловите од составот на воздухопловниот ВИНГ, како и со прелет на воздухоплови Ф-16 од Военото воздухопловство на Република Грција и воздухоплови „Eurofighter Typhoon“ од Република Италија, реализиран во рамките на редовните активности за воздушно патролирање во регионот. Во рамките на свеченоста беше реализирано и церемонијално предавање на првото борбено знаме на Баталјонот за воздушно набљудување и јавување, при што началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, му го предаде военото знаме на командантот на баталјонот. Овој чин претставува симбол на довербата, одговорноста и посветеноста во извршувањето на мисијата, како и потврда за значењето на единицата во рамките на системот за командување, контрола и воздухопловна поддршка. Дополнително, одбранбеното аташе на Соединетите Американски Држави, полковник Даниел Сквајерс, му врачи признание на командантот на воздухопловниот ВИНГ, полковник Драган Павловски, доделено од страна на Военото воздухопловство на САД. Признанието му е доделено за стекнување со највисоки воени лидерски позиции во военото воздухопловство. Во деновите пред одбележувањето на Денот на единицата беа реализирани повеќе спортски, хуманитарни и комеморативни активности. Припадниците на воздухопловниот ВИНГ организираа крводарителска и хуманитарна акција, спортски натпревари и положија свежо цвеќе во чест на трагично загинатите припадници на единицата, оддавајќи почит кон нивната служба, пожртвуваност и придонес во развојот на военото воздухопловство.Тагови: АРМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНиколоски: Интензивно се гради пругата Скопје-Софија, со 29 мостови и 15 тунели втората делница е градежен и инженерски подвигИзградбата на втората делница од железничката пруга кон Бугарија, на потегот Бељаковце–Крива Паланка, напредува со засилена динамика, станува збор за еден од најкомплексните и најголеми инфраструктурни проекти што се реализирaaт во МакедонијаИзградбата на втората делница од железничката пруга кон Бугарија, на потегот Бељаковце–Крива Паланка, напредува со засилена динамика, станува збор за еден од најкомплексните и најголеми инфраструктурни проекти што се реализирaaт во Македонија, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски кој заедно со дитекторот на ЈП МЖ Инфраструктура и претставници од изведувачот Ѓулермак извршија увид на градежните работи на трасата. Вицепремиерот Николоски при посетата истакна дека проектот претставува инженерско достигнување, пругата е дел од стратешкиот НАТО Коридор 8, кој ја поврзува Македонија со Бугарија и Црното Море. -Се работи за исклучително предизвикувачки проект кој опфаќа изградба нови три станици, Кратово, Романовце и Гиновце, 29 мостови, 15 тунели, шест надвозници, три подвозници. Имајќи ја предвид конфигурацијата на теренот, ова ќе биде железница на која возовите ќе сообраќаат со брзина од 100 до 120 километри на час, што во вакви услови е навистина одлично решение, изјави Николоски. Тој нагласи дека мостовите што се градат претставуваат инженерско чудо, со столбови високи до 61 метар, што е повеќе од двојно повисоко од просечна осумкатна станбена зграда. -Највисокиот столб кој што се гради е цели 61 метар. Само за споредба, просечна зграда, некаде од 7-8 ката, е во висина од 24-25метри, што значи дека тука зборуваме за згради кои што би биле од 10-20 ката, кога овие столбови би ги преселиле во една урбана средина, потенцираше министерот Николоски. Во рамки на проектот ќе бидат вградени десетици илјади тони арматура и вкупно 125.000 кубни метри бетон. Николоски информираше дека напредокот кај конструктивните работи достигнал 31 процент, додека вкупната реализација на проектот е 36 проценти. -Очекувам до октомври 2028 година тука веќе да оперираат возови. Ова е дел од Коридорот 8 источно крило, по изградбата на втората делница секако ќе ја градиме и третата. За истата во соработка со Европската инвестициска банка, ЕБОР и ЕУ од каде што имаме грант, сакам да се заблагодарам. Веќе е објавен тендер за избор на Надзорен орган, а очекувам во следните неколку недели, во соработка со ЕБОР и ЕУ, да го објавиме и тендерот за изведба, како би можеле конечно Македонија со пруга да ја поврземе со Бугарија, односно Скопје да го поврземе со Софија, а оттаму и со Црното Море, додаде вицепремиерот Николоски. Тој потсети дека Коридорот 8 е прогласен од НАТО за втор најзначаен безбедносен коридор и има големо геостратешко значење за регионот, на кој меѓународните партнери на земјава се особено посветени. На крајот, Николоски упати благодарност до премиерот Мицкоски, Министерството за финансии, директорот на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Синиша Иваноски и неговиот тим, како и до сите работници ангажирани на терен, истакнувајќи дека токму нивната посветеност овозможува реализација на комплицирани инфраструктурни проекти во Македонија. Директорот на ЈП МЖ инфраструктура Синиша Ивановски истакна дека во наредниот период очекува силна динамика на градежните работи, а претпријатието останува посветено на реализација на капиталните проекти. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСиљановска-Давкова во Софија ќе се сретне со бугарската колешка Јотова на самитот на југоисточна Европа08:50Како уникатниот локалитет „Куклица“ станал предмет на узурпација на очиглед на институциите? 18:08Како уникатниот локалитет „Куклица“ станал предмет на узурпација? 15:14Тошковски: Во план се законски измени за управување со електричните тротинети11:18Маленко: Груевски за Унгарија не избега од дома, туку од Охрид15:00
Сиљановска-Давкова во Софија ќе се сретне со бугарската колешка Јотова на самитот на југоисточна Европа08:50
МакедонијаТрипуновски: СДСМ ги разочара земјоделците, а вработените во ЈП Национални шуми и АД Водостопанство ги остави без плата„Луѓето кои што со години го водеа земјоделството и имаа можност да ги решаваат проблемите на земјоделците во Македонија, оставија разочарани земјоделци, уништени системи, недовршени проекти и целосно изгубена доверба во институциите“„Луѓето кои што со години го водеа земјоделството и имаа можност да ги решаваат проблемите на земјоделците во Македонија, оставија разочарани земјоделци, уништени системи, недовршени проекти и целосно изгубена доверба во институциите“, потсети министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски на денешната собраниска говорница. „Кога ја преземав функцијата, наследив една хаотична состојба, нерешени предмети, хаос во институциите, наталожени проблеми, неисплатени плати во јавните претпријатија, неисплатени субвенции и чувство дека Министерството служело за политичка пропаганда наместо за реална поддршка во земјоделството“, појасни министерот. „Да потсетам дека околу 1.600 вработени во ЈП Национални шуми 4 месеци немаа примено плата, а над 500 вработени во АД Водостопанство немаа земено плата дури 5 месеци, нив ги оставивте на цедило, без плата и здравствено осигурување“, нагласи тој. Министерот посочи дека сегашната власт имаше обврска да исплати неисплатени субвенции од 2020, 2021, 2022 и 2023 година. За потсетување 17 месеци, претходната власт немаше исплатено субвенции за предадено млеко. „Сакате факти за вашето неработење, тука говори и кредитот од Светска Банка земен во 2019-та година во износ од 46 милиони евра. Затекнавме многу слаба реализација во активностите за проектот, беше помалку 10%, а сите активности на проектот требаше да бидат завршени во јуни 2025 година“, додаде тој. Министерот посочи дека за склучениот договор со KfW Банка за кредит од 80 милиони евра за инвестиции во водостопанството во декември 2019 година, пет години претходната власт немаше превземено ништо, немаше формирано ниту проектина единица за да се реализира проектот, поради што државата исплатила над 2 милиони евра како провизија за неискористени средства по основ на одобрениот кредит. „Во делот на ИПАРД Програмата, која во изминатиот период ви беше омилена тема, во периодот 2017-2024 година немате акредитирано ниту една нова мерка, односно работевте по веќе акредитираните мерки во 2009 и 2015 година“, нагласи министерот Трипуновски. Тој во текот на своето обраќање посочи дека во втората половина на 2022 година беше хакиран системот на министерството. Три месеци вработените немаале пристап до своите компјутери за работа и до потребната документација. Компјутерите беа онеспообени за работа, немаше бекап на податоците, не беше превземено ништо, немаше никаква одговорност. Стотици документи и материјали се изгубени, неповратно. „Би сакал да ве потсетам дека Колективниот договор за вработените во министерството кој беше склучен во февруари 2021 година, со повторното доаѓање на Николовски за министер, истиот во почетокот на ноември 2022 година беше укинат. За прв пат во историјата на Македонија беше укинат колективен договор“, истакна министерот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook