Српскиот рапер Раста е уапсен пред почетокот на настапот во Охрид – бил претресуван пред хотелот - Канал 5

Српскиот рапер Раста е уапсен пред почетокот на настапот во Охрид – бил претресуван пред хотелот

Стефан Ѓуриќ Раста бил уапсен синоќа, 2 август во Охрид, дознава Telegraf.rs.

Српскиот рапер Раста е уапсен пред почетокот на настапот во Охрид – бил претресуван пред хотелот

Раперот бил приведен во вечерните часови поради поседување марихуана, а потоа полицијата ја претресла неговата хотелска соба, објави Телеграф.

Сè се случило пред хотелот, пред очите на минувачите, само неколку моменти пред да треба да настапи на охридскиот стадион.

Сега македонското обвинителство го издаде и следново соопштение:

- На 03.08.2025 година во 00:10 часот, на спортскиот стадион во Охрид, полициски службеници на Криминалистичката полиција на Секторот за внатрешни работи во Охрид го лишиле С.Ѓ. (36) од Белград, Република Србија, од кого при претресот била пронајдена и запленета наркотичната дрога марихуана. Осомничениот е задржан во полициската станица, а по комплетирањето на документацијата, против него ќе биде поднесен соодветен извештај.

Се очекува понатамошниот тек на постапката во овој случај.

За потсетување, Раста претходно беше уапсен во 2020 година, кога кај него беа пронајдени пет грама марихуана, а по претрес на неговиот стан, дополнителна количина сканк. Тој помина три месеци во притвор во тоа време, а подоцна беше осуден на осум месеци домашен притвор.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Интерпелација за работата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски

Денеска на собраниска седница е  интерпелацијата за работата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски поднесена од пратениците од опозицијата.

Интерпелација за работата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски

Го обвинуваат министерот Тошковски за креирање на „приватна партиска полиција заради владино прикривање и таргетиран политички реваншизам кон опозицијата“; командна одговорност за полициските пропусти кои доведоа до трагедијата во Кочани; непостапување на македонската полиција во случаи на семејно, врсничко и родово базирано насилство и говор на омраза. Меѓу другото, забележуваат и за, како што наведуваат, непрофесионални „двојни стандарди“ при постапувањето на полицијата со различно однесување за исти или слични случаи проследено со злоупотреба на овластувањата при употреба на сила. Ова е трета интерпелација за министерот Тошковски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава

Денеска  официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава. 

Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава

Проектот е воспоставен во рамки на европската заедница за пресметување со високи перформанси, кофинансиран од Европската унија и координиран од факултетот за компјутерски науки и инженерство при УКИМ во соработка со министерството за дигитална трансформација.

Проектот е од важност за зајакнување на дигиталниот суверенитет, забрзување на дигиталната трансформација, поттикнување на иновациите во јавната администрација, подобрување на одлучувањето засновано на податоци и создавање можности за истражување, претприемништво и технолошки развој. Има за цел и да ја зајакне соработката меѓу институциите, универзитетите, истражувачките центри, организациите на граѓанското општество и деловната заедница.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Минчев ќе оствари билатерална средба со министерката за јавна администрација и локална самоуправа на Србија

Министерот за јавна администрација на Република Македонија, Горан Минчев, ќе оствари билатерална средба со министерката за јавна администрација и локална самоуправа на Република Србија.

Минчев ќе оствари билатерална средба со министерката за јавна администрација и локална самоуправа на Србија

Средбата се организира со цел размена на искуства и унапредување на соработката во областа на јавната администрација.

По завршувањето на билатералната средба, двајцата министри ќе дадат изјави за медиумите.

Кабинет на Министер за Јавна Администрација

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер