Српскиот премиер Вучевиќ и градоначалникот на Нови Сад Ѓуруќ поднесоа оставки - Канал 5

Српскиот премиер Вучевиќ и градоначалникот на Нови Сад Ѓуруќ поднесоа оставки

Протестите во Србија ја зедоа и најголемата политичка жртва, девет месеци откако стапи на функцијата премиерот Милош Вучевиќ си поднесе оставка. 

Српскиот премиер Вучевиќ и градоначалникот на Нови Сад Ѓуруќ поднесоа оставки

Во вонредно обраќање, ден по најавата за реконструкција на владата, Вучевиќ порача дека причината за одлуката е синоќешниот инцидент во Нови Сад во кој биле нападнати студенти, а една студентка е повредена. За оставката како што кажа тој, го информирал и претеседателот Александар Вучиќ кој ја прифатил одлуката и аргументите за неа. Нагласи дека со него и целата влада е во оставка која понатаму ќе функционира како теничка. На овој начин според Вучевиќ, понесена е одговорност на највисоко ниво, за што како што кажа очекува смирување на страстите и враќање на дијалогот во општеството.

-После овој случај синоќа во Нови Сад моја неотповиклива одлука е да поднесам оставка на местото претседател на Владата на Република Србија. Јас утринава имав долг разговор со Претседателот на Републиката разговаравме за се, разговаравме и за ова и тој ја прифати мојата одлука, ги прифати моите аргументи. Јас мислам дека со тоа ја покажуваме одговорноста на оние кои се избрани да бидат одговорни. - Милош Вучевиќ - Премиер на Србија во оставка

Прстот за протестите и како што кажа, длабоката општествена поделба, Вучевиќ го впери кон надворешни сили кои според него имале црно сценарио да ја загрозат Србија како држава.

-Некој што тоа го смислил, а слободен сум сега да кажам дека апсолутно е смислено од странство, во тоа немам никаков сомнеж, удри на најчуствителната област на едно општество, а тоа е образованието на децата. Смислено, подло смислено, со цел директно да ја загрози Србија како држава. Секогаш кога изгледаше дека има надеж да се вратиме на општествениот дијалог, Како некоја невидлива рака секогаш создаваше некој нов инцидент и дополнително креваше тензии во општеството. - Милош Вучевиќ - Премиер на Србија во оставка

Покрај Вучевиќ оставка од функцијата поради нападот на студентите си поднесе и градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ. За нападот според информациите на српските власти приведени се три лица, но тоа не ги спречи демонстрантите да се соберат пред седиштето на владејачката партија.

Ваквиот тек на настаните доаѓа по 24 часовната блокада на клучната раскрсница кај белградска автокоманда и вонредната прес-конференција на Вуќиќ, Вучевиќ и Брнабиќ, кои посочија дека ги прифаќаат барањата на студентите. Дел од нив пак, и денес велат дека ќе продолжат со блокадите.

-Сметаме дека секое насилство кон студентите, професорите и останатите граѓани кои учествуваат во овие протести треба да престане и да му се стави крај, ние цело време се бориме против тоа, но прашање е до кога веќе. / Мислам дека е сосема нормално да бараме институциите да работат.

За вечерва најавено е и обраќање на српскиот претседател Вучиќ. Пред него согласно српскиот устав е опцијата за реконструкција на владата, нешто што тој самиот вчера го најави на вонредна прес-конференција. Во тој случај тој треба да одлучи кој ќе биде мандатар за состав на владата која треба да го заврши мандатот на сегашната до 2028 година. Доколку тоа не се случи, следната опција се предвремени парламентарни избори. Сепак, дел од лидерите на српските опозициски го отфрлија тој чекор, велат дека остануваат на барањето за формирање на преодна влада која би организирала фер и демократски парламентарни избори.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Посебен режим на сообраќај поради Скопскиот маратон

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Посебен режим на сообраќај поради Скопскиот маратон

На 04.10.2026 (недела) со почеток во 08:00 часот, во организација на Сојуз на спортови на Скопје, ќе се одржи - „Виз Ер Скопски маратон 2026“ со следните траси на движење: траса на движење на трката од 5км – Старт на ул.„11-ти Октомври“ (кај зелен пазар), право по ул.„11-ти Октомври“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, полукружно на крстосница помеѓу бул.„3-та Македонска Бригада“ и ул.„Коста Новаковиќ“ и по истата траса назад до целта – плоштад „Македонија“ на ул.„11-ти Октомври“ и траса на движење на маратонот, полумаратонот и штафетната трка (по наведената траса за штафетната трка и маратонот натпреварувачите се движат 2 пати) – Старт Собрание на РСМ на ул.„11-ти Октомври“, право кон „Рекорд“ односно по ул.„Димитрие Чуповски“, право по ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“, право по ул.„Војвода Васил Чакаларов“, се до крстосница со ул.„Ангел Динев“ каде се врти полукружно назад по истата траса се до Собрание на РСМ на ул.„11-ти Октомври“ и се продолжува право по ул.„11-ти Октомври“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, лево по ул.„Васко Карангелевски“, десно по бул.„Јане Сандански“ се до крстосница со бул.„Србија“ каде се врти полукружно и во истата коловозна лента назад по бул.„Јане Сандански“ се до крстосница со бул.„Кузман Јосифовски Питу“ каде се врти полукружно назад во истата коловозна лента до крстосница со ул.„Васко Карангелевски“, десно по ул.„Васко Карангелевски“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по ул.„11-ти Октомври“ до целта- Плоштад Македонија.

Од тие причини Единица за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Драма: Авион исчезна над океанот

Според неофицијални информации, авион од типот „ Gulfstream G100# со шест лица во него – кој летал од Бермудски Острови кон Бостон – се урнал во Атлантскиот Океан.

Драма: Авион исчезна над океанот

Авионот изгубил контакт за време на летот, по што започнала потрага по леталото и лицата во него.

Врз основа на моментално достапните информации, авионот исчезнал рано утринава, а потрагата е насочена кон областа во близина на брегот на Нантакет, Масачусетс.

Американската крајбрежна стража потврди дека во потрагата се вклучени воздушни и поморски единици, пренесува британскиот таблоид „The Sun“.

Засега нема официјална потврда дека авионот навистина се урнал, ниту пак се познати околностите на наводната несреќа.

Надлежните служби ја продолжуваат потрагата, а дополнителни информации се очекуваат штом ќе бидат познати резултатите од операцијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Маскиран демонстрант запалил лице на жена, протетсите во Франција надвор од контрола

Протестите на средношколците од посиромашните предградија на Париз ја зафатија целата земја. Десетици илјади ученици и нивни поддржувачи излегоа на улиците во Франција и се чини излегоа од контрола.

Маскиран демонстрант запалил лице на жена, протетсите во Франција надвор од контрола

Како што јавија дел од медиумите маскиран тинејџер во Марсеј бил приведен откако се обидел со спреј и запалка да запали лице на жена.

Причината за протестите е поради лошата состојба на училиштата, преполните училници и недостигот на наставен кадар, а особено е лоша состојбата во посиромашните населби, тврдат демоинстрантите

Неделава на протестите учествуваа ученици од над 1000 средни училишта, а за време на немирите беа уапсени повеќе од 5000 лица, но имаше и сериозно повредени демонстранти, еден ученик бил повреден од гумен куршум

Францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез повика на враќање на редот.

Протестите започнаа во предградијата на Париз, каде што нивото на сиромаштија е високо, а потоа се проширија во самиот Париз и други француски градови, вклучувајќи ги Марсеј, Стразбур, Тур и Лил.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер