Српскиот премиер: Размислувам за реконструкција на владата, некои министри работат само на Инстаграм - Канал 5

Српскиот премиер: Размислувам за реконструкција на владата, некои министри работат само на Инстаграм

Српскиот премиер проф. д-р Ѓуро Мацут денес изјави дека не е задоволен од работата на одредени министерства и поединечни министри, додавајќи дека затоа размислува за реорганизација на владата.

Српскиот премиер: Размислувам за реконструкција на владата, некои министри работат само на Инстаграм

„Размислувам за реорганизација, но одлуката за реорганизација ќе ја донесат првенствено тие, односно од работата што ја работат и резултатите што ги постигнуваат. Мислам дека дефинитивно ќе продолжиме напред и мора да размислуваме за подобрување на сè што прави владата... Нашата влада работи, секако е многу одговорна, но не сум задоволен од фактот што некои министри се појавуваат исклучиво на Инстаграм, фотографираат и дека тоа е всушност нивниот единствен придонес“, изјави Мацут за РТС.

Мацут додаде дека, од друга страна, е задоволен од работата на одредени министри.

„Важно е што резултатите што се поставени, што самите министри и министерства мора да ги создадат, со бројните соработници што ги имаат во министерствата, треба да бидат огледало на работата на овие министерства“, рече Мацут.

На прашањето колку е извесна реконструкцијата во моментов, Мацут одговори дека засега не може да каже, додавајќи дека не е задоволен од поединечните министерства и од ставот на министрите кон областите што ги претставуваат. „Секогаш мора да најдеме и можеме да најдеме решение, можеме да подобриме, мора да ја подобриме што е можно повеќе и што е можно побрзо, работата на поединечните сектори, а тоа е нешто што сите го знаат, сите се подготвени и доволно млади, доволно енергични или со многу големо искуство за да можат да совладаат сè што е во делокругот на работа на секој од овие оддели“, рече Мацут.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Распишана потерница за Александар Лазаров – Цуната што им избега на полицајците низ прозорец

Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по 41-годишниот Александар Лазаров викан „Цуната“, кој што во петокот избега од полициската станица во Кочани, каде што бил на распит откако бил фатен со дрога..

Распишана потерница за Александар Лазаров – Цуната што им избега на полицајците низ прозорец

Според информациите, тој го отворил прозорецот и се дал во бегство и уште не е пронајден.

Директорот на БЈБ, Александар Јанев, објави дека бил во полициската станица во Кочани за лично да се информира за сите детали и околности поврзани со настанот, кој, како што вели, сериозно ја наруши довербата во полициската служба.

-Бегството од полициската станица на лице познато на полициските служби е сериозен инцидент кој бара целосно расчистување на сите околности и преземање на соодветни мерки. Сакам јасно да порачам: ова е недозволиво. Доколку се утврди намерно постапување, помагање, прикривање или несовесно извршување на службените задачи, ќе има одговорност. – објави Јанев..

Опозиската СДСМ преку соопштени ја обвини власта дека намерно го пуштала Лазаров и побараа оставка од министерот Панче Тошковски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Огромен пожар му се заканува на Париз: Наредена евакуација, 400 пожарникари на терен

Пожарникарите се борат со пожар од невидени размери што беснее во шумата Фонтенбло, југоисточно од Париз, што ги стави службите за итни случаи во состојба на готовност.

Огромен пожар му се заканува на Париз: Наредена евакуација, 400 пожарникари на терен

Во неделата, пожарот предизвика делумно затворање на автопатот А6, главниот пат во Франција што ги поврзува северниот и јужниот дел од земјата, и го наруши сообраќајот на клучните железнички линии. Парискиот регион останува под највисоко ниво на предупредување за топлотен бран.

„Овој исклучителен предел е зафатен од пламен; никогаш не сме виделе вакво нешто“, изјави тој за локалната телевизиска станица „ICI Paris Île-de-France“. Претставници на противпожарните служби изјавија дека може да поминат од неколку дена до неколку недели пред пожарот целосно да се стави под контрола, истакнувајќи дека тој е исклучително агресивен.

Министерот за внатрешни работи Лоран Нуњез изјави дека се евакуирани околу 900 домаќинства, но дека досега не изгореле куќи и нема повредени лица. Тој додаде дека е во тек истрага за да се утврди причината за пожарот.

„Пожарот избувна на околу десет различни локации доцна вчера попладне, што може да укажува на тоа дека е предизвикан намерно. Нема да кажам ништо повеќе за тоа бидејќи истрагата е во тек“, рече Нуњез.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани

Владеачкото мнозинство во парламентот го изгласа новиот владин кабинет. 

Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани

За нов министер за правда е избран Јетон Шасивари член на ВРЕДИ, за министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски од Движењето ЗНАМ, за нов министер за односи меѓу заедниците Агон Ферати од ВРЕДИ, за министер за здравство Сашо Клековски од ВМРО-ДПМНЕ, за нов министер за туризам и култура Седат Сулејмани од ВРЕДИ, за министер за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски од ВМРО-ДПМНЕ, за министер за локална самоуправа Иван Стоиљковиќ од ДПСМ, а за министер без ресор Ерџан Демир од ВМРО-ДПМНЕ.

Премиерот Мицкоски синоќа на крајот од расправата, непосредно пред гласањето на новиот, реконструиран владин кабинет, упати извинување за, како што рече, случувањата во Собранието, изразувајќи надеж дека такви настани нема да се повторат.

Пратеничката група на СДСМ претходно ја напушти седницата и на вонредна прес-конференција рече дека премиерот и старо-новиот министер, Иван Стоилковиќ, за време на расправата ги навредиле пратениците на СДСМ, Фатмир Битиќи и Митко Трајчулески. Сепак, револтирани поради тоа што не го добија бараното извинување и од кандидатот за министер Иван Стоилковиќ, пратениците на Социјалдемократскиот сојуз Демократската унија за интеграција и Алијансата за албанците ја напуштија седницата.

Веднаш по ова, пратениците гласаа за реконструираниот владин кабинет, а осумтемина нови министри добија поддршка од 69-те присутни пратеници, без гласови против и без воздржани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер