Српскиот премиер Мацут пречекан од вицепремиерот Стоилковиќ - Канал 5

Српскиот премиер Мацут пречекан од вицепремиерот Стоилковиќ

Во рамки на официјалната посета на земјава, денеска во Скопје пристигна премиерот на Р Србија, г. Ѓуро Мацут. 

Српскиот премиер Мацут пречекан од вицепремиерот Стоилковиќ

Високата делегација од Република Србија беше свечено пречекана на Меѓународниот аеродром – Скопје од страна на владина делегација предводена од заменик-претседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците, г. Иван Стоилковиќ, се вели во соопштението од Кабинетот на потпретседател на Владата и министер за односи меѓу заедниците.

Во рамки на посетата, премиерот Мацут оствари работна средба со претседателот на Владата на Македонија, г. Христијан Мицкоски. На средбата присуствуваа и министрите од двете влади: г. Драган Гламочиќ, министер за земјоделие, шумарство и водостопанство на Р Србија, г-ѓа Јагода Лазаревиќ, министерка за надворешна и внатрешна трговија на Р Србија, г. Цветан Трипуновски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство на Македонија, г. Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија на РС Македонија, како и вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците, г. Иван Стоилковиќ.

Средбата се одржа во конструктивна и пријателска атмосфера, при што беа разменети мислења за прашања од заемен интерес, со посебен акцент на унапредување на билатералната соработка во повеќе сектори, вклучително економијата, енергетиката, инфраструктурата, културата и образованието.

Во фокусот на разговорите беа и унапредувањето на добрососедските односи, зајакнувањето на политичкиот дијалог, како и координацијата во рамките на регионалните иницијативи и процесите на европска интеграција, каде што двете земји ја изразија подготвеноста за понатамошна соработка и поддршка.

Работниот дел од посетата продолжи со свечен ручек организиран во Клубот на пратеници, каде што разговорите помеѓу двете делегации продолжија во неформална, но срдечна и продуктивна атмосфера. Домаќин на ручекот беше вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците, г. Иван Стоилковиќ.

Официјалната посета на премиерот на Република Србија, г. Ѓуро Мацут, претставува важен чекор во насока на продлабочување на традиционално добрите и пријателски односи меѓу двете земји, засновани на меѓусебна почит, разбирање и заедничка заложба за стабилност, развој и просперитет на целиот регион.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Силно невреме се очекува во Италија- во Џенова се затворени сите училишта (ВИДЕО)

Силно невреме пристигнува во Италија, а обилни врнежи, интензивни врнежи, грмежи и силен јужен ветер најпрво ќе го зафатат северот на земјата, особено Лигурија.

Силно невреме се очекува во Италија- во Џенова се затворени сите училишта (ВИДЕО)

Силно невреме пристигнува во Италија, а обилни врнежи, интензивни врнежи, грмежи и силен јужен ветер најпрво ќе го зафатат северот на земјата, особено Лигурија, каде во некои области се очекуваат и до 200 милиметри дожд за неколку часа, соопштија метеоролозите.

Поради портокаловото временско предупредување, денеска во Џенова беа затворени сите образовни институции, додека во централна и западна Тоскана е издадено жолто предупредување поради можни силни грмотевици, пренесува Аднкронос.

Метеорологот на италијанскиот портал iLMeteo, Матеја Гусони изјави дека силно атмосферско нарушување од Атлантикот носи значително влошување на времето, кое прво ќе ги зафати северните, а потоа централните и јужните делови на Италија.

Според него, областа со низок притисок што ќе се продлабочи над италијанските мориња ќе извлече влажен воздух од Медитеранот и силни јужни ветрови, што може да доведе до развој на многу силни и долготрајни бури, особено пред брегот на Лигурија.

„Регенерирачките“ бури, односно системи со грмотевици кои речиси не се движат и носат обилни врнежи во истата област со часови, може да предизвикаат екстремни количини на дожд, до 200 милиметри за само неколку часа, во централните и западните делови на Лигурија.

Ова, како што изјави Гусони, е количината на врнежи што обично паѓа во текот на приближно два месеци.

Обилни и долготрајни врнежи денеска се очекуваат и на Алпите, предалпските области и рамнините на северна Италија, особено во Пиемонт, Ломбардија, Венето, Фриули-Венеција Џулија и Тоскана.

Во среда невремето треба да се придвижи кон централните и јужните делови од земјава, особено долж Тиренското Море, каде се можни пороен дожд и грмежи.

Метеоролозите предупредуваат и на силен јужен ветер, особено долж брегот, кој би можел да надмине 50 до 60 километри на час, поради што на граѓаните им се препорачува да бидат внимателни при патувањето и да ги следат предупредувањата од цивилната заштита.

Првото подобрување на времето се очекува во четврток на 22 октомври, кога во поголем дел од земјата ќе има повеќе сончеви периоди, но веќе во петок ново атмосферско нарушување може да зафати одредени делови од централна и северна Италија.

Во Џенова сите училишта се затворени поради портокаловото предупредување кое важи од 07:00 часот утринава до полноќ.

Градските власти ваквата одлука ја оправдаа со прогнозите на метеоролошката служба Арпал и фактот дека земјиштето е веќе заситено со вода по обилните врнежи во неделата, особено во источниот дел на градот.

„Центарот за оперативно управување одлучи за утре да ги затвори училиштата од сите нивоа, имајќи ја предвид прогнозираната состојба и големото оптоварување на теренот по интензивните врнежи“, се вели во соопштението на градската управа.

Градскиот советник за образование Рита Бруконе потврди дека сите училишта во Џенова ќе бидат затворени. Во Тоскана е издадено жолто предупредување за силни грмотевици, кое ќе важи од 15 часот. до полноќ.

Претседателот на Тоскана, Еугенио Џиани предупреди дека од попладневните часови, а особено во вечерните часови локално се очекуваат многу обилни врнежи, придружени со поројни поплави и силни налети на ветер, особено на островите, долж брегот и во западните делови од регионот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се запали патнички авион во Перу непосредно пред полетувањето (ВИДЕО)

Моторот на патнички авион Ербас А320 се запали кратко пред полетувањето на Меѓународниот аеродром Хорхе Чавез во Лима, главниот град на Перу.

Се запали патнички авион во Перу непосредно пред полетувањето (ВИДЕО)

Снимките покажуваат густ црн чад како се издига од левиот мотор. Службите за итни случаи веднаш беа испратени на местото на настанот. Патниците беа евакуирани, а според потврдата од LATAM Airlines, никој не е повреден.

Покрената е истрага

Компанијата LATAM Airlines го опиша инцидентот како „непредвиден технички настан“.

Околностите на инцидентот и неговата причина сè уште се утврдуваат, а истрагата е во тек.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре претпладне сончево и облачно, попладне дожд

Утре времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне со врнежи од дожд, информираат од УХМР. 

Утре претпладне сончево и облачно, попладне дожд

МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА

12 Попова Шапка, 15 Крушево, 20 Берово, Претор, 21 Охрид, Маврови Анови, Крива Паланка, 22 Прилеп, Тетово, 23 Виница, Скопје – Зајчев Рид, Битола, Велес, 24 Кавадарци, Штип, Скопје – Петровец, Струмица, 25 Гевгелија, 26 Демир Капија.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Времето денес сончево со мала локална облачност. Дуваше слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието. До крајот на денот ќе биде стабилно и ведро, наместа со мала облачност.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Претпладне променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часови, најпрво во крајните западни делови, а потоа на повеќе места ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 10, а максималната ќе достигне од 20 до 26 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 23 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, од утре до почетокот на следната работна седмица, времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни, а во четврток ќе бидат проследени и со појава на ретки грмежи. Утре и во четврток наместа ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, освен во петок кога ќе биде засилен и од северозападен правец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер