Во гаража го направиле најширокиот автомобил на светот- полицијата не можела да му напише казна (ВИДЕО)
2Во гаража го направиле најширокиот автомобил на светот- полицијата не можела да му напише казна (ВИДЕО)
БалканСрпскиот премиер ќе ја прифати оставката на министерот за градежништво Горан ВесиќСрпскиот премиер Милош Вучевиќ денеска изјави дека ќе ја прифати оставката на министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ .Српскиот премиер Милош Вучевиќ денеска изјави дека ќе ја прифати оставката на министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ и додаде дека не се сомнева оти министерот не е субјективно виновен за тоа што се случи во Нови Сад. Вучевиќ за Радио телевизија на Србија изјави дека одлуката на Горан Весиќ е чин на сериозен човек, кој е свесен дека кога извршува важна функција го има и товарот на одговорност. -Не се сомневам дека Горан Весиќ субјективно не е виновен за ништо што се случи на 1 ноември во Нови Сад, рече Вучевиќ и додаде дека Весиќ е објективно одговорен бидејќи тој раководи со тој оддел. „Јас ќе, а имавме и неколку телефонски разговори претходните денови, ќе ја прифатам неговата оставка со благодарност за се што направи за време на мандатот на оваа и на претходната влада. Не можам да кажам дека не си ја завршил добро работата, но во политиката има одговорност за работи за кои вие лично не сте виновни. Јас ја разбрав неговата порака и оставка“, рече Вучевиќ. Премиерот додаде дека би било нелогично се да заврши со оставка на министерот Горан Весиќ. Министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ синоќа најави дека ќе поднесе оставка, по падот на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад, кога загинаа 14 лица, а тројца беа тешко повредени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветАмериканец ќе биде јавно погубен пред стрелачки вод, ќе има пренос на ТВ, одобрил Трамп Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет изјави за Би-Би-Си дека погубувањето на Нидал Хасан, кој уби 13 невооружени американски војници во Форт Худ во 2009 година, ќе биде емитувано во живо. Се верува дека тоа е првото јавно погубување во САД по речиси еден век. „Ќе се погрижиме луѓето да можат да го гледаат и погубувањето да биде јавно. Луѓето треба да разберат дека овие дела имаат сериозни последици“, рече Хегсет. Но, одлуката не наиде на одобрување од некои во јавноста. „Одлуката за емитување на погубувањето во живо е преседан во модерната ера и е во правна територија која сè уште не е доволно разјаснета“, рече Џон Милс, адвокат кој ги застапува затворениците осудени на смрт. Пентагон објави претходно оваа недела дека Хасан ќе биде погубен, што е прво погубување на член на американската војска по повеќе од 60 години. Хегсет во интервју за конзервативниот „Вистински глас на Америка“ рече дека Хасан ќе биде погубен со стрелачки вод, извршен од војници. На прашањето дали Хасан имал некои последни барања или се обидел да контактира со претседателот Доналд Трамп, Хегсет даде ладен одговор. „Не ми е гајле. Ќе се видиме на 3 декември“, рече тој. Портпаролот на Пентагон изјави дека Трамп ја одобрил препораката на министерот за одбрана. Би-Би-Си побара коментар од Белата куќа за тоа дали претседателот поддржува пренос во живо на јавна егзекуција. Trump approves firing squad for Fort Hood killer Nidal Hasan's execution after Pete Hegseth's recommendation https://t.co/XzSy7Bguc4 https://t.co/0V7B3DIwqI — New York Post (@nypost) October 6, 2026 Иако минатата година беа регистрирани повеќе од 2.700 егзекуции во 17 земји, само две земји извршија јавни егзекуции. Според Амнести Интернешнл, Иран регистрирал 11 јавни егзекуции во 2025 година, а Авганистан уште шест. Егзекуцијата на Нидал Хасан е закажана за 3 декември во Форт Худ во Тексас, објави во вторник секретарот на американската армија. Тоа ќе биде првата егзекуција со стрелачки вод во американската војска од крајот на Втората светска војна.Тагови: стрелачки вод Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи 18:20Во Софија средба Муцунски и Петрова Чамова, можен ли е напредок во обновениот дијалог15:18Денеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35Утрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00
МакедонијаАпелација ја укина ослободителната пресуда за таткото на Вања ЃорчевскаАпелацискиот суд ги потврди доживотните казни затвор За Љупчо Палевски Палчо, Велобор Манев, Боре Видевски и на Влатко Кешишев, но ја укина ослободителната пресуда за таткото на Вања, Александар Ѓорчевски.Според судиите од Апелација Основниот кривичниот суд скопје не ги ценел доволно доказите на јавното обвинителство против Ѓорчевски „Нашата препорака е да се изврши преоценка на доказите, со конкретни укажувања, особено на исказите на обвинетите дадени во јавното обвинителство, исказот на мајката на Вања Ѓорчевска и пораките во вибер-комуникацијата“, соопштија на брифинг вчера судиите од Апелација. Претходно, од кривичниот суд информираа дека по добивањето на пресудата веднаш ќе закажат ново судење за Александар Ѓорчевски. Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски беа убиени во ноември 2023 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи 18:20Во Софија средба Муцунски и Петрова Чамова, можен ли е напредок во обновениот дијалог15:18Денеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35Утрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00
ФудбалАнглиски медиуми: Ковачиќ заминува од Манчестер Сити Според фудбалскиот портал „Football Insider“, кој се повикува на сопствени извори следното лето по истекот на договорот, хрватскиот репрезенативец Матео Ковачиќ да го напушти Манчестер Сити.Извештаите укажуваат на тоа дека во моментов не се водат преговори за продолжување на договорот на 32-годишниот хрватски фудбалер од средниот ред. Ковачиќ остана во Сити во текот на летото иако му преостануваше помалку од една година од договорот и се поврзуваше со неколку други клубови. Тој сакаше да се докаже пред Енцо Мареска по разговорите со претставниците на клубот, но моментално се соочува со тешкотии да обезбеди редовна минутажа. „Football Insider“ пренесува дека, доколку не дојде до промена на ситуацијата, Ковачиќ ќе го напушти „Етихад“ кога ќе му истече договорот следниот јуни. На неговата иднина влијае и неизвесната ситуација во Манчестер Сити. Клубот поднесе жалба на одлуката со која беше прогласен за виновен за прекршување на финансиските правила на Премиер лигата, а засега не се знае кога ќе биде донесена одлука по таа жалба. Исто така, не е јасно со какви казни би можел да се соочи клубот. Ковачиќ му се приклучи на Манчестер Сити од Челзи во 2023 година и оттогаш има одиграно 102 натпревари за клубот. Минатата сезона настапи само девет пати откако претрпе сериозна повреда на Ахиловата тетива. „Football Insider“ пренесува дека се очекува неколку големи клубови да покажат интерес за Ковачиќ пред следното лето, кога тој би можел да стане слободен играч. Во моментов, склучувањето нов договор со Сити не се смета за веројатно.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи 18:20Во Софија средба Муцунски и Петрова Чамова, можен ли е напредок во обновениот дијалог15:18Денеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35Утрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00