Српскиот педофил и натаму во бегство , жртвата се опоравува во болница (ВИДЕО) - Канал 5

Српскиот педофил и натаму во бегство , жртвата се опоравува во болница (ВИДЕО)

Од куќата во тесната улица во Суви Дол, на околу 200 метри по патот до железничкиот премин и до селото Брзи Брод, каде оддалечено на околу еден километар е основното училиште „Др. Зоран Ѓинѓиќ “.

Српскиот педофил и натаму во бегство , жртвата се опоравува во болница (ВИДЕО)

Овој дел е урбан, има семејни куќи, продавници, хотел, така почнува репортажата на Јутарњи за монструозниот ,,Малчански бербер” , педофилот , кој ги шиша своите жртви пред да ги силува. Половина од делот, не е покриен со камери за набљудување, и токму тука запрело сиво Фиат Пунто, а зад воланот бил Нинослав Јовановиќ или ,,малчанскиот бербер’ .

Тој и кажал на Моника дека тој е нов чувар во училиште и е зилезен по работа и не го знае патот, па побарал од неа да влезе во автомобилот и да му го покаже. Девојчето го послушало. Во тој момент, на 20 декември, во 7,28 часот, започна хоророт за семејството на 12-годишната Моника Каримановиќ, како и драмата во целата нишка област , како и цела Србија, иако девојчето подоцна успеало да се спаси од педофилот .

Новинарите од Јутарњи поминаа два дена во седум нишки села каде се случиле клучните моменти при киднапирањето на Моника Каримановиќ, интервјуирале неколку десетици луѓе и го набљудувале ловот по Нинослав Јовановиќ, во кој се вклучени повеќе од 700 вооружени полицајци поддржани од хеликоптер, беспилотни летала и квадрицикли, кучиња за пребарување и термални камери, на кои им се придружувале ловци и обични граѓани ...

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ристовски: Го решивме проблемот што 12 години го кочеше македонското пливање

По повеќе од 12 години, македонското пливање конечно исплива на површина. 

Ристовски: Го решивме проблемот што 12 години го кочеше македонското пливање

Националната пливачка федерација (НПФ) со поддршка од Министерството за спорт, го надмина долгогодишниот проблем со блокираната сметка и целосно се враќа во функција. Решавањето на овој проблем е значаен чекор кон финансиска и организациска стабилизација на Федерацијата и создавање услови за понатамошен развој на македонското пливање.

На денешната прес-конференција, на која присуствуваа министерот за спорт, Борко Ристовски, и претседателот на Националната пливачка федерација, Сашо Лазаревски, официјално беше соопштено дека обврските се исполнети и проблемот е надминат.

„По речиси една и пол година од состанокот што го имавме во Министерството за спорт и кој за македонското пливање значеше тргнување од мртва точка, еве денеска имаме уште поконкретен резултат. Секој си ги исполни зацртаните задачи во рамките на своите ингеренции и тоа донесе резултат. Обврската на Министерството за спорт и на Владата беа да се обезбедат средства и да се одблокира сметката на Федерација што беше блокирана 12 години и ние тоа во целост го исполнивме. Обврската на Националната пливачка федерација и на претседателот Сашо Лазаревски беше да обезбедат непречено функционирање, сите клубови да бидат во една федерација, да нема поделби и проблеми како претходно. Пливањето ќе ја има нашата поддршка затоа што во федерацијата има луѓе кои се посветени и одговорни, искрено го сакаат спортот и сакаат да напредуваат и сигурен сум дека во иднина ќе имаме уште поголеми успеси во овој спорт“ – рече министерот Борко Ристовски.

Министерот за спорт истакна дека решавањето на долгогодишниот проблем е важен чекор кон враќање на стабилноста и создавање нови перспективи за македонското пливање. Во насока на долгорочно унапредување на пливањето, Министерството за спорт, во соработка со општините и раководството на НПФ, работи на создавање услови дел од базените што ги гради државата да бидат предадени на управување и користење на Федерацијата.

„Нашата обврска како Министерство за спорт е да ги отстрануваме пречките што го кочат спортот и да создаваме услови во кои спортистите ќе можат да напредуваат и да остваруваат резултати. Ова е важен чекор, но продолжуваме и со конкретни мерки за подобрување на спортската инфраструктура и условите за тренинг. Во таа насока е и новиот модел на стопанисување со спортските објекти што ги гради државата. Еден од новите базени веќе е предаден на управување на Националната пливачка федерација, а наскоро ќе биде завршена процедурата за уште два други, сѐ со цел спортистите да добијат подобри услови за работа, со овие спортски објекти правилно да се стопанисува и тие во целот да ја исполнат својата намена“ - посочи Ристовски.

Овој пристап има за цел да овозможи подобро искористување на спортската инфраструктура, поголема достапност на базените за пливачите, за Федерацијата и за клубовите и создавање подобри услови за развој на младите таленти.

Претседателот на Националната пливачка федерација, Сашо Лазаревски, изрази благодарност за поддршката и добрата соработка со Министерството за спорт и најави почеток на нова ера за македонското пливање.

„Со огромно задоволство сакам да соопштам дека заедно со Министерството за спорт успеавме да исполниме сите задачи што ги поставивме пред една и пол година и дека Националната пливачка федерација сега работи со одблокирана сметка,функционира одлично обединета и сите клубови заедно работат на тоа. Благодарност до министерот за спорт кој даде ветување и се заложи за нашата федерација, благодарност и до Владата која изнајде средства и начин да ни помогне и еве денеска ние започнуваме една нова ера“ – рече Лазаревски.

Со решавањето на проблемот со блокираната сметка и со активностите за подобрување на инфраструктурните услови, Министерството за спорт продолжува со поддршката на македонското пливање и со заложбите за негова стабилизација и враќање на патот кон нови спортски успеси.

Министерство за спорт

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Судири со полицијата, повредени и барања за оставка на Рама на протестите во Тирана

Насилството продолжи на улиците во Тирана. За време на вчерашните протести повредени биле двајца демонстранти и двајца полицајци.

Судири со полицијата, повредени и барања за оставка на Рама на протестите во Тирана

Судирите избувнаа пред министерството за образование, откако демонстрантите почнаа да фрлаат камења кон полицијата, која возврати со солзавец. Протестите предводени од студентите траат веќе 13 дена. Првично беа поттикнати од незадоволството од состојбите во образованието, високите трошоци за живот и ограничените можности за вработување на младите. Движењето прерасна во антивладини демонстрации, при што се бара оставка од премиерот Рама, кој во неколку наврати повика на дијалог, но демонстрантите тие понуди ги одбија.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Христијан Мицкоски во „Само Интервју“

Во четврток во „Само интервју“ гостува премиерот Христијан Мицкоски

Христијан Мицкоски во „Само Интервју“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер