Српскиот патријарх ги крстеше децата на Новак Ѓоковиќ во манастирот Острог во Црна Гора (ФОТО) - Канал 5

Српскиот патријарх ги крстеше децата на Новак Ѓоковиќ во манастирот Острог во Црна Гора (ФОТО)

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ги крсти своите деца Стефан и Тара во манастирот Острог.

Српскиот патријарх ги крстеше децата на Новак Ѓоковиќ во манастирот Острог во Црна Гора (ФОТО)

Членовите на семејството и кумовите присуствуваа на големата церемонија, која, судејќи според фотографиите, ја изврши патријархот Порфирија.

Фотографиите на социјалните мрежи ги објави протосингелот на Острог, Илија Буха, кој во јавноста инаку е познат како голем фан на Црвена звезда. Неговиот X профил набрзо бил избришан, но фотографиите останале.

Што се однесува до самиот Ѓоковиќ, познато е неговото пријателство со Порфириј, а тој беше и на неговата забава минатата година, кога пееја заедно.

Кога станува збор за обврските кои го очекуваат Новак, следуваат Мастерсот во Париз и завршниот Мастерс во Торино, како и финалето на Дејвис купот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Муцунски: Се водат разговори „под радарот“ за деблокирање на европскиот пат на Македонија

Разликата помеѓу оваа влада и претходните влади е што ние не сме подготвени за попустливост по прашања поврзани со идентитет, историја, јазик и култура. 

Муцунски: Се водат разговори „под радарот“ за деблокирање на европскиот пат на Македонија

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски во интервју за МИА вели дека се водат разговори „под радарот“ за деблокирање на европскиот пат на Македонија, но вели дека не смее да ја открие нивната содржина зашто така ќе бидат осудени на неуспех.

-Разликата помеѓу оваа влада и претходните влади е што ние не сме подготвени за попустливост по прашања поврзани со идентитет, историја, јазик и култура. Ние често зборуваме за тоа дека има разговори. Ние не смееме да ги споделуваме деталите од тие разговори, бидејќи ако почнеме со јавноста да ги споделуваме, тогаш ги осудуваме на неуспех. Но, граѓаните треба да бидат спокојни дека нашата влада јасно знае како го има добиено својот легитимитет, јасно го следи ставот на граѓаните во однос на ова прашање и има јасно нацртани црвени линии и позиции и прашања за кои што не е подготвена да преговара. Така што работиме на решение, но ќе повторам, не решение по секоја цена и не решение кое само по себе нема да биде одржливо и кое ќе создава ризици повторно да бидеме во оваа ситуација во која што се наоѓаме сега, вели муцунски.во истиот контекст претседателкта а Сиљановска-Давкова пред две недели во емисијата Само интервју на Канал 5 исто така потврди дека се водат дипломатски разговори со претставници на ЕУ и дека постојат можни правни и политички механизми за дополнителни гаранции.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Состојбата во Гостивар останува стабилна

Состојбата во Гостивар останува стабилна – нема нови лабораториски потврдени случаи на западнонилска треска.

Состојбата во Гостивар останува стабилна

Министерството за здравство информира дека епидемиолошката состојба во Гостивар останува стабилна и континуирано се следи од надлежните здравствени институции.

Во текот на 2 август се регистрирани вкупно 84 први прегледи, што е за 27 повеќе во споредба со претходниот ден, кога беа евидентирани 57 прегледи. И покрај дневното зголемување, бројот на прегледи останува значително понизок во однос на пикот од 18 јули, кога беа регистрирани вкупно 649 прегледи.

Во однос на западнонилската треска, до Институтот за јавно здравје не се пристигнати нови лабораториски потврдени случаи. Последните примероци од суспектните случаи се негативни на PCR-тестирањето. Исто така, на Клиниката за инфективни болести нема новопримени пациенти со сомнение за западнонилска треска.

Министерството за здравство, во координација со надлежните институции, продолжува внимателно да ја следи состојбата и навремено ќе ја информира јавноста за сите нови релевантни податоци.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Менаџерот на Винисиус е во Лондон, откриено колку Арсенал би платил за него

Менаџерот на бразилската фудбалска ѕвезда, Винисиус Жуниор објави фотографија пред неговиот лет за Лондон

Менаџерот на Винисиус е во Лондон, откриено колку Арсенал би платил за него

За Винисиус Жуниор во Реал Мадрид пристигна момент на одлука, пренесува „Ас“. Бразилецот треба да се сретне со Жозе Мурињо и со претставници на клубот за да разговараат за неговата иднина.

Доколку не се постигне договор за нов договор, станува сè поверојатно дека тој би можел да го напушти клубот ова лето.

Според овие информации, Реал Мадрид нема намера да ја подобри својата понуда за продолжување на договорот и очекува брза и јасна одлука од Винисиус. Во меѓувреме, Арсенал продолжува да ја следи ситуацијата и е подготвен да преземе чекори за ангажирање на бразилскиот напаѓач.

Колку би платил Арсенал за Винисиус?

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, ја презеде контролата врз „операцијата Винисиус“.

Шпанскиот весник „АС“ пренесува дека Арсенал е подготвен да плати 150 милиони евра за Винисиус.

Ова би бил најголемиот дојдовен трансфер во историјата на лондонскиот клуб. Рекордот моментално го држи Деклан Рајс, кого Арсенал го ангажираше за 116 милиони евра.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер