Српскиот Парламент в понеделник ќе гласа за предлогот Ана Брнабиќ да биде претседателка - Канал 5

Српскиот Парламент в понеделник ќе гласа за предлогот Ана Брнабиќ да биде претседателка

По декемвриските избори, новиот состав на Националното собрание беше конституиран на 6 февруари, откако верификационата комисија го потврди мандатот за сите 250 пратеници.

Српскиот Парламент в понеделник ќе гласа за предлогот Ана Брнабиќ да биде претседателка

Конституивната седница на Собранието на Србија ќе продолжи в понеделник, а на дневен ред е изборот на претседател на Парламентот, за што е предложена досегашната премиерка Ана Брнабиќ, јави дописникот на МИА од Белград.

По декемвриските избори, новиот состав на Националното собрание беше конституиран на 6 февруари, откако верификационата комисија го потврди мандатот за сите 250 пратеници.

Потоа пратениците од власта, дадоа и потпишаа заклетва во обраниската сала, додека опозициските пратеници ја напуштија седницата и дадоа заклетва во холот на собранието, по што седницата беше прекината.

Претседателот на Србија и член на СНС, Александар Вучиќ изјави дека на седницата на Претседателството на СНС кое го има мнозинството пратеници во собранието, било договорено Ана Брнабиќ да биде кандидат за претседател на Собранието на Србија.

Таа, по седум години на чело на Владата на Србија изјави дека функцијата претседател на Народното собрание, за која е предложена, ќе биде голем предизвик за неа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Во рамките на посетата на Вашингтон, остварив средба со Каролин Вик

Во рамките на посетата на Вашингтон, остварив средба со Каролин Вик, главен директор за политики и вршител на должноста главен директор за развој во Американската корпорација за меѓународен финансиски развој - DFC.

Мицкоски: Во рамките на посетата на Вашингтон, остварив средба со Каролин Вик

Во рамките на посетата на Вашингтон, остварив средба со Каролин Вик, главен директор за политики и вршител на должноста главен директор за развој во Американската корпорација за меѓународен финансиски развој - DFC, институција која располага со инвестициски капацитет од 205 милијарди долари и претставува значаен инструмент на САД за мобилизирање приватен капитал и инвестиции во стратешки сектори.

Разговаравме за можностите за продлабочување на соработката и отворање нови перспективи за инвестиции во Македонија, особено во стратешки области како енергетиката, високите технологии и современата инфраструктура.

Нашата цел е преку силното стратешко партнерство со Соединетите Американски Држави да создадеме нови можности за економски развој, привлекување инвестиции и подобар стандард за граѓаните, напиша на својот профил на Фејсбук, премиерот Христијан Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Се огласија сирени во два полски града, затворени и аеродромите

Полска привремено затвори два аеродрома поради воени дејствија на руските воздухопловни сили во соседна Украина. 

Видео: Се огласија сирени во два полски града, затворени и аеродромите

Пријавени се експлозии во близина на полско-украинската граница.

Оперативната команда на полските вооружени сили соопшти дека активностите во воздушниот простор се поврзани со руските напади со беспилотни летала во Украина, пренесува LBC.

Украински претставник потврди дека за време на денешниот руски напад со беспилотни летала, се слушнале експлозии на неколку километри од границата со Полска, која е членка на НАТО. Во Жешов и Лублин, во источниот дел на земјата, се огласија сирените за воздушна опасност, а граѓаните беа предупредени да побараат засолниште.

„Копнените системи за противвоздушна одбрана и системите за радарски надзор се во состојба на целосна готовност“, соопштија Полските вооружени сили.

Од командата додадоа дека станува збор за превентивни мерки насочени кон обезбедување и заштита на воздушниот простор, особено во областите што граничат со загрозените региони.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: Казни до 1.800 евра за градилишта што го нарушуваат комуналниот ред и узурпираат јавни површини

Инспекциските служби на Општина Центар за една недела изрекоа глоби, во износ од 1.300 до 1.800 евра, за четири градилишта на територијата на локалната самоуправа.

Герасимовски: Казни до 1.800 евра за градилишта што го нарушуваат комуналниот ред и узурпираат јавни површини

Казните се изречени поради оставање градежен материјал и градежен шут на јавни површини, со што биле нарушени комуналниот ред и јавната чистота, а биле отежнати движењето на пешаците и одвивањето на сообраќајот.

„Нашите инспектори се на терен и будно ја следат состојбата на активните градилишта. Контролите продолжуваат, а особено внимание посветуваме одржувањето на чистотата и непреченото користење на јавниот простор. Секој што нема да ги почитува прописите ќе биде соодветно санкциониран“, порача градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски.

Од Општина Центар апелираат до инвеститорите и градежните компании да не оги узупираат а јавните површини, да ги почитуваат законските обврски и да се грижат за безбедното движење на граѓаните.

Инспекциските контроли продолжуваат со засилен интензитет.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер