Српскиот министер за здравство: Србија ќе направи се за да им помогне на повредените - Канал 5

Српскиот министер за здравство: Србија ќе направи се за да им помогне на повредените

Србија ќе направи се за да им помогне на повредените, но повредите се исклучително сериозни.

Српскиот министер за здравство: Србија ќе направи се за да им помогне на повредените

Министерот за здравство на Србија, Златибор Лончар денеска изјави дека 17 пациенти од Северна Македонија се во четири здравствени домови во Србија – Клиничкиот центар на Србија, ВМА, Воената болница во Ниш и Клиничкиот центар Ниш, јави МИА од Белград.

Тој нагласи дека Србија ќе направи се за да им помогне на повредените, и дека пристигнуваат уште 12 пациенти на лекување во Србија.

Лончар за РТС изјави дека Србија ќе направи се за да им помогне на повредените, но повредите се исклучително сериозни.

„Се прави дијагностика и терапија, се прават преврски. Повредите се сериозни. На располагање им се нашите капацитети. Ги покриваме ние сите трошоци, помагаме и се ќе прифатиме. Повредите се исклучително сериозни и пациентите ќе добијат се, исто како и во најдобрите клиники во светот", изјави Лончар.

Воедно им се заблагодари на граѓаните кои се јавија и понудија помош и кои сакаа да донираат кожа за трансплантација.

Покажавме дека сме нормални луѓе, дека сакаме да помогнеме, дека сме солидарни“, рече Лончар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хорор во Египет: Девет деца загинаа кога минибус падна во канал (ВИДЕО)

Девет деца загинаа, а две беа повредени кога патнички минибус падна во канал во областа Абу Тиг во покраината Асиут во јужен Египет, соопштија денес локалните власти.

Хорор во Египет: Девет деца загинаа кога минибус падна во канал (ВИДЕО)

Возилото паднало во водата на локација околу 320 километри јужно од Каиро, во покраина позната по своите историски места, пренесува АП.

Локалните медиуми објавија дека дефект на управувачот предизвикал превртување на возилото во кое биле децата кои се враќале дома од работа на блиските фарми.

Локалниот информативен канал Каиро 24 соопшти дека децата биле на возраст меѓу 10 и 17 години.

Фотографиите објавени од канцеларијата на гувернерот покажаа десетици луѓе собрани во близина на каналот и обучени нуркачи кои го пребаруваат каналот за тела.

Гувернерот на Асиут, Мохамед Елван, им нареди на властите да спроведат безбедносни мерки, вклучително и поставување бетонски бариери по бреговите на каналот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пожар во близина на Солун, евакуирано населението

Пожарот избувнал околу пладне по локално време во ниска вегетација во Дервени, а потоа се проширил на шумската област, според „Катимерини“.

Пожар во близина на Солун, евакуирано населението

Телото на лице кое сè уште не е идентификувано е пронајдено денес во шумската област Дервени во близина на Солун, каде што се гаси голем пожар, додека една жена се здобила со изгореници, а на жителите на блиското село Лити им е наредено да се евакуираат, соопштија грчките власти.

Пожарот избувнал околу пладне по локално време во ниска вегетација во Дервени, а потоа се проширил на шумската област, според „Катимерини“.

Грчките служби за итни случаи испратиле две пораки до граѓаните преку системот за известување за итни случаи 112.

Првата ги предупредила за пожарот, додека втората наредила евакуација на жителите на селото Лити.

Пожарникарите евакуирале 40-годишна жена со изгореници од дворот на куќа, која потоа со брза помош била однесена во болница во Солун.

Според грчките медиуми, жената се здобила со изгореници главно на рацете, како и на бутот и вратот, а нејзината здравствена состојба е стабилна и не е опасна по живот.

Пожарникари, волонтери, припадници на грчката полиција и служби за итна медицинска помош се распоредени на местото на настанот, учествувајќи во гаснењето на пожарот и обезбедувањето на загрозеното подрачје.

Во гаснењето на пожарот учествуваат и воздушни противпожарни хеликоптери, додека на местото на настанот се испратени и цистерни со вода од регионалните служби.

Според дневната проценка на ризикот од пожар, областа моментално е во зона со висок ризик за појава и ширење на пожар.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Средба на Сиљановска-Давкова со генерал Алексус Грегори Гринкевич, врховен сојузнички командант за Европа

Претседателката и Врховна командантка на вооружените сили Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими генерал Алексус Грегори Гринкевич, врховен сојузнички командант за Европа.

Средба на Сиљановска-Давкова со генерал Алексус Грегори Гринкевич, врховен сојузнички командант за Европа

За неа, неговата официјална посета на земјава е потврда за интересoт и посветеноста на НАТО кон зачувувањето на мирот, безбедноста, стабилноста и единството на регионот.

Елаборирајќи ја подготвеноста на македонските вооружени сили за справување со безбедносните предизвици, таа укажа на видливиот и ценет македонски придонес во рамките на НАТО одбранбениот систем.

Соговорниците ја истакнаа важноста на изградбата на Коридорот 8, не само за регионалната отпорност, туку и за колективната одбрана.

Генералот Алексус Грегори Гринкевич, како предводник на воените операции на НАТО, истакна дека SECEUR ја цени професионалноста и посветеноста на македонската Армија, потврдени преку учеството во бројните мировни мисии и сојузнички активности, оценувајќи дека македонската успешна приказна заслужува да биде претставена на претстојниот Самит на НАТО во Анкара.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер