СДСМ: Мицкоски бара алиби за избори преку Брвеница, вистината за Алта банка не може да се покрие со општина
2СДСМ: Мицкоски бара алиби за избори преку Брвеница, вистината за Алта банка не може да се покрие со општина
БалканСрпскиот министер за градежништво даде исказ во полиција: Соработуваме со Обвинителството Денеска во Нови Сад по наредба на Вишото јавно обвинителство, министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ и уште 19 лица беа сослушани во врска со уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад.Денеска во Нови Сад по наредба на Вишото јавно обвинителство, министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ и уште 19 лица беа сослушани во врска со уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад, при што 14 лица загина, а тројца се тешко повредени. Весиќ за Танјуг потврдил дека во присуство на обвинител во својство на граѓанин дал исказ во полициската управа во Нови Сад во врска со несреќата што се случи вчера на железничката станица во тој град. - Веднаш по поканата што ја добив денеска од Вишото јавно обвинителство Нови Сад, отидов во Полициската управа во Нови Сад и дадов изјава како граѓанин во присуство на надлежен обвинител. Министерството за градежништво, транспорт и инфраструктура целосно соработува со обвинителството за целосно расветлување на причините за оваа страшна трагедија – изјави министерот за Танјуг. По трагедијата на Железничката станица во Нови Сад, исказ во полиција дадоа државниот секретар во Министерството за градежништво, транспорт и инфраструктура, Александра Софронијевиќ, раководител на сектор за инспекциски надзор Иван Дивац, раководител на одделение за градежна инспекција Весна Румениќ, в.д. директорката на Железничката инфраструктура на Србија Јелена Танасковиќ... Директорот на Заводот за заштита на спомениците Синиша Јокиќ, генералниот директор на Железници Горан Аџиќ, раководителот на Железничката станица во Нови Сад, одговорните за реконструкција на објектот (инвеститори, изведувачи, директор на ЦИП...). Вишото јавно обвинителство како и министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ денеска соопштија дека ќе бидат сослушани повеќе од 20 лица по трагедијата што се случи вчера на Железничката станица во Нови Сад во која загинаа 14 лица.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветДеветмина загинати во пад на приватен авион во Флорида (ВИДЕО)Девет лица загинаа во пад на приватен авион во округот Палм Бич, Флорида. Авионот „Лирџет 60“ летал од Остин, Тексас, кон Бахамите. Се урнал на прометна сообраќајница, при што се создал длабок кратер и избувнал голем пожар.Непосредно пред несреќата, пилотот пријавил насобирање мраз на авионот. Потоа упатил повик за помош, предупредувајќи дека леталото брзо ја губи висината. Според податоците од следењето на летот, авионот изгубил 27 илјади стапки за една минута. Во областа имало и бури, но не е познато дали тие придонеле за несреќата. Околу 600 жители од блиската населба биле евакуирани поради оштетувањата. Несреќата ја истражуваат американските воздухопловни власти. Тагови: флорида Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Специјалитет со свинско филеВо понеделник (26.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Цаки - КисмиСостојки за денешниот рецепт: 1500 гр. свинско филе 1 кг. свежи печурки буковки 200 гр. путер 100 гр. сенф 150 гр. мед 500 мл. кисела павлака сол, бибер лук во прав италијанска (тајланска) мешавина Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Мицкоски бара алиби за избори преку Брвеница, вистината за Алта банка не може да се покрие со општинаМицкоски се обидува да си обезбеди алиби за предвремени избори.Наводната кавга со ВЛЕН поради губењето во Брвеница е само димна завеса. Oпштина не може да биде покритие за голем проблем како Алта банка. Сè почна да се одмотува. Вистината излегува на површина. Мицкоски бара спас во предвремени избори во надеж дека ќе може да избегне одговорност за криминалот, корупцијата, трансферот на дрога преку граница и учеството во криминалната организација заедно со Вучиќ. Она што Алта банка го докажа е дека беше пералница за пари на мафијашкиот синдикат СНС-ВМРО-OКГ. Немањето пари во буџетот е доказ за хаосот во кој сега се наоѓа оваа банда на власт. Парите веќе не стигнуваат ни за пензии. Овој мафијашко кршење на Алта банка ќе доведе до рушење на финансискиот систем. Она што му останува на Мицкоски, без да признае, се вонредни избори и теми што ќе бидат националистички и популистички. Поделба на народот. Сеење меѓунационална омраза. Сè е спремно. Латас веќе тргна во кампања. Остатоците од БИА што ќе помагаат да се остварат плановите од руската агенда. Сателитите како Левица и ЗНАМ 2.0, предводени од екипата што ја рушеше СДСМ, чекаат знак од Мицкоски и ќе се претстават во ново одело. Одело на опозиција на далечинско. Граѓаните гледаат. Касата се празни. Бандата се тресе. Алибито со Брвеница не држи. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook