Вистинска лудница на Мундијалот португалија со пресврт подобра од Хрватска, коцкестите се жалат на ВАР
2Вистинска лудница на Мундијалот португалија со пресврт подобра од Хрватска, коцкестите се жалат на ВАР
3Македонската репрезентација во традиционално карате ќе учествува на 38. ЕТКФ Европско првенство за сениори, јуниори и кадети
КошаркаСрпски тренер влета на теренот и нокаутира противнички играч (ВИДЕО)Кошаркарите на МЗТ го победија тимот на Кожув во четвртфиналето од македонскиот шампионат со убедливи 83:69, но за тој меч повеќе се зборува поради еден потег на српскиот тренер на победничката екипа отколку за самата игра.При резултат 32:28 за гостинската екипа, Драган Николиќ влезе на паркетот и ги шокира сите присутни во салата. Српскиот тренер не само што направи чекор, туку влезе на добри два-три метри, и се постави пред ривалскиот кошаркар кој во контра напад го предводеше својот тим. Судијата и играчите интервенираа пред да ескалира ситуацијата. View this post on Instagram A post shared by Edin Enciklopedija (@edinenciklopedija) Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалВидео: Модриќ обвинува: „Ова не е пенал! ВАР секогаш е на наша штета.“Хрватска го заврши Светското првенство, а капитенот Лука Модриќ не го криеше своето разочарување по поразот од Португалија (2:1). Иако не сакаше да зборува за евентуално збогување со репрезентацијата, беше многу суров кога ги коментираше одлуките на судијата и употребата на ВАР технологијата. „Не е време сега да зборуваме за тоа. Ќе дознаете многу наскоро“, кратко одговори тој на прашањето за продолжувањето на неговата репрезентативна кариера. Лука покажа многу повеќе емоции кога зборуваше за спорните одлуки на судијата, за кои смета дека директно влијаеле на исходот од играта. „Натпреварот можеме да го поделиме на два дела. Во првото полувреме не бевме на потребното ниво, игравме премногу повлечено. Во продолжението одигравме феноменално, тоа беше еден од нашите најдобри натпревари. Можевме сè да решиме и порано, но не ги искористивме шансите. Потоа се случија работи што за мене се неверојатни“, изјави Модриќ. Тој особено се осврна на поништениот гол на Хрватска во 13-тата минута од судиското надополнување. „Судијата тврди дека Матановиќ играл со топката, но ние ја прегледавме снимката и никаде не можеме да видиме дека тој ја допрел. Ако не играл со топката, тогаш нема офсајд.“ Сепак најголема реакција предизвика ситуацијата во која, по интервенцијата на VAR собата, беше досуден пенал за противникот, а токму овој детаљ најмногу го критикуваше Модриќ. „Доколку ситуацијата беше обратна, VAR никогаш немаше да биде вклучен. Реков кога беше воведен дека не ми се допаѓа. Со текот на времето се покажа дека може да биде корисен, но се користи неправилно или селективно, во зависност од тоа против кого играте“. Капитенот на Хрватска смета дека во спорната ситуација немало елементи за најстрога казна. „VAR треба да реагира само кога грешката на судијата е 100%, односно 200% јасна. Ако има некаква сива зона, нема причина да се вклучувате. Ова не е пенал. Двајцата играчи се туркаат еден со друг, Влашиќ не го повлече, но се држат и двајцата паѓаат. Поради оваа ситуација, пенал не може да се досуди во ваков натпревар“.Тагови: Лука Модриќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПрезентација на воена опрема вредна над 40 милиони евра во касарната „Илинден“Денеска во касарната „Илинден“ во Скопје ќе биде презентирана дел од новата опрема што армијата ја доби преку Европскиот мировен фонд, со финансиска поддршка од Европската унија.На настанот се очекува да присуствуваат премиерот Мицкоски, министерот за одбрана Мисајловски, амбасадорот на Европската унија Рокас и началникот на генералштабот, генерал-мајор Лафчиски. Од министерството за одбрана информираат дека преку Европскиот мировен фонд се обезбедува воена опрема во вредност од над 40 милиони евра. Испораката е поделена во три фази, при што во земјава веќе се пристигнати првиот пакет и дел од вториот. Меѓу набавената опрема се радари, термални камери, транспортни возила, симулатори, 3д-радар и преносни сензори, додека во последната фаза се очекува испорака на логистичка, комуникациска и пешадиска опрема.Тагови: АРМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаA1 повторно создаде кампања за која зборува јавностаA1 повторно успеа да направи нешто што останува подолго во јавноста.Овојпат, преку современа интерпретација на нашата „Билјана платно белеше“, компанијата отвори една поинаква културна приказна која деновиве е меѓу најкоментираните теми во јавноста. Наместо класична sponsorship кампања, A1 Македонија, како генерален спонзор на Охридско лето избраа поинаков пристап , да создадат чувство. Со минималистичка визуелна естетика, jazz аранжман и внимателно раскажана приказна, „Билјана“ доби нова емоција, а публиката доби нешто што ретко се случува на домашната сцена: бренд што комуницира преку култура. Особено внимание привлече фактот што целата комуникација е суптилна, достоинствена и далеку од агресивен branding. Токму затоа, реакциите на социјалните мрежи се главно во една насока, дека ова не изгледа како реклама, туку како вистински културен проект. Со овој потег, A1 уште еднаш покажа дека најсилните кампањи не се оние што најгласно продаваат, туку оние што оставаат впечаток и создаваат емоција што луѓето ја паметат. Тагови: A1 кампања Македонија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook