Српски персиски мачор - „најдобар“ според Светската федерација за мачки - Канал 5

Српски персиски мачор - „најдобар“ според Светската федерација за мачки

Персиска мачка од Ниш, јужна Србија, победи на меѓународната изложба за најубави и најдобри мачки организирана од Светската федерација за мачки (World Cat Federation - WCF) во Софија. 

Српски персиски мачор - „најдобар“ според Светската федерација за мачки

Имено, изминатиов викенд во главниот град на Бугарија, првото место беше резервирано за српската куќа за одгледување мачки „Николато“ - специјализирана за одгледување персиски мачки.

Притоа, мачорот по име Николато Махатма Ганди ги освои највисоките можни титули во сите категории каде што се натпреваруваше, како и најпрестижната награда „најдобар“ ('Best supreme'), со којашто е прогласен за „најдобрата мачка на целата дводневна изложба“. Така, овој исклучителен мачор освои неколку одличја.

„Младиот Махатма Ганди е врвен професионалец, што се потврди и со неговото однесување во јавноста и пред блицови и камери“, се вели во соопштението.

Со оваа импресивна серија награди, се додава, мачето го потврди врвниот квалитет на српското одгледување и покажа дека тие мачки може да стојат „рамо до рамо“ со најдобрите во светот, велат одгледувачите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петрушевски: Филипче прозборе за криминал тежок 37 милиони евра за пратеничка од СДС, го охрабруваме да објави и други вакви случаи

Филипче прозборе за криминал тежок 37 милиони евра за пратеничка од СДС, го охрабруваме да објави и други вакви случаи затоа што веруваме дека ги има уште во неговите редови.

Петрушевски: Филипче прозборе за криминал тежок 37 милиони евра за пратеничка од СДС, го охрабруваме да објави и други вакви случаи

Венко Филипче деновиве почна да зборува за криминал во редовите на СДС, конкретно пратеничката група. Зошто почна да зборува или од што е охрабрен може само да се сомневаме.

Филипче во јавноста излезе со сомнеж за криминал поврзан со пратеничката Славјанка Петровска, поранешен министер за одбрана, а сега дел од платформата 12.05 која иницира промени во СДС.

Според Филипче, Петровска потпишала за 37 милиони евра поскап договор за набавка на хеликоптери, откако комисијата донела друга одлука. Внимавајте, ни помалку, ни повеќе Филипче сега открива дека постои сомнеж за криминал тежок 37 милиони евра.

Филипче треба да одговори од кога знае за ова, зошто молчел ако сомнежот и информацијата датираат од претходно.

Јавното обвинителството пак, без исклучок мора да постапи, односно да отвори предмет за овој сомнеж, а Филипче до истото да достави информации и да биде повикан од обвинител да ги презентира информациите врз кои го основа сомнежот за овој криминал.

Го повикуваме Филипче доколку има информации и сомнежи за други вакви случаи да ги пријави, затоа што веруваме дека има уште такви случаи во неговите редови.

YouTube video

Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МФ: „Стандард и Пурс“ го потврди рејтингот „BB-/B“ со стабилни изгледи

Јавните инвестиции и домашната побарувачка го поддржуваат растот.

МФ: „Стандард и Пурс“ го потврди рејтингот „BB-/B“ со стабилни изгледи

Меѓународната агенција за кредитен рејтинг „Стандард и пурс“ го потврди кредитниот рејтинг на земјата ББ- со стабилен изглед. Во најновиот извештај, Aгенцијата оценува дека перспективите за економски раст, умереното ниво на јавниот долг и одржливите трошоци за сервисирање на долгот ги ублажуваат ризиците поврзани со високите фискални дефицити.

Агенцијата очекува економскиот раст да достигне околу 3,6% во 2026 и 2027 година, поттикнат од високото ниво на јавни инвестиции и отпорната домашна потрошувачка и покрај негативните економски прелевања од војната на Блискиот Исток, пред сè преку повисоките цени на енергијата.

Како клучни двигатели на растот, „Стандард и Пурс“ ја издвојува забрзаната реализација на големите инфраструктурни проекти, особено Коридорите VIII и Xд, кои придонеле за раст на инвестициите од над 9% во првата половина на 2026 година. Слично високо ниво на инвестициска активност се очекува и во втората половина на 2026 година.

Растот според Агенцијата дополнително ќе биде поддржан од отпорната приватна потрошувачка, поттикната од подобрувањата на пазарот на трудот, растот на платите и пензиите и зголемувањето на расположливите приходи на домаќинствата.

„Стандард и Пурс“ очекува инвестицискиот циклус да продолжи и во наредните години, при што просечниот економски раст во периодот 2027–2029 година се проектира на околу 3,3%.

Во делот на јавните финансии, „Стандард и Пурс“ очекува постепена фискална консолидација во периодот 2027–2029 година, при што буџетскиот дефицит во просек би изнесувал околу 3,4% од БДП.

Високото ниво на јавни инвестиции, финансирањето на инфраструктурните проекти и обврските поврзани со државните претпријатија според Агенцијата ќе влијае на нивото на долгот кој би бил на ниво од 57% до 2029 година.

Истовремено, трошоците за сервисирање на долгот се оценуваат како одржливи.

Во извештајот се нотира и непречениот пристап на Владата до меѓународните пазари на капитал, при што се посочува издавањето на две еврообврзници од по 500 милиони евра во јануари 2026 година.

„Стандард и Пурс“ посочува дека трајното подобрување на фискалните перформанси, одржливото намалување на нето јавниот долг и посилниот економски раст според Стандард и пурс ќе имаат позитивно влијание на кредитниот рејтинг на земја

Агенцијата ја нотира и посветеноста на Владата кон процесот на европска интеграција, кој го оценува како важен двигател на структурните реформи на среден рок.

Кредитниот рејтинг на Македонија „Стандард и Пурс“ го оценува двапати годишно. Рејтингот претставува важен индикатор за инвеститорите и меѓународните финансиски пазари при оценката на кредитниот ризик на една земја.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерот Мисајловски на отворањето на централниот Меморијален турнир во чест на загинатите бранители

Mораме да го чуваме споменот за оние кои го дале животот за татковината.

Министерот Мисајловски на отворањето на централниот Меморијален турнир во чест на загинатите бранители

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска (3 октомври) во салата „Борис Трајковски“ го отвори 26. традиционален меморијален турнир во мал фудбал ко-организиран од Министерството за одбрана, Министерството за внатрешни работи и здружението „Херои на Македонија 2001 – 2015.“ Турнирот се организира во чест на загинатите припадници на Армијата во 2001 година и загинатите припадници на полицијата од настаните во Куманово во 2015 година.

Министерот Мисајловски пред директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев и членовите на екипите од Министерството за одбрана, Министерството за внатрешни работи и македонската Армија истакна дека мораме да го чуваме споменот за оние кои го дале својот живот за државата и да го пренесеме тој спомен на следните генерации.

„Она што треба да го направиме е да се сплотиме и да покажеме дека хероите не се забораваат. Се заблагодарувам на секој еден припадник на Армијата, на сите што ја носат униформата кои секојдневно работат за нашата држава. Министерството за одбрана ќе биде секогаш тука да помогне и достојно да покаже почит кон хероите“, истакна министерот.

Ќе дадеме сè од себе да покажеме почит и да покажеме дека секоја една генерација треба да го пренесе тоа на идните поколенија, рече Мисајловски и додаде – „да не се заборави оној што дал сè за татковината.“

Директорот на БЈБ, Јанев истакна дека турнирот веќе 24 години ја чува жива меморијата за оние кои ги положија своите животи за Македонија, нејзиниот мир и безбедноста на граѓаните.

„Денес не сме тука само поради традицијата. Тука сме затоа што имаме обврска да паметиме. Да ги паметиме нашите колеги, пријатели, браќа, сопрузи, татковци и синови кои ја носеа униформата со чест и кои, извршувајќи ја својата должност, ја дадоа најголемата жртва што човек може да ја даде. Нивните имиња не се само дел од историјата на нашите безбедносни сили. Тие се дел од историјата на Македонија“, истакна Јанев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер