Српски пејач открива: „Милан Мариќ не требаше да глуми во филмот Тома - Канал 5

Српски пејач открива: „Милан Мариќ не требаше да глуми во филмот Тома

Иако сите се воодушевени од маестралната улога на Милан Мариќ во филмот „Тома“ со кој актерот ги освои симпатиите на публиката, пејачот Немања Николиќ смета поинаку и тврди дека слушнал оти на неговото место требало да биде друг актер.

Српски пејач открива: „Милан Мариќ не требаше да глуми во филмот Тома

- Не ми е жал што не ме повикаа да пеам во „Тома“. Имаше сè и сешто, некои муабети, некој сосема друг требаше да пее и глуми наместо Милан Мариќ, според она што го слушнав, и мислам дека така би било многу подобро, бидејќи типот е и актер и пејач, и личи на Тома, да не го именувам. Филмот како филм е добар, но многу работи недостасуваа. Неговиот лик и дело можеле да го направат многу подобро. Рекоа дека ќе биде поопширно во серијата. Се дружев со неговите пријатели, знам многу за него, разговарав дури и со неговите колеги кои се живи, а тие биле со него на турнеи и се согласуваат со мене - истакнува Немања за „Блиц“.

извор

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кои се елитните севернокорејски хакери што ја извршија најголемата кражба на криптовалути во историјата?

Две водечки фирми специјализирани за анализа на технологија поврзана со криптовалути објавија дека поседуваат цврсти докази што го поврзуваат хакерскиот напад врз Binance, во кој беа украдени 6,3 милијарди долари, со група поддржана од Северна Кореја.

Кои се елитните севернокорејски хакери што ја извршија најголемата кражба на криптовалути во историјата?

Како што пренесува BBC, TRM Labs и Chainalysis – со висок степен на сигурност – ја идентификуваа групата „Лазарус“ (севернокорејски хакерски колектив, познат и како TraderTraitor) како најверојатен извршител на нападот врз најголемата берза за криптовалути во светот. Овој напад далеку го надминува претходниот рекорден грабеж – инцидент од 2025 година поврзан со берзата Bybit, при што беа украдени 1,5 милијарди долари.

Овој инцидент е најновиот во низата напади поврзани со Северна Кореја – една од најсиромашните земји во светот, каде што пристапот до интернет е строго ограничен.

Експертите ја обвинуваат владата на Ким Џонг Ун дека се потпира на сајбер-криминал за финансирање на државата – обвинување што Пјонгјанг долго време го негира.

Според извештаите, земјата систематски ги развива своите сајбер-операции. За таа цел, таа регрутира елитни студенти и ги насочува кон хакерски групи што се под надзор на севернокорејската разузнавачка служба.

Анализите на технолошките компании покажуваат дека дел од овие операции се одвиваат во соседна Кина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Ангел на ВС како „подарок“

Најсекси ангелот на Викторија Сикрет, Кендис Свонпул уште еднаш ја покажа харизмата на вистинска заводничка. Нејзината најнова модна кампања маѓепса многумина.

Фото: Ангел на ВС како „подарок“

Супермоделот Кендис Свонпул е заштитното лице на најновата новогодишна колекција на брендот „Викторијас сикрет“.

По спектакуларниот настап на неодамнешната модна ревија на брендот, не е изненадувачки што таа сега е во центарот на нивната нова модна кампања.

Кендис гордо позира во атрактивни модни парчиња – поточно, долна облека од тантела во електрично сина боја, која совршено ја истакнува нејзината прекрасна фигура.

Изгледот го заокружи со дијамантски ѓердан околу вратот, како и со високи потпетици што ги нагласуваа нејзините витки нозе.

За да ја долови новогодишната магија, една од најпознатите манекенки во светот позираше покрај огромни подароци, украсени со ленти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Познати фудбалер го освои срцето на фатална кантри пејачка

Фудбалерот на Милан, Американецот со потекло од балканот Кристијан Пулишиќ има нова девјка, мегапопуларната канти пејачка Меган Морони.

Познати фудбалер го освои срцето на фатална кантри пејачка

Љубовните животи на познатите спортисти и нивните партнерки повторно се во центарот на вниманието, а две убавици од светот на шоу-бизнисот веќе се шегуваат дека припаѓаат на новата генерација на таканаречени „WAG“ девојки.

За време на гала-настанот „Time100“ во Њујорк, 29-годишната кантри-пејачка Меган Морони се сретна со својата пријателка Еиза Гонзалез. Двете ѕвезди разговараа за своите партнери за време на настанот. Гонзалез е во врска со тенисерот Григор Димитров најмалку од април 2025 година, додека новата романса на Меган Морони со фудбалската ѕвезда Кристијан Пулишиќ (28) неодамна стана предмет на јавен интерес.

„Ние сме новата генерација девојки на познати спортисти“, се пошегува Гонзалез во разговор со Меган.

Само една недела претходно, фановите со остро око забележаа значаен детал дека пејачката на „6 Months Later“ и фудбалерот се во врска.

Меган потоа се појави на модната ревија на „Victoria's Secret“ за 2026 година и беше фотографирана со телефон во раката, на чиј екран можеше да се види фотографија во позадина.

На фотографијата, Меган изгледаше како да е прегрната со ѕвездата на американската фудбалска репрезентација.

Уште во јули, Меган наводно била видена со Пулишиќ во бар во Нешвил, додека пак, профил на обожавател посветен на фудбалерот објавил фотографија од него на нејзиниот концерт на Флорида, заедно со неговиот братучед, пренесува „Пипл“ (People).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер