Српски медиуми: Вучиќ отпатува за Москва - Канал 5

Српски медиуми: Вучиќ отпатува за Москва

Српскиот претседател Александар Вучиќ отпатува за Москва, каде што ќе присуствува на Парадата на победата на Црвениот плоштад, јавија српски медиуми, но засега нема потврда од Кабинетот. 

Српски медиуми: Вучиќ отпатува за Москва

Кремљ вчера објави дека претседателот на Србија ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин в петок.

Помошникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков вчера изјави за руски медиуми дека стратешката соработка меѓу Русија и Србија е заемно корисна.

„Покрај дискусиите за билатерални прашања, ќе бидат разменети мислења и за состојбата на Западен Балкан“.

Пред да замине за Москва, Вучиќ претпладнето во Белград имаше средба со рускиот амбасадор во Србија, Александар Боцан Харченко.

На 9 мај, Русија ја одбележува 80-годишнината од победата над фашизмот во Втората светска војна со парада на Црвениот плоштад во Москва и низа други настани. Се очекува да присуствуваат повеќе од 20 светски лидери.

Засега нема официјална потврда од Естонија, Летонија и Латвија дека е забранет прелет над тие држави за челници кои ќе присуствуваат во Москва, иако во изминатите два дена српски медиуми јавија дека е одлучено во тие балтички земји да не се даде дозвола за авиони чија крајна дестинација е Москва.

Вучиќ во саботата попладне беше примен на Военомедицинската академија (ВМА) во Белград. На него ненадејно му се слошило за време на посетата на САД, по што побарал медицинска помош и по прегледот била донесена одлука да се врати во Србија. Поради тоа, не можеше да се појави на главните настани за кои беше во САД.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претседателката Сиљановска Давкова присуствуваше на приемот по повод Денот на Уставот и Денот на вооружените сили на Р. Словачка

Словачка е наш докажан пријател и најгласен поддржувач на македонскиот пат кон ЕУ.

Претседателката Сиљановска Давкова присуствуваше на приемот по повод Денот на Уставот и Денот на вооружените сили на Р. Словачка

„На покана на словачката амбасадорка Н.Е. г-а Ивета Хрицова и полковник Иван Улични, присуствував на приемот по повод Денот на Уставот и Денот на вооружените сили на Република Словачка.

Денот на Уставот е потсетник на правно-политичките темели на современата словачка држава, а Денот на вооружените сили симболизира модерна и храбра армија, подготвена да ја брани татковината.

Словачка е наш докажан пријател и најгласен поддржувач на македонскиот пат кон ЕУ.

Длабоко верувам во европската иднина на македонско-словачките односи.“- стои во објавата на претседателката Гордана Сиљановска Давкова

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: Илјадници гласови, една енергија, Центар прослави 50 години со вечер за паметење

Паркот на Франкофонија синоќа беше претесен за сите што дојдоа заедно да прослават 50 години Општина Центар. 

Герасимовски: Илјадници гласови, една енергија, Центар прослави 50 години со вечер за паметење

Многу музика, насмеани лица, публика од сите генерации и македонски песни што се пееја во еден глас ја одбележаа четвртата година на музичкиот хепенинг „Нешто што ќе остане“.

Слаткар, Дупер, Барбара Поповиќ, Лина Пејовска и 2 Бона приредија вистинска музичка вечер за паметење, со публика која пееше заедно со нив од почеток до крај. За расположението и смеата се погрижи Сашко Коцев, кој со својот препознатлив хумор и непосредност ѝ даде посебен печат на целата вечер.

Градоначалникот Горан Герасимовски од сцената им се обрати на присутните и им се заблагодари што во толку голем број дојдоа заедно да го одбележат јубилејот на Општината.

„Вечерва не сум овде пред вас само како градоначалник. Тука сум како еден од вас – како сосед, како пријател, како човек кој го сака Центар. Вечерва славиме половина век Центар, половина век генерации кои растеле тука, создавале семејства, пријателства и спомени и го правеле Центар тоа што е денес. Ви благодарам што сте тука и што овој јубилеј го славиме заедно“, порача Герасимовски.

„Нешто што ќе остане“ веќе четврта година е настан посветен на македонската музика и домашните изведувачи. Герасимовски нагласи дека токму тоа е идејата која Општина Центар сака да ја продолжи и во иднина.

„Имаме одлични македонски музичари и уметници и тие заслужуваат сцена, публика и поддршка. Сакавме овој настан да биде наш – со наша музика, наши изведувачи и наша публика. Тоа го правевме досега и тоа ќе продолжиме да го правиме“, истакна Герасимовски.

А синоќешната слика од Паркот на Франкофонија најдобро покажа зошто – илјадници луѓе, различни генерации, македонска музика и една заедничка причина за славење – 50 години Центар.

Вечер што ќе се памети и уште едно „Нешто што ќе остане“.

Општина Центар - Скопје

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Велјановски: Од 340 на 560 милиони евра, талогот од СДС треба да одговара за поскапувањето и доцнењето на железничкиот Коридор 8

ДЗР утврдил дека проценетата вредност за третата фаза од железничкиот Коридор 8, пругата Крива Паланка–граница со Бугарија, пораснала за околу 220 милиони евра, односно од 340 на 560 милиони евра.

Велјановски: Од 340 на 560 милиони евра, талогот од СДС треба да одговара за поскапувањето и доцнењето на железничкиот Коридор 8

Извештајот на ДЗР потврдува дека во главите на СДС и ДУИ, биле само провизии, проценти, тендери.

Наместо да работеа во интерес на граѓаните, талогот работеше во интерес на својот џеб.

Затоа СДС и ДУИ треба да одговорат зошто проектот со години доцнеше, а неговата проценета вредност растеше? Зошто граѓаните да плаќаат 220 милиони евра повеќе? За ликови како Филипче и Заев да ги полнат своите џебови?

Почитувани граѓани,

Денес, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи на изнаоѓање одржливо решение за железничкиот Коридор 8 и реализација на стратешкото поврзување.

Но, не смееме да заборавиме на претходни црнила кои ги наследивме, а за кои бараме од Јавното обвинителство да го истражи ревизорскиот извештај на ДЗР и да постапи согласно истиот.

Не сме исти. Разликата е евидентна.

YouTube video

Александар Велјановски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер