3Масовните протести поради луксузниот проект на семејството Трамп во Албанија влегуваат во десеттиот ден
Иранската фудбалска асоцијација: ФИФА го откажа доделувањето билети за иранските навивачи за групната фаза
2Иранската фудбалска асоцијација: ФИФА го откажа доделувањето билети за иранските навивачи за групната фаза
БалканСрпски медиуми објавија текст за Народната декларација за Војводина„Војводина не е само дел од Србија, Војводина е Србија. Војводина е име, а Србија е презиме. Како што нема Србија без Војводина, така и Војводина не може да постои надвор од Србија“, се наведува во декларацијата.Најновите настани во северната српска покраина, оживувањето на сепаратистичките идеи и движења, јавното застапување на идеите за „војводинската нација“, јазикот и православната црква, како и најавата за усвојување на некаква „Војводинска платформа“, нас не обврзуваат активно да дејствуваме во социјалната и политичката сфера за да го заштитиме територијалниот интегритет и целовитост на српската држава, оценето е во уводниот дел од текст на Народната декларација за Војводина за која српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека ќе биде усвоена утре. „Војводина не е само дел од Србија, Војводина е Србија. Војводина е име, а Србија е презиме. Како што нема Србија без Војводина, така и Војводина не може да постои надвор од Србија“, се наведува во декларацијата што денеска како посебен додаток ја објави весникот „Политика“. Во декларацијата се наведува дека „Војводина е израз на европските вредности, заедница на сите граѓани кои живеат на територијата на автономната покраина, како и нераскинлив дел од националниот, политичкиот, уставниот и културниот идентитет на модерна Србија“, и дека „овие духовни вертикали не се поништуваат една со друга, туку напротив се надополнуваат“. Како што се оценува, „промоцијата на друга партикуларистичка, автономистичка, па дури и сепаратистичка и антисрпска содржина претставува крајна изопаченост и, следствено, целосна негација на големите идеали врз кои е основана Војводина“, пренесе Бета. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотПапата Лав посети затворот во Барселона!Затвореничка: Благодарна сум, никој не се сеќава на насПапата Лав, силен застапник за правата на затворениците, денес за прв пат посети шпански затвор, повикувајќи ги затворениците да се искупат за своите злосторства и да водат подобар живот. Лав го посети Затворот „Бријанс 1“, изграден во 1991 година која е на околу 40 километри од Барселона, и во него има околу 1.000 затвореници. Зборувајќи со затворениците во затвор во близина на Барселона, папата рече дека историјата на една личност „не ја одредува иднината, туку нуди можност да ги промениме нашите одлуки и избори“. „Ова е можност што се случува еднаш во животот. Воопшто не можев да спијам“, рече Монтсе Бенавенте, затвореничка која разговараше со папата за нејзините борби со верата и штетата што нејзините постапки му ја нанеле на нејзиното семејство. Лав последен пат го посети затворот во април, кога беше во Екваторијална Гвинеја како дел од турнејата низ четири земји низ Африка. Лав, првиот папа од Соединетите Американски Држави, е во еднонеделна посета на Шпанија, каде што предупреди дека интензивираните конфликти го турнале светот во длабока криза и повика на подобар третман на мигрантите. За време на престојот во Шпанија Папата ќе ја инаугурира најновата кула на Саграда Фамилија, модернистичката базилика дизајнирана од Антони Гауди, која стана највисоката црква во светот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСиљановска-Давкова во Софија ќе се сретне со бугарската колешка Јотова на самитот на југоисточна Европа08:50Како уникатниот локалитет „Куклица“ станал предмет на узурпација на очиглед на институциите? 18:08Како уникатниот локалитет „Куклица“ станал предмет на узурпација? 15:14Тошковски: Во план се законски измени за управување со електричните тротинети11:18Маленко: Груевски за Унгарија не избега од дома, туку од Охрид15:00
Сиљановска-Давкова во Софија ќе се сретне со бугарската колешка Јотова на самитот на југоисточна Европа08:50
КошаркаКошаркарската федерација на Македонија и Комерцијална банка ја продолжија соработкатаКошаркарската федерација на Македонија изразува искрена благодарност до Комерцијална банка АД Скопје за одлуката да ја продолжи соработката и поддршката на машката сениорска А репрезентација на Македонија.Продолжувањето на ова партнерство претставува значајна потврда за довербата што Комерцијална банка ја има во македонската кошарка и во националниот тим, кој со гордост ја претставува нашата држава на меѓународната сцена. Поддршката на нашата најдобра репрезентација е од особено значење во остварувањето на поставените спортски цели и обезбедувањето на најдобри можни услови за подготовка и настап на македонските репрезентативци. Во име на Кошаркарската федерација на Македонија, стручниот штаб и сите репрезентативци, упатуваме искрена благодарност до раководството на Комерцијална банка АД Скопје за препознавањето на важноста од континуирана поддршка на националниот тим. Уверени сме дека и во периодот што следува, заеднички ќе продолжиме да работиме во интерес на македонската кошарка и ќе се стремиме кон нови успеси кои ќе донесат радост и гордост за сите љубители на спортот во нашата земја. Ви благодариме за довербата и поддршката! Кошаркарска федерација на МакедонијаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЃорче Петров ја одржа првата полуматурска парада – еден ден, шест училишта, една гордостСо многу насмевки, позитивна енергија и искрена радост, денес во Реонскиот парк во Ѓорче Петров се одржа првата Полуматурска парада 2026, настан кој обедини повеќе од 500 полуматуранти од сите шест основни училишта на територијата на општината.Полуматурантите, придружувани од своите наставници, родители и другари, заедно го одбележаа завршувањето на едно значајно поглавје од своето образование и почетокот на новите предизвици што ги очекуваат. Настанот беше збогатен со настап на зурли и тапани, македонски народни песни и ора, преку кои полуматурантите испратија порака за почит кон традицијата, културното наследство и националниот идентитет. Во рамки на парадата беа доделени признанија за ученик и наставник на генерација од секое основно училиште, избрани со гласање од самите ученици, како симбол на почит кон знаењето, посветеноста и личниот пример. Меѓу највпечатливите моменти беше и потпишувањето на полуматурските маици, на кои учениците си оставаа пораки, желби и потписи како траен спомен од генерацијата 2026 и од годините поминати заедно во училишните клупи. Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, упати честитка до сите полуматуранти и порача: „Денес е ден за паметење. Ден исполнет со емоции, радост и гордост. Ви честитам за постигнатиот успех и за трудот што го вложувавте низ годините. Продолжете да сонувате големи соништа, да учите и да верувате во себе. Вие сте иднината на нашата општина и нашата држава. Честито полуматурци, наша гордост сте!“ Со оваа манифестација, Општина Ѓорче Петров поставува темел на нова традиција која во иднина ќе ги обединува младите генерации, ќе ги негува македонските културни вредности и ќе го одбележува завршувањето на едно значајно поглавје во нивното образование. Општина Ѓорче Петров останува посветена на поддршката на младите, создавањето подобри услови за образование и поттикнувањето на вредностите кои ќе ги водат новите генерации кон успех. На сите полуматуранти им посакуваме многу успех, нови пријателства и исполнување на нивните соништа во годините што следуваат.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook