ЗабаваСрпски фолк музичар гази по „тепих“ од долари во САД (ВИДЕО)Драган Стојковиќ Босанац не само што заработува во жирито на „Ѕвездите на Гранд“, туку има и настапи каде што добива огромен бакшиш.На интернет кружи видео од Америка, на кое се гледа како музичарот свири хармоника и буквално гази по банкноти. Видеото се појави на Твитер, а своевремено Босанац сам го објавил. Сите му приоѓаат на Босанац и оставаат бакшиш на инструментот додека тој цело време свири насмеан. pic.twitter.com/HDRwlfHglW — zoranceran (@zoranceran2) October 18, 2021 Драган Стојковиќ Босанац важи за еден од најдобрите хармоникаши на српската сцена и затоа е многу ангажиран на разни свечености. Босанац во моментов е во центарот на вниманието на јавноста поради расправијата со Светлана Ражнатовиќ Цеца, со која сега е во жирито на музичкото натпреварување. Тој еднаш и кажа на пејачката колку е популарна, алудирајќи на фактот дека не е вистинска пејачка, па тогаш таа ја спомена неговата ќерка. Оттогаш, нивното „пецкање“ продолжува.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканВидео: Драма во близина на Атина: Огнот голта куќи и шуми Голем шумски пожар, кој од областа Виотија се прошири кон Атика и подрачјето на Порто Гермено, зафати голема површина, а во неговото гаснење од утринава се вклучени девет противпожарни возила и четири хеликоптери.Пожарот се ширеше на два фронта, а во близина на градот Псата беше издадено предупредување за евакуација на жителите кон Алепохори и Мегара, објави ЕРТ. Како мерка на претпазливост, во текот на ноќта беа евакуирани и населбите Агија Параскеви, Агиос Нектариос и Крио Пигади. SCENES 🇬🇷 A #wildfire burning out of control on the #Greek mainland west of #Athens, one of several blazes burning in parts of the country#climatechange #heatwave pic.twitter.com/njRPV7wUpA — ShanghaiEye🚀official (@ShanghaiEye) August 1, 2026 За време на операцијата за спасување, припадници на крајбрежната стража и на противпожарната служба со чамци евакуираа 12 лица кои беа заробени на плажата во Порто Гермен. Сите беа безбедно пренесени во Алепо.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалФИФА: Инфантино се откажа од спорните инвестициски плановиСветската куќа на фудбалот, (ФИФА) се откажа од идејата за продажба на дел од правата за Светското првенство на приватни инвеститори.Претходно, европската УЕФА, Азиската фудбалска конфедерација и КОНКАКАФ (земјите од Северна и Средна Америка) се изјаснија против, а сите 55 европски национални асоцијации донесоа радикална одлука, гласаа за целосен бојкот на сите натпреварувања на ФИФА (вклучувајќи ги и Светските првенства за мажи и жени). Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, потврди дека се откажал од планот. „Проектот FIFA Forward Enterprise беше замислен како основа за понатамошно зајакнување на членките на ФИФА и развој на нашиот спорт низ целиот свет – особено во земјите каде што поддршката е најпотребна. Сепак, како што наведовме од самиот почеток, имплементацијата на проектот беше можна само со поддршка на мнозинството членки на ФИФА и преку консултации со нив, Советот на ФИФА, конфедерациите и другите засегнати страни.“ Откако внимателно ги сослушавме сите мислења, дојдовме до заклучок дека проектот предизвикал таква контроверзност што, без оглед на нивото на поддршка, тој повеќе не ја исполнува својата првична намена. Нашата цел отсекогаш била и останува иста – да се обединиме и да се подобриме. Во овој поглед, имплементацијата на овој предлог нема да се случи. „Во наредните денови и недели, имам намера повторно да ги соберам сите засегнати страни – во духот на заедничкиот интерес за нашиот спорт и со цел да продолжиме да го развиваме фудбалот насекаде, особено во оние земји на кои им е најпотребна нашата поддршка“, рече Инфантино во соопштението објавено на веб-страницата на ФИФА. Има шпекулации дека Инфантино ја изгубил поддршката од функционерите на ФИФА и контролата врз организацијата, па затоа може да се очекува дури и негова оставка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаЗемјотрес во Италија близу Неапол, 21 повреден, двајца во критична состојба (Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала го погоди вулканското подрачје Кампи Флегреи во близина на Неапол, при што се повредени 21 лице, а двајца од нив се во критична состојба.Националниот институт за геофизика и вулканологија (INGV) регистрираше земјотрес во саботата навечер на длабочина од три километри, објави порталот „Италпрес“. Неколку часа подоцна, околу 22 часот, беше регистриран уште еден земјотрес со јачина од 3,8 степени, а потоа беа забележани уште триесетина помали земјотреси. Земјотресот силно се почувствува во Неапол, каде што многу граѓани излегоа на улиците, а во некои делови од градот беше пријавен прекин во снабдувањето со електрична енергија.Тагови: земјотрес Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПеколен викенд во Македонија, денес сончево и топло со температура до 39 степени09:00Водата во Гостивар се уште не е безбедна за пиење и готвење – бројот на пациенти се намалува 15:00Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08Гостиварци се уште без вода за пиење, анализите продолжуваат15:21Седница за пратенички прашања во Собранието15:00
Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08