Српската полиција уапси македонски државјанин- лажно се претставувал како хирург и земал пари за операции - Канал 5

Српската полиција уапси македонски државјанин- лажно се претставувал како хирург и земал пари за операции

Српската го приведе А.К. (42) македонски државјанин, осомничен за кривично дело измама, бидејќи лажно се претставувал како хирург и барал пари од луѓе за операции.

Српската полиција уапси македонски државјанин- лажно се претставувал како хирург и земал пари за операции

Тој е осомничен дека заедно со неколку засега непознати лица ја довел во заблуда оштетената дека за паричен надомест итно ќе оперира член на нејзиното семејство, кој наводно доживеал сообраќајна несреќа.

Полицијата го уапсила веднаш по предавање на пари и кај него пронашла 16.650 евра и 150.000 динари, соопшти Министерството за внатрешни работи на Србија.

Полицијата се сомнева дека А.К. и бараните лица, во периодот од ноември лани досега, извршиле неколку измами на територијата на Белград на ист начин и со тоа нелегално се стекнале со повеќе од 100.000 евра.

На осомничениот му е одреден притвор до 48 часа, по што ќе биде приведен во надлежното обвинителство со кривична пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Превентивни активности за безбеден сообраќај и спречување пожари

Денеска (13.07.2026) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес, реализираа сообраќајна превентивна активност насочена кон пешаците како активни учесници во сообраќајот.

Превентивни активности за безбеден сообраќај и спречување пожари

На граѓаните им беше потенцирано дека кога се во улога на пешаци, имаат обврска да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со напомена дека улицата треба да ја преминуваат на обележан пешачки премин, при тоа да не користат слушалки и мобилни телефони, да бидат внимателни, особено во вечерни часови кога се движат на неосветлени локации. Полициски службеници од ПС за БПС при СВР Велес, денеска реализираа сообраќајна превентивна активност на тема „Не користи мобилен телефон додека возиш“, потсетувајќи ги возачите за ризикот од користење на мобилен телефон за време на управување со возило и сите останати сообраќајни правила и прописи, во насока на подигнување на свеста на учесниците во сообраќајот и намалување на бројот на сообраќајни незгоди. Полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје во Скопје реализираа превентивни активности насочени кон возачите на мотоцикли, електрични тротинети и велосипеди, при што возачите беа потсетени на правилата и обврските за внимателно и одговорно учество во сообраќајот, особено за обврската за носење заштитен шлем.

Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Куманово, Одделението за превенција при СВР Скопје и ПО Чашка на подрачје на Скопје, с. Долно Којнаре и општина Чашка реализираа превентивни активности за заштита од пожари. На граѓаните им беше укажано за опасноста од несовесно фрлање и палење ѓубре, стрништа со сува трева, фрлање отпушоци и друг вид запаливи материјали на отворен простор и во близина на шумски појаси, за да се намали ризикот од појава на пожари на отворен простор. Целта на активностите е да се зголеми безбедносната култура, но и да се зајакне довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните, како и навремено пријавување на било какви појави на несовесно однесување. Во рамки на активностите беше поделен и печатен материјал со едукативни препораки, со цел подигнување на свеста за безбедност. Отсекот за превенција при СВР Куманово, исто така, во соработка со ЈЗУ Општа болница Куманово во Куманово реализираше превентивна активност за заштита на граѓаните од топлотни удари, при што на граѓаните од страна на медицински лица им беа дадени соодветни препораки и совети.

Со цел унапредување на меѓусебната соработка за превенирање на појава на пожари, полициски службеници од СВР Охрид и Полициската станица за граничен надзор „Св. Наум“ при Регионалниот центар за гранични работи Запад остварија работна средба со полициските службеници од полициската станица во Поградец, при Министерството за внатрешни работи на Република Албанија. На работната средба беа договорени координирани превентивни безбедносни мерки, со цел подигнување на јавната свест за потребата од заштита на шумите од пожари и спречување на пожари на отворен простор. Беа договорени заеднички полициски патроли низ шумските појаси околу граничниот и пограничниот појас за време на летната туристичка сезона, интензивни контакти за размена на информации за потенцијални ризици и креирање на директни меѓусебни информациски канали за побрза и поефикасна комуникација при евентуална појава на пожари на шумските појаси, како основа за итно известување за евентуално настанат пожар, што ќе значи брза реакција на надлежните служби за негово локализирање и гаснење.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Собраниска седница за реконструкција на Владата, ќе се сменат 8 министри

Пратениците цел ден расправаат за реконструкцијата на Владата, со која во кабинетот на премиерот Христијан Мицкоски ќе се сменат 8 министри.

Собраниска седница за реконструкција на Владата, ќе се сменат 8 министри

Со последните информации, од пред собранието ја имаме Јана Јосифовска.

Исходот е извесен со оглед на големото владејачко мнозинство, единствено неизвесно е кога ќе биде гласањето.

Целосниот извештај погледнете го во видеото.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Распишана потерница за Александар Лазаров – Цуната што им избега на полицајците низ прозорец

Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по 41-годишниот Александар Лазаров викан „Цуната“, кој што во петокот избега од полициската станица во Кочани, каде што бил на распит откако бил фатен со дрога.

Распишана потерница за Александар Лазаров – Цуната што им избега на полицајците низ прозорец

Според информациите, тој го отворил прозорецот и се дал во бегство и уште не е пронајден.

Директорот на БЈБ, Александар Јанев, објави дека денеска бил во полициската станица во Кочани за лично да се информира за сите детали и околности поврзани со настанот, кој, како што вели, сериозно ја наруши довербата во полициската служба.

-Бегството од полициската станица на лице познато на полициските служби е сериозен инцидент кој бара целосно расчистување на сите околности и преземање на соодветни мерки. Сакам јасно да порачам: ова е недозволиво. доколку се утврди намерно постапување, помагање, прикривање или несовесно извршување на службените задачи, ќе има одговорност. – објави Јанев.

Опозиската СДСМ, преку соопштение ја обвини власта дека намерно го пуштала Лазаров и побараа оставка од министерот Панче Тошковски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер