Српската полиција се уште трага по телото на убиената Данка

Се уште се трага по телото на двегодишната Данка Илиќ, која беше убиена од двајца работници на „Водовод“ во близина на местото каде што исчезна на 26 март.

По 10 дена опсежна потрага по малата Данко Илиќ од Бор, во вчера наутро стигна грозоморната вест дека девојчето е убиено.. Работниците на „Водовода“ Срѓан Јанковиќ (50) од село Лука и Дејан Драгијевиќ (50) од село Злот признале дека девојчето го убиле со автомобил, а потоа телото го фрлиле на депонија.

Но, се уште полицијата и службите , иако од синоќа се чисти дивата депонија, не можат да го пронајдат телото на убиената Данка.

Јавноста сега се прашува каде и како е скриено телото на Данка и како била убиена.

Полицијата и денеска продолжува со детална потрага по телото на убиеното дете, а осомничените во полиција изјавиле дека два дена по убиството го ископале телото и го закопале на друго место.

Инаку од синоќа граѓаните на Бор се простуваат од малата Данка.

Ова е автомобилот на смрт белата Панда , со кој двајцата монструми ја пренеле Данка на депонија.

Веќе вториот ден било констатирано од страна на полицијата дека таму се движело белото возило „панда“ како и уште 16 други возила. Меѓутоа, во ист правец се вратиле само две возила, меѓу кои и „пандата“.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер