Српската полиција ги растера демонстрантите кои се обидоа да влезат во градското Собрание - Канал 5

Српската полиција ги растера демонстрантите кои се обидоа да влезат во градското Собрание

Десетици повредени од кои двајца потешко и 38 приведени – ова е билансот од синоќшниот седми по ред протест на српската опозиција, на кој се бараше поништување на изборите во Србија.

Српската полиција ги растера демонстрантите кои се обидоа да влезат во градското Собрание

Судирот меѓу полицијата и демонстрантите започна пред градското собрание во Белград, каде дел од насобраните бараа да им се овозможи влез, но беа спречени од полициските сили. Во хаосот беше употребен и солзавец, а полицијата потоа ги растера насобраните демонстранти.

-Сите заедно да направиме прстен околу тоа што ни припаѓа на вас, на Белграѓани, на нас а тоа е оваа зграда. Да ја опкружиме. Ја освоивме на изборите на 17 декември, а пратениците и советниците да влезат внатре и да се обратат од балконот како победници на сите нас. Одиме таму, напред. - Мирослав Алексиќ – „Србија против насилство“

-Ова е насилство што се случува тука. Зошто има толку многу полиција тука? Зошто насилство врз народот. Значи народните избраници и советници кои ги избра народот сакаат да се обратат и да говорат за изборната кражба. - Радомир Лазовиќ - „Србија против насилство“

Двете страни денеска меѓусебно се обвинуваат за тоа кој стои зад насилството. Опозициската „Србија против насилство“ тврди дека во толпата имало лица кои биле испратени за да создадат насилство. Српскиот претседател Вучиќ пак, ги обвини дека станува збор за испланиран напад врз државата. Во вонредно обраќање, ги повика граѓаните да бидат мирни и да остават на институциите да се справат со ситуацијата. Потврди дека ги следел протестите од балконот на неговата канцеларија.

-Тоа бев јас, на терасата на претседателството, на моето работно место. Не им се исплашив ниту малку. Не побегнав во друга странска земја, не се скрив во некој бункер, и никогаш од силеџии и насилници нема да се скријам. Секогаш ќе бидам крај мојот народ. Ќе ја одбраниме и зачуваме демократијата, ќе ја одбраниме и зачуваме мирот и стабилноста во нашата држава. Да живее Србија. - Александар Вучиќ – Претседател на Србија

Српската премиерка Брнабиќ пак вели дека западот не ги сфатил сериозно настаните во Белград, и се заблагодари на руската служба, за која тврди дека им доставила податоци за потенцијални инциденти.

-Пред се, податоци на овој начин ни достави и руската служба за безбедност. Кога тоа лично го споделив со одредени амбасадори, не обвинија дека шириме дезинформации, невистини, дека веруваме на руските служби и дека се тоа се глупости. Се потсмеваа, се смееја. И како што рече претседателот, некој го сфати сериозно, некој сакаше да помогне, а многумина знаеја и не сакаа да помогнат.- Ана Брнабиќ – Премиерка на Србија

Во меѓувреме, протестите продолжуваат и денеска. Српските студенти се собраа пред неколку државни институции во Белград, барајќи пристап до избирачкиот список. Тие најавија и дека ќе блокираат две локации во центарот на главниот град, а блокадите ќе траат до шест часа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кои се елитните севернокорејски хакери што ја извршија најголемата кражба на криптовалути во историјата?

Две водечки фирми специјализирани за анализа на технологија поврзана со криптовалути објавија дека поседуваат цврсти докази што го поврзуваат хакерскиот напад врз Binance, во кој беа украдени 6,3 милијарди долари, со група поддржана од Северна Кореја.

Кои се елитните севернокорејски хакери што ја извршија најголемата кражба на криптовалути во историјата?

Како што пренесува BBC, TRM Labs и Chainalysis – со висок степен на сигурност – ја идентификуваа групата „Лазарус“ (севернокорејски хакерски колектив, познат и како TraderTraitor) како најверојатен извршител на нападот врз најголемата берза за криптовалути во светот. Овој напад далеку го надминува претходниот рекорден грабеж – инцидент од 2025 година поврзан со берзата Bybit, при што беа украдени 1,5 милијарди долари.

Овој инцидент е најновиот во низата напади поврзани со Северна Кореја – една од најсиромашните земји во светот, каде што пристапот до интернет е строго ограничен.

Експертите ја обвинуваат владата на Ким Џонг Ун дека се потпира на сајбер-криминал за финансирање на државата – обвинување што Пјонгјанг долго време го негира.

Според извештаите, земјата систематски ги развива своите сајбер-операции. За таа цел, таа регрутира елитни студенти и ги насочува кон хакерски групи што се под надзор на севернокорејската разузнавачка служба.

Анализите на технолошките компании покажуваат дека дел од овие операции се одвиваат во соседна Кина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Ангел на ВС како „подарок“

Најсекси ангелот на Викторија Сикрет, Кендис Свонпул уште еднаш ја покажа харизмата на вистинска заводничка. Нејзината најнова модна кампања маѓепса многумина.

Фото: Ангел на ВС како „подарок“

Супермоделот Кендис Свонпул е заштитното лице на најновата новогодишна колекција на брендот „Викторијас сикрет“.

По спектакуларниот настап на неодамнешната модна ревија на брендот, не е изненадувачки што таа сега е во центарот на нивната нова модна кампања.

Кендис гордо позира во атрактивни модни парчиња – поточно, долна облека од тантела во електрично сина боја, која совршено ја истакнува нејзината прекрасна фигура.

Изгледот го заокружи со дијамантски ѓердан околу вратот, како и со високи потпетици што ги нагласуваа нејзините витки нозе.

За да ја долови новогодишната магија, една од најпознатите манекенки во светот позираше покрај огромни подароци, украсени со ленти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Познати фудбалер го освои срцето на фатална кантри пејачка

Фудбалерот на Милан, Американецот со потекло од балканот Кристијан Пулишиќ има нова девјка, мегапопуларната канти пејачка Меган Морони.

Познати фудбалер го освои срцето на фатална кантри пејачка

Љубовните животи на познатите спортисти и нивните партнерки повторно се во центарот на вниманието, а две убавици од светот на шоу-бизнисот веќе се шегуваат дека припаѓаат на новата генерација на таканаречени „WAG“ девојки.

За време на гала-настанот „Time100“ во Њујорк, 29-годишната кантри-пејачка Меган Морони се сретна со својата пријателка Еиза Гонзалез. Двете ѕвезди разговараа за своите партнери за време на настанот. Гонзалез е во врска со тенисерот Григор Димитров најмалку од април 2025 година, додека новата романса на Меган Морони со фудбалската ѕвезда Кристијан Пулишиќ (28) неодамна стана предмет на јавен интерес.

„Ние сме новата генерација девојки на познати спортисти“, се пошегува Гонзалез во разговор со Меган.

Само една недела претходно, фановите со остро око забележаа значаен детал дека пејачката на „6 Months Later“ и фудбалерот се во врска.

Меган потоа се појави на модната ревија на „Victoria's Secret“ за 2026 година и беше фотографирана со телефон во раката, на чиј екран можеше да се види фотографија во позадина.

На фотографијата, Меган изгледаше како да е прегрната со ѕвездата на американската фудбалска репрезентација.

Уште во јули, Меган наводно била видена со Пулишиќ во бар во Нешвил, додека пак, профил на обожавател посветен на фудбалерот објавил фотографија од него на нејзиниот концерт на Флорида, заедно со неговиот братучед, пренесува „Пипл“ (People).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер