КултураСрпска вечер на „Охридско лето“ Српска вечер на „Охридско лето“ со концерт на познатиот виолинист Немања Радуловиќ и ансамблот „Дабл сенс“.Во рамки на Српската вечер на „Охридско лето“ вечерва на сцената „Долни Сарај“ ќе настапи афирмираниот виолинист Немања Радуловиќ, заедно со ансамблот „Дабл сенс“. Немања Радуловиќ со неговата уникатна енергија и искреност во изведбите, како и со возбудливата виртуозност, длабочина на изразот и со авантуристичкиот пристап кон програмата што ја изведува говори за тоа дека музиката навистина има моќ да ги зближува луѓето. Неговиот долго очекуван деби настап на фестивалот „Би-Би-Си Промс“ во 2019 година со симфонискиот оркестар на градот Борнмут и под диригентската палка на Кирил Карабитс беше изведба на Концертот за виолина и оркестар од С. Барбер. Критиката напиша дека бил отсвирен со „лирска деликатност и со супервиртуозност“. Во 2021 година Радуловиќ потпишува ексклузивен договор за продукциската куќа „Ворнер Класикс“, а неговиот прв албум за нив со наслов „Корени“ (Roots) претставува восхитувачко звучно патешествие кое е резултат на неговите бројни влијанија и инспирации до сега. Неговиот претходен албум „Баика“е еден од низата од девет успешни албуми направени за „Дојче грамофон“ и „Јуниверзал мјузик“ кои ќе му го донесат епитетот „огнен виор на музика“ од страна на магазинот „Би-Би-Си Мјузик“ кој му додели пет ѕвездички и наградата „Избор на критиката“. Магазинот „Грамофон“ пак ги издвојува специфичните „парови“ присутни на албумот велејќи дека „Радуловиќ со Концертот за виолина од Хачатуријан создава енергија и огнена сила“, продолжувајќи со зборовите „со Радуловиќ како раскажувач, ова е албум со восхитувачки приказни“. Добитник е на наградата „Ехо Класик“ во 2015 година за „Откритие на годината“, Немања Радуловиќ е уметник кој настојува да ги прошири границите на класичната музика. Тоа му носи вистинска армија на обожаватели низ целиот свет кои уживаат во неговите настапи со водечките светски оркестри и диригенти вклучувајќи ја Лондонската филхармонија, оркестрите во Минхен, Берлин, Дрезден, Хановер, Келн, Кралската филхармонија во Ливерпул, Токио Симфони, Симфонискиот оркестар на Монтреал, националните оркестри во Лил и во Шпанија, Холандската Радио филхармонија и многу други, а скорешните настапи ги вклучуваат дебито со Њујоршката филхармонија, оркестрите во Гетеборг и Даблин, Филхармонискиот оркестар во Стразбур, како и опсежна турнеја низ Велика Британија со Симфонискиот оркестар од Гавле и диригентот Хаиме Мартин, а распродадени се неговите настапи со „Дабл сенс“ на фестивалите во Нант, во парискиот театар „Шанзелизе“ и во Берлинската филхармонија. Немања Радуловиќ е роден во Србија во 1985 година, студирал на ФМУ во Белград, како и на Високата музичка школа во Сарбрукен, на академијата „Штауфер“ во Кремона во класата на Салваторе Акарда и на Конзерваториумот во Париз во класата на Патрис Фонтанароса. За албумот „Корени“ што Радуловиќ и „Дабл сенс“ го промовираат на голема балканска турнеја, самиот тој ќе рече: „Овој проект за мене е многу интересен и е создаден за време на пандемискиот „локдаун“ кога многу слушав музика, главно Моцарт и „ворлд мјузик” и тоа всушност ме враќаше во живот. За време на пандемијата имав можност длабоко да размислувам за музиката денес, но и за музиката во минатото и иднината. Слушав музика од различни стилови, и почнав да ја развивам идејата за овој проект кој е исчекор за мене како музичар. Сé за мене е ново затоа што не станува збор за класична музика, туку претставува стилизација на традиционални песни на повеќе народи од песни познати во нашите земји, преку мелодии од други делови на Европа, па сѐ до оние далечните како Кина, Јапонија и Индија.“ Ансамблот „Дабл сенс“” е основан во 2008 година кога виолинистот Немања Радуловиќ ги собра на едно место неговите омилени француски и српски музичари да настапат заедно како камерен оркестар. Оваа уникатна ансамбл–формација ја соединува пријателството и тие како едно семејство ја делат љубовта и желбата да музицираат заедно што е очигледно кога тие се на сцената. Радуловиќ не случајно ќе каже: „Мојата музика, моите пријатели? Мојата Франција? Мојата Србија? Мојот живот порано и сега? Идејата за создавање на „Дабл сенс“ се роди токму благодарение на овие прашања! Сакав да ги соберам моите српски и француски музички пријатели и не морав многу да размислувам за составот зошто лично го познавам секој од нив и бев сигурен дека нивните карактери ќе бидат компатибилни бидејќи пред сé, суштината на овој ансамбл е среќата која ја чувствуваме кога создаваме музика заедно. Кога прв пат настапивме во овој состав, сите почувствуваме потреба да продолжиме заеднички да музицираме и да се собереме повторно што поскоро. И после неколку години откако свириме заедно, тоа сé уште сите го чувствуваме- не можеме да го дочекаме мигот повторно да сме сите заедно!“ Радуловиќ и „Дабл сенс“ имаат снимено четири заеднички албуми „Пет сезони“ (2011), „Патување на исток“ (2015), Рококо варијациите од Чајковски во оригиналниот аранжман за виола (2017) како „Баика“ (2018) на кој се заедно во изведбата на „Шехерезада“ од Николај Римски-Корсаков. Последниот албум исто така, е издаден како видео-албум со наслов „Уникатно“ снимен во Карнак и на него ансамблот свири дела од Бах, Вивалди, како и традиционални и дела кои се преод од класиката кон тн.„world music”. Овој „визуелен албум“ беше емитуван во кино-салите во цела Франција. Во 2022 година Радуловиќ и „Дабл сенс“ го снимаат првиот заеднички албум за издавачката куќа „Ворнер“ со наслов „Корени“ (Roots). Тој содржи аранжмани на традиционална и модерна музика во еден вид музичко патешествие околу светот. Ансамблот активно настапува низ целиот свет, а последните и идни настапи ги водат во Театарот „Шанзелизе“ во Париз, „Концертхаус“ во Виена, „Тонхале“ во Дизелдорф, Операта во Марсеј, „Коларац“ во Белград, концертната сала во Кјото како дел од турнејата во Јапонија, како и во салата на Берлинската филхармонија. Почетокот на концертот е од 21 часот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизЏенифер Лопез позира во боди со длабоко деколте (ФОТО)Џенифер Лопез повторно привлече внимание со објава на Инстаграм.57-годишната пејачка сподели неколку фотографии по тренинг, на кои позира во кафеаво боди со длабоко деколте. Освен што ја покажува својата фигура, таа откри и со што сака да се почасти по тренингот - колачиња и млеко. „Вежбајте и јадете колачиња. Рамнотежа“, напиша таа покрај фотографиите. Во коментарите набрзо почнаа да го фалат нејзиниот изглед. „Прекрасна жена“, „Совршенство“ и „Ти си мојата најголема инспирација“ се само дел од пораките што ги оставија нејзините следбеници. View this post on Instagram A post shared by Jennifer Lopez (@jlo) Најави концертен филм Лопез го претстави и својот нов проект, концертниот филм „The JLO Show: Live in Las Vegas“, кој ги носи најинтересните моменти од нејзините настапи во Лас Вегас оваа година. Премиерата е закажана за Денот на благодарноста, 26 ноември, на американската телевизиска мрежа „CBS“ и стриминг платформата „Paramount+“. „Со ова шоу, сакам да раскажам кратка приказна и да им оддам почит на сите забавувачи кои стоеле на оваа сцена пред мене“, рече Лопез во најавата. Таа се подготвувала за настапи до 13 часа на ден Пред премиерата, пејачката и порача на публиката да не престанува да танцува, без оглед на животните предизвици. Таа ја одржа својата последна серија концерти во Лас Вегас во март, а подготовките, според извори за Дејли Меил, биле исклучително напорни. Наводно, таа вежбала кореографија со танчерите во танцово студио во Северен Холивуд до 13 часа на ден, сакајќи да ѝ пружи на публиката најдобра можна изведба. Извор: Индекс.хрТагови: Џенифер Лопез Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМихаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
АвтомобилизамСпортски автомобил во кој возачот седи како мотоциклист (ФОТО)„Sanrivatti One“ е хипер автомобил со V10 мотор од 800 КС и необична положба за возење.„Sanrivatti One“ е нов хипер автомобил дизајниран исклучиво за возење на тркачки патеки, а неговата најголема карактеристика не е моторот, туку сосема поинаква положба за возење. Наместо вообичаената положба за седење, возачот „лежи“ на стомак, со рацете испружени кон воланот и нозете повлечени назад кон педалите. Проектот го презентираше Сантијаго Санчез Риверо, кој го нарече овој аранжман „Apex Position“. Инспирацијата доаѓа од мотоциклистичките трки, а целта е да му се обезбеди на возачот значително подобро видно поле. Според конструкторите, вертикалното видно поле е 28 степени, додека кај хипер автомобилот што се користи за споредба е 15,5 степени. И покрај својата необична позиција, „Sanrivatti One“ задржува класичен волан и педали, наместо џојстици што се користат во некои експериментални тркачки автомобили. Бидејќи овој автомобил е без преседан, купувачите ќе мора да поминат низ посебна програма за обука. Санчез Риверо планира да организира еден вид клуб каде што сопствениците ќе научат како да го возат автомобилот. Под каросеријата инспирирана од борбен авион се наоѓа атмосферски 5,5-литарски „Judd V10“ мотор. Целната моќност е 800 КС при 9.000 вртежи во минута, со околу 700 Nm вртежен момент. Моќта се пренесува на тркалата преку секвенцијален шестстепен менувач „Hewland“. Конструкцијата е базирана на карбонски монокок, а целната тежина без течности е само 1.100 кг. Дизајнираната максимална брзина е 322 км/ч. Важно е да се напомене дека сите горенаведени бројки се целни вредности засега, бидејќи развојот, тестирањето и хомологацијата се уште се во тек. Првите испораки до клиентите не се очекуваат до 2030 година. Дотогаш, малиот тим зад проектот ќе треба да докаже дека необичната положба на возење всушност носи предности на тркачката патека. Извор: Б92Тагови: Sanrivatti One Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМихаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
ЕвропаНасилни судири во Берлин: Полицијата ги удира демонстрантите (ВИДЕО)Нов протест на иницијативата „Gen Z regelt“ во Берлин во саботата навечер доведе до судири меѓу демонстрантите и полицијата.Видео објавено на социјалната мрежа „X“ покажува како полицијата турка и совладува група млади луѓе во вагон на метрото. Според полициските податоци, околу 1.200 луѓе поминале низ западниот дел на Берлин во еден момент, иако собирот бил регистриран само за 100 учесници. Колоната тргнала околу 17 часот од Савињи Плејс во областа Шарлоттенбург, поминала по Курфирстендам и се разотишла на станицата Халенсе, објавува Тагесшпигел . Портпаролката на полицијата изјави во недела наутро дека 20 лица се привремено уапсени, вклучително и за поставување огномет, отпор при апсење и напад на полицајци. Поднесени се 28 кривични пријави, вклучително и за нарушување на јавниот ред, напад на службени лица и кршење на прописите за експлозиви. Тројца полицајци се повредени, додека полицијата не даде информации за повредени демонстранти. Портпаролката додаде дека податоците сè уште се обработуваат и дека бројките би можеле да се променат. The police in Berlin have had enough of those who create chaos in Germany. https://t.co/MOhad35F3m — RadioGenoa (@RadioGenoa) November 15, 2026 Обид за пробивање на полицискиот кордон Како што објави полицијата на својот „WhatsApp“ канал, учесниците се обиделе да го пробијат полицискиот кордон на чело на колоната пред да тргнат. Полицијата ги запрела со туркање и удирање со тупаници. На теренот имало околу 700 полицајци, а колоната била запрена неколку пати за време на нејзиното движење. На митингот биле извикувани слогани против Израел и германскиот канцелар Фридрих Мерц, додека полицијата изјави дека неколку пати биле скандирани и слогани против полицијата. Тагесшпигел пишува дека биле видени палестински и курдски знамиња и дека митингот не бил исклучиво студентски протест, бидејќи присуствувале и левичарски групи и пропалестински активисти. Организаторите го опишаа митингот како мирен и се дистанцираа од насилство и екстремизам. Портпаролката на полицијата рече дека протестот бил во голема мера мирен и дека нема оштетени продавници на Курфирстендам. Најавен е европски штрајк на младите Иницијативата „Gen Z regelt“ протестира против лошите услови во училиштата, задолжителната воена служба и намалувањата на универзитетите и социјалното осигурување. На крајот на октомври, таа организираше протести во повеќе од 30 германски градови, а во Берлин, околу 5.000 луѓе се собраа пред Бранденбуршката порта, според полициските податоци. Најавен е европски штрајк на младите за 20 ноември, а организаторите пријавија 15.000 учесници само во Берлин. Се очекуваат протести и во Франција, Италија, Шпанија, Белгија и Обединетото Кралство.Тагови: Берлин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter