Српска свадба: Важно е подарокот на кумот сите да го видат(ВИДЕО)

Видеото од една свадба во Србија, иако не е јасно точно каде, стана вирално на социјалните мрежи.

Во последниве денови, Србите споделуваа снимки од свадба на кои се гледа како кумот вблегува во салата - со бојлер на рамо. Младоженецот се смее додека невестата прво се фаќа за главата, а видеото предизвика бројни реакции на Твитер. „И од кумот бојлер“, беше напишано покрај видеото кое стана хит. Погледнете како изгледаше.

Иако видеото воодушеви и насмеа многу луѓе, не сите имаа исто мислење. Некои рекоа дека „забавата воопшто не е смешна“, додека некои му замерија на кумот за „белите чорапи на црни чевли“. „Тоа кумееее“, се некои од реакциите.

Честитка од претседателот Пендаровски по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционер

Претседателот Стево Пендаровски упати честитка до граѓаните по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба. 

Во рамки на одбележувањето на државниот празник, делегации од Кабинетот на Претседателот на Република Македонија денеска положуваат свежо цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк во Скопје и Спомен куќата на Петар Поп Арсов во с. Богомила. Во продолжение го проследуваме интегралниот текст на честитката од претседателот Пендаровски.

Почитувани сограѓани,

Ви го честитам 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба. На овој ден се потсетуваме на основоположниците на македонското револуционерно движење, кои беа водени од праведни идеали и принципи што, во нашиот регион, беа пред своето време. Тоа беа идеали за слободна македонска република, втемелена врз демократски принципи, во која ќе има соживот меѓу различните етнички, верски и јазични заедници. На нив се надоврзаа илинденците и антифашистите кои се бореа и се изборија за нашата слобода и државност.

Денес, 127 години подоцна, наша генерациска должност не е само да ги чуваме придобивките на нашите предци, туку и да го направиме следниот чекор. Да ја градиме Република Македонија во напредна европска држава со функционални и одговорни институции, со владеење на правото и со слободно и инклузивно општество.

Годинава, празникот го одбележуваме во услови на глобална пандемија со КОВИД-19, која нè потсети колку е испреплетена нашата судбина и колку ние луѓето сме ранливи, независно од нашите етнички, верски, политички и социјални разлики. Овој предизвик што ги надминува нашите разлики е истовремено и можност преку солидарноста да постигнеме граѓанско помирување кое ни е толку непходно. Солидарноста мора повторно да стане наша врвна индивидуална и општествена доблест. Само ако се грижиме едни за други, само ако државата се грижи за секој свој граѓанин, ќе има надеж за Република Македонија.

Нека ни е честит 23 Октомври!

Стево Пендаровски

СДСМ: Просечната плата во август зголемена за 9,6 отсто

Мерките и политиките на СДСМ обезбедуваат раст на платите и во време на криза.

Во екот на најголемата светска здравствена и економска криза, од која не е поштедена ниту нашата земја, ефикасните и навремени антикирзни мерки на Владата предводена од СДСМ обезбедуваат раст на платите.

Просечната месечна нето плата по вработен во август годинава, според официјалните податоци на Државниот завод за статистика изнесувала 27.535 денари.

Платата во август, и во услови на најголемата криза во светот, по втората светска војна, е зголемена за 9,6 отсто во однос на истиот месец минатата година.

Од јуни 2017 година, кога СДСМ застана на чело на Владата, просечната плата во државата порасна за 4.727 денари.

СДСМ преку бројни мерки и политики, во изминатиот период покажа што значи вистинска грижа за граѓаните, за економијата, за државата.

Продолжуваме посветено да работиме во интерес на граѓаните и на стопанството.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ: Комисијата за заразни болести потфрли

Неспособноста на власта во справување со Ковид пандемијата предизвикува и ризик за децата во градинките и учениците кои посетуваат физички настава.

Комисијата за заштита од заразни болести потфрли и цело лето не направи ниту план ниту стратегија во поглед на протоколи и пристап, епилогот е 2000 заболени за една недела, заболени во болниците, градинките, училиштата, фабриките, буквално секаде.

Власта која ја исполитизира Комисијата продолжува и понатаму со истата политика и со истата Комисија, чија работа до сега резултираше со катастрофа на здравствен план, 1 милијарда задолжувања за надминувања на последиците од Ковид пандемијата врз економијата, над 40 илјади луѓе останати без работа, како и цели семејства со намалени приходи.

Неспособноста и незаинтересираноста на власта предизвикаа и преполни болници и скоро ниту едно слободно место во болниците како во Скопје, така и низ државата. Летниот период не се искористи за зголемување на болничките капацитети, и сега се соочуваме со хаос.

Катастрофата која ја живееме сега поради неспособноста на власта пред се е предизвикана од неспособната и исполитизирана Комисија за заштита од заразни болести, затоа потребна е нова Комисија која ќе има за цел справување и надминување на ситуацијата и последиците од ситуацијата на здравствен план.

СДСМ мора да се стави во функција на граѓаните, да ја надмине суетата и да прифати предлог кој е од полза за државата. Иднината на Македонија е позначајна од нивните краткорочни политички поени.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер