Мицкоски од Кавадарци: Пуштен е во употреба реконструираниот Градски базен, продолжуваме да го исполнуваме ветеното
1Мицкоски од Кавадарци: Пуштен е во употреба реконструираниот Градски базен, продолжуваме да го исполнуваме ветеното
ЗабаваСрпска манекенка доби второ дете со познат холивудски актер (ФОТО)Српската манекенка и актерка Нина Сеничар го роди своето второ дете со сопругот, актерот Џеј Елис, кој глумеше во филмот Топ Ган: Маверик.Сеничар на својот Инстаграм објави фотографија на која заедно со сопругот и ќерката го држат за нозете новородениот син. „Леле, имаме син“, напиша убавата Србинка и откри дека момчето се родило на 11 јули. View this post on Instagram A post shared by Nina Senicar (@ninasenicar) Двојката го нарече својот син Ноа Греј Елис, а веќе ја имаат ќерката Нора Грејс Елис, која се роди во 2019 година. Двојката се венча пред две години, а пред тоа беа во врска седум години. Нивната прва средба се случила случајно во еден бар во Лос Анџелес. "Го поканив на вечера, го однесов на вечера и платив за тоа. Имав друга идеја како ќе се развие, но не се разви така. Затоа што тој имаше сосема друга идеја во главата. Ако го прашате, ќе каже дека кога ме виде си кажа дека ќе се ожени за да биде мажот на мојот живот“, рекла таа еднаш. View this post on Instagram A post shared by Nina Senicar (@ninasenicar) Во јули 2022 година, тие се венчаа на свадба од бајките во Тоскана, а на церемонијата, која ја пренесоа светските медиуми, присуствуваа околу 190 гости. Престижниот магазин Вог ја рангираше нивната венчавка меѓу 10-те најубави за таа година. „На самиот почеток на вечерата ги замолив сите гости да се напијат по една чаша ракија. Тоа е познат српски пијалок кој е во нашата традиција стотици години“, изјави тогаш Нина за Вог. Инаку, Нина ја започна својата кариера како водителка на италијанската телевизија, по што работеше и како модел, а во 2010 година учествуваше во реалното шоу „Островот на славните“ кое се прикажуваше во Италија. По шоуто, таа се посвети на актерството, а зад себе има неколку улоги во филмовите како „Најубавата“ и „Доунхил од Блис“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦаринска управа: Запленет златен накит вреден 1,3 милиони денари09:19Сончево со температура до 34 степени 08:31Десетици повредени граѓани, оштетени автомобили и објекти остави невремето зад себе 15:00По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар18:26
По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33
МакедонијаМицкоски од Кавадарци: Пуштен е во употреба реконструираниот Градски базен, продолжуваме да го исполнуваме ветенотоОвој спортско-рекреативен центар мислам дека има регионално значење и е добар, да не речам, одличен.Добар ден и од мене. Повторно сме во Кавадарци. Минатиот пат кога бев тука пред десетина дена почнувавме проект, сега пуштаме во употреба проект. Овој спортско-рекреативен центар мислам дека има регионално значење и е добар, да не речам, одличен. Од целосно запуштен објект, којшто сведочеше на едно лошо време, денеска гледаме како добива смисла и добива содржина и многу сум среќен што можам да видам како нашите најмлади, дечињата уживаат во ова коешто за нив го правиме во суштина. Да се заблагодарам на градоначалникот, на пратениците коишто доаѓаат од овој регион, коишто се борат за проект повеќе, на советниците во Советот што ја поддржуваат работата на градоначалникот, на администрацијата, се разбира, сите оние коишто се вклучени во овие проекти, на колегите од Владата, министерот за спорт. Навистина овој инвестициски бран има за цел да го видоизмени ликот, би рекол, на многу градови, многу населени места во државата и јас сум убеден дека кога сето ова ќе заврши, а знаете не се малце повеќе од 1.200 проекти се, ќе добиеме сосема поинаква Македонија, поразлична од онаа којашто ја наследивме од претходната влада на СДСМ и ДУИ. Така што, ние продолжуваме да работиме и продолжуваме да го исполнуваме ветеното, бидејќи тоа е нашата цел и тоа е нашата задача како политичари, истакна премиерот Мицкоски. Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦаринска управа: Запленет златен накит вреден 1,3 милиони денари09:19Сончево со температура до 34 степени 08:31Десетици повредени граѓани, оштетени автомобили и објекти остави невремето зад себе 15:00По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар18:26
По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33
МакедонијаГрад Скопје: 60 нови садници во Градскиот парк - ги санираме последиците од невремето!Страшното невреме, проследено со силен ветер со оркански удари, остави тешки последици низ градот, но и во срцето на Скопје, во Градскиот парк.Паднаа голем број дрвја, а беше оштетена и урбаната опрема. Но, ние не дозволуваме последиците да останат слика на нашиот град! По вчерашната голема акција за расчистување, уште денес започнавме со засадување на 60 нови садници јавор и јасен. Тие ќе донесат повеќе сенка, почист воздух и нов живот во зелената структура на паркот. И ова е само почеток! Градскиот парк ќе го оплемениме со уште повеќе дрвја, зеленило и нови содржини. На местото на секое паднато дрво ќе никне нова надеж, а паркот повторно ќе биде уште позелен, поубав и подостоен за скопјани. Паралелно, нашите екипи продолжуваат со санирање на штетите низ целиот град. Невремето може да собори дрвја, но не може да ја собори нашата волја, Скопје да е посилно и позелено од порано! https://www.facebook.com/share/1B95JW3ybr/?mibextid=wwXIfr Град СкопјеКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈО: Работник ги нападнал газдите со нож заради неисплатени дневници, поведена постапкаЈавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Загрозување со опасно орудие Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Загрозување со опасно орудие при тепачка или караница според член 133 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 30-годишник со нож се заканувал на двајца сопружници во чија фирма работел, барајќи да му ги исплатат последните неисплатени дневници. На 21 јули попладне, кога мажот и жената со нивниот автомобил излегувале од фирмата во селото Трубарево, осомничениот им го попречил патот, застанувајќи пред возилото со нож во рацете. Агресивно замавнувал, ги навредувал и им се заканувал, а потоа со ножот им ја исекол левата задна гума од автомобилот. Оштетениот се обидувал да го смири, а неговата сопруга исплашена побегнала и влегла во казино во близина од каде повикала полиција. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка во Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерки за претпазливост за оштетениот – забрана за напуштање на живеалиште/престојувалиште, привремено одземање на патната исправа и забрана за приближување до оштетените, стои во соопштението од Јавното обвинителство.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦаринска управа: Запленет златен накит вреден 1,3 милиони денари09:19Сончево со температура до 34 степени 08:31Десетици повредени граѓани, оштетени автомобили и објекти остави невремето зад себе 15:00По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар18:26
По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33