Српска листа: Гласањето за разрешување на градоначалниците – фарса на режимот на Курти - Канал 5

Српска листа: Гласањето за разрешување на градоначалниците – фарса на режимот на Курти

Гласањето за разрешување на градоначалниците во северно Косово – фарса на режимот на Курти

Српска листа: Гласањето за разрешување на градоначалниците – фарса на режимот на Курти

Најголемата партија на косовските Срби, Српска листа, по завршувањето на процесот на гласање за разрешување на градоначалниците во четирите општини во северно Косово, синоќа оцени дека гласањето претеставувало фарса организирано од, како што вели, „режимот на Албин Курти“, јави дописникот на МИА од Приштина.

По објавувањето на резултатите од вчерашното гласање, на кое излегоа само 203 од над 46 илјади регистрирани гласачи во општините Лепосавиќ, Зубин Поток, Звечан и Северна Митровица, со што референдумот се прогласи за неуспешен, СЛ оцени дека вчерашниот ден „покажа висок степен на единство на српскиот народ“.

„Српскиот народ (во Косово)... остана доследен на себе, но и докажа дека не се Српската листа и Србија тие кои ги плашат Србите, туку Курти и неговата нелегална параполиција, што резултираше со празни улици на северот“.

Според СЛ, неделата покажала неколку работи кои треба да се земат предвид во следниот период, пред се од претставниците на меѓународната заедница.

„Првата е дека Српска листа беше длабоко во право кога го повика српскиот народ да не учествува во оваа игра на Курти, бидејќи таа беше создадена од почетокот со намера да пропадне“, се вели во соопштението.

Како второ, од СЛ велат дека биле подготвени да учествуваат во овој процес, но, според нив, не сакале да ја играат „играта во режија на Курти“, со која, според нив, воопшто не било планирано заминување на актуелните претседатели.

„Трето, денешниот ден покажа како изгледа демократијата под Албин Курти, со долги цевки, со специјалци и оклопни возила на избирачките места, камери кои ги снимаат гласачите и како тие се изјаснуваат, одборници во избирачките одбори, избирачки одбори без Србин во нив и без српски јазик на многу избирачки места“, се вели во соопштението на СЛ.

Во четирите општини во северно Косово, населени со мнозинско српско население, вчера се одржа гласање за разрешување на градоначалниците, како услов за распишување нови локални избори во тие општини, откако минатогодишните избори косовските Срби ги бојкотираа.

За да биде успешно гласањето, требаше да гласаат најмалку 50 отсто плус еден граѓанин. Доколку се исполнеше овој услов, тогаш вонредните избори ќе се одржеа во законските рокови. Со оглед дека учествуваа помалку од 50 отсто, гласањето се смета за неуспешно и не може да се преземе друга иницијатива пред да поминат 12 месеци.

Поранешните српски градоначалници на општините поднесоа оставки во ноември 2022 година по одлуката на Владата во Приштина за промена на српските со косовски регистарски таблички. По неколку месеци, на 23 април 2023 година, се одржаа нови избори на север, но истите беа бојкотирани од Српска листа и од српските граѓани. Тоа влијаеше на слабиот одѕив на граѓаните во гласањето и резулира со победа на кандидатите на партиите на косовските Албанци. Подоцна, по протестите на тамошните Срби поради влегувањето на новите градоначалници во општинските згради со асистенција на полицијата, на барање на меѓународниците, Министерството за локална самоуправа изготви административно упатство во кое се предвидуваат процедурите како да се оди на избори преку петиција. По успешната петиција се одреди датумот за гласање, меѓутоа српските политички субјекти од областа, непосредно пред него, објавија дека истото ќе го бојкотираат. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Двајца уапсени во кафуле во Тетово- кај газдата пронашле 15 пакувања дрога

Акциска контрола во угостителски објект во Тетово, пронајдена дрога, лишени од слобода две лица.

Двајца уапсени во кафуле во Тетово- кај газдата пронашле 15 пакувања дрога

На 23.10.2026, полициски службеници од Отсекот за криминалистичка полиција при СВР Тетово и од мобилниот тим „Task Force“ во координација со претставници од Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи спроведоа акциска контрола во угостителски објект во Градскиот трговски центар во Тетово.

Притоа, пред објект бил затекнат М.Р.(48) од Тетово и при преглед кај него била пронајдена бела прашкаста материја, по што е лишен од слобода. Додека, внатре во објектот, кај сопственикот Ј.Т.(54) од село Требош биле пронајдени 15 пакувања со бела прашкаста материја, по што и тој е лишен од слобода.

Двајцата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерот Муцунски ја предводеше владината делегација на одбележувањето на 23 Октомври

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Скопје ја предводеше владината делегација која положи цвеќе пред Споменикот на основачите на ВМРО, по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.

Министерот Муцунски ја предводеше владината делегација на одбележувањето на 23 Октомври

По повод празникот, министерот Муцунски истакна дека 23 Октомври е потсетник на идеалите за слобода, самостојност и државотворност и ден на почит кон генерациите што го трасирале патот кон современата македонска држава.

„Наша обврска е тие идеали да ги чуваме со достоинство и да градиме силна, стабилна и меѓународно почитувана држава, одговорно водејќи ја кон напредок и нови достигнувања“, порача Муцунски.

Свои на своето – нека е честит Денот на македонската револуционерна борба!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Двајца кумановци нападнаа повозрасен маж за да го принудат да земе брз кредит, уапсени се

Лишени од слобода две лица од Куманово, физички нападнале и ограбиле повозрасен маж и се обиделе да го принудат да земе брз кредит од финансиско друштво.

Двајца кумановци нападнаа повозрасен маж за да го принудат да земе брз кредит, уапсени се

На 22.10.2026 во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода 45 - годишната С.Б. и Р.Т.(52) од Куманово. Според пријавеното, С.Б. измамила и повикала во својот дом 64-годишен маж наводно за да ѝ помогне да купи мобилен телефон, а кога пристигнале во дворот Р.Т. физички го нападнал, а таа му одзела пари и телефон . Како што е пријавено, после тоа го принудиле да отиде во финансиско друштво за да подигне брз кредит, но тој успеал да ѝ сигнализира на вработената дека е принуден да го прави тоа, по што повикала полиција.

Двајцата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер