Среќниот брак е одлука, не надеж! - Канал 5

Среќниот брак е одлука, не надеж!

Колкумина од брачните партнери живеат како непријатели под ист покрив. Колку од нив не се решаваат на развод само за да не бидат самохрани родители или да задржат некаква слика пред пријателите и роднините. А колкумина се разведуваат при првиот проблем?

Среќниот брак е одлука, не надеж!
Никој не рекол дека бракот секогаш ќе биде полн со романтика и љубов, без проблеми, како бајка.

Ако се влезе во бракот со овие очекувања, или набргу ќе се излезе од него или брачните партнери ќе живеат како туѓинци под еден покрив.

Но, дали бракот ќе биде среќен зависи пред се од одлуката на луѓето кои решиле да живеат заедно.

Советот на брачната двојка со најдолг стаж на светот е скапоцен. Херберт и Зелмајра Фишер кои во 2011 беа прогласени за брачна двојка со најдолг стаж - 87 години заеднички живот, ја открија тајната на успешниот брак. Тоа е велат, тимска работа!




- Секој што ќе посади семе и ќе добие плод слави заеднички. Ние сме индивидуалци но заеднички имаме поголеми постигнувања. Бракот не е натпревар - никогаш не бркајте резултат.Господ не споил во еден тим за да победуваме - велат Херберт и Зелмајра Фишер.

/ извор: hallmarknews.com

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода српски државјанин на ГП Табановце, управувал возило со брзина од 158 км/час на место каде дозволената брзина е 80 км/час

​На 22.11.2026 во 19:40 часот на Граничен премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници го лишиле од слобода Ѓ.К.(59) од Србија. 

Лишен од слобода српски државјанин на ГП Табановце, управувал возило со брзина од 158 км/час на место каде дозволената брзина е 80 км/час

При проверка на патничко возило „ауди“ со српски национални ознаки, кое го управувал, било констатирано дека преку системот „Безбеден град“ бил евидентиран како сторител на кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“. Имено, на 19.11.2026 на автопатот Демир Капија-Гевгелија тој го управувал возилото со брзина од 158 километри на час, на место каде максимално дозволената брзина изнесува 80 километри на час.

Тој бил спроведен во Полициска станица Неготино, известен бил јавен обвинител и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Засилени инспекциски контроли во Општина Бутел

Денес се спроведуваат засилени инспекциски контроли на територијата на oпштина Бутел, во координација со инспекциските служби на Град Скопје и министерството за внатрешни работи. 

Засилени инспекциски контроли во Општина Бутел

Под засилен инспекциски надзор се повеќе објекти за кои постојат основи за сомневање дека работат спротивно на законските прописи. Се вршат проверки на градежната документација, законитоста на изградените и доградените делови од објектите, дозволите за поставување и користење тераси, како и почитувањето на останатите законски обврски. Истовремено, се спроведуваат и засилени сообраќајни контроли, при што се изрекуваат казни за непрописно паркирани возила на пешачки премини, велосипедски патеки и зелени површини. Засилените контроли ќе продолжат и во наредниот период, со цел воспоставување ред, безбедност и почитување на законските прописи. Во општина Бутел нема селективност во спроведувањето на законите. Редот и законитоста се обврска за сите граѓани.

Општина Бутел

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вакцинацијата против сезонски грип продолжува — досега вакцинирани 28.035 граѓани

Со вакцина против сезонски грип, досега, заклучно со 23.11.2026, се вакцинирани вкупно 28.035 граѓани, а преку електронска пријава на „Мој термин“ се пријавени вкупно 79.011 лица.

Вакцинацијата против сезонски грип продолжува — досега вакцинирани 28.035 граѓани

Закажани се 54.778 термини, од кои 23.225 се претстојни во наредниот период. Реализацијата на веќе поминатите термини изнесува 88,9 отсто.

Дополнителните над 26.000 дози се пристигнати и се дистрибуираат до вакциналните пунктови низ државата.

Вакцинацијата е бесплатна и се спроведува на 31 вакцинален пункт. Приоритет имаат лицата над 65 години, хроничните болни, здравствените работници, бремените жени и децата од 6 месеци до 5 години.

Министерството за здравство ги повикува граѓаните од ризичните групи да се вакцинираат и навреме да се заштитат.

Граѓаните кои добиле СМС со термин, а се спречени да дојдат, да го откажат терминот за да биде достапен за друг пациент.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер