Дали изневерувате, а не сте ни свесни за тоа? Овие се 7 навики кои можат да ја уништат врската, иако не изгледаат како изневерување
2Дали изневерувате, а не сте ни свесни за тоа? Овие се 7 навики кои можат да ја уништат врската, иако не изгледаат како изневерување
ЗабаваСреќни часови во Нептун само на 17 август – Големи попусти и подароци на секој час!Само овој понеделник 17 август HAPPY HOURS акција во Нептун со големи попусти и подароци на секој час! Посетете ги Нептун продавниците овој понеделник, разгледајте ги одличните понуди, купете и бидете потенцијален добитник на еден од 250-те подароци. Акцијата важи во сите 25 продавници на Нептун ширум државата, како и онлајн на нивната веб страница Не ја пропуштајте оваа шанса за шопинг по одлични цени со големи попусти и можност да добиете подарок! Овој август Нептун го посвети на сите оние 300.000 домаќинства кои се дел од нивната “haPPy” лојална програма и имаат купувано производи изминативе шест години колку што и постои најголемата лојална програма во државава. Кампањата со назив “Нептун – Дел од вашиот дом” опфаќа повеќе категориски промоции во кои се опфатени најквалитетни уреди од најпознатите светски брендови по супер цени. Во кампањата на интересен начин се претставени секојдневни ситуации во кои голем дел од семејствата во нашата држава ќе се пронајдат. Видео рекламите од кампањата може да ги погледнете на линкот: Нептун Македонија има широка палета на услуги за своите клиенти како: лојална програма, инстант кредити, дополнителни гаранции, премиум достава, онлајн продажба, мобилна апликација за онлајн шопинг, кредитна и кешбек картичка haPPy MasterCard. Новост во Нептун е онлајн купувањето на рати преку брз кредит во соработка со ИутеКредит Македонија. Од овој месец купувачите ќе може брзо, лесно и безбедно преку својот мобилен или компјутер да аплицираат за купување на производи до 24 рати и се тоа без доставување на физички документи во продавница. Од комфорноста на својот дом ќе може да нарачате производ на нивната веб страница https://www.neptun.mk/ и да плаќате на рати. Овој начин на кредитирање при онлајн купување на производи е прв и единствен на пазарот во Македонија. Соработката помеѓу овие две иновативни компании придонесе за напредок на Е-трговијата во нашата држава. Само со вакви проекти и иновации можеме да го унапредуваме купувачкиот процес и да ги направиме услугите и производите подостапни за македонските купувачи. „Нептун Македонија“ е дел од „Балфин“ една од најголемите приватни инвестициски групации во регионот и е позната по своите инвестиции во трговски центри, резиденцијални и комерцијални објекти, туристички проекти, како што Green Coast Resort и Vala Mar Residences, активности во модната и во рударската индустрија, како и во сферата на малопродажбата со „Нептун“, „Џамбо“, SPAR и други. „Балфин“ лани заедно со Комерцијална банка АД Скопје го комплетираше купувањето на Тирана банк. Под капата на „Балфин“ се голем број претпријатија кои функционираат во различни сфери, а сместени се во седум држави и бројат речиси 6.000 вработени. Покрај во Албанија, каде што е централата и нашата земја, групацијата е присутна со различни типови на проекти, и во: Австрија, Црна Гора, Косово, Босна и Херцеговина и Холандија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПретседателката Сиљановска-Давкова помилува 25 осудени лица по повод ИлинденПо повод 2 август – Илинден, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова донесе одлука со која се помилувани вкупно 25 осудени лица.Шест лица се целосно ослободени од натамошно извршување на неиздржаниот дел од затворската казна. За остатите 19 осудени лица е донесено решение за делумно намалување на затворската казна. Најголем дел од нив се ослободени од пет месеци од преостанатата казна, додека кај дел намалувањето изнесува осум или девет месеци. Најголемо намалување, од една година и шест месеци, е определено за Имер Јакупи од село Зајас.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМанасиевски: Филипче со другарите за да дојде на власт подготвен е да прави сеФилипче со другарите за да дојде на власт подготвен е да прави се, последното беше праќање криминалци да направат инцидент во Ново Село.Кога станува збор за СДС и актуелното раководство, другарите на Венко Филипче секојдневно сведочиме на лаги, манипулации, ширење на паника, како и наменско креирање на инциденти за да привлечат внимание. Во нивни стил за доаѓање на власт, во Ново Село пуштија лица кои се насилници, корисници на наркотични средства да направат инцидент. Тоа беа лица со криминални досиеја роднини на другарот на Филипче, Зоран Заев. Секако, и оваа приказна на Филипче имаше краток рок и веднаш беа разоткриени и лицата и нивните намери. Тие дури и сами почнаа да признаваат дека биле дел од инцидентот во Ново Село. На сите им е јасно дека вакви лица како Филипче и актуелното раководство на СДС не можат да направат нешто сериозно, а не да дојдат власт и да водат држава. Секој ден со секој нов случај само покажуваат дека се талог во Македонија. Оттука никој во државава сега и не очекува ништо од нив. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНиколоски на средба со претставници на „Корендон“ една од најголемите туристички групации во ЕвропаПостои потенцијал за нови инвестиции и развој на авиосообраќајот и туризмот.Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски оствари работна средба со претставници на меѓународната туристичка групација „Корендон“. Во фокусот на средбата беа потенцирани можностите за остварување на соработка во областа на авиосообраќајот и туризмот. На средбата, заменик претседателот на Владата, Николоски го истакна огромниот потенцијал на Македонија како туристичка и авио дестинација, особено во услови на континуиран раст на воздушниот сообраќај и зголемен прилив на странски туристи. Тој потенцира дека Македонија се позиционира меѓу најбрзорастечките пазари во Европа со раст од 40 проценти на патници во доаѓање во авиосообраќајот, како и значителен раст и на бројот на туристи, што дополнително го потврдува потенцијалот за развој на нови авиолинии, туристички аранжмани и инвестиции во туристичката инфраструктура. На средбата беше посочено дека подобрата авио поврзаност и отворање на нови пазари и услуги се од особено значење за континуираниот развој на туризмот и бројот на нови туристи во земјата. “Македонија има голем потенцијал за развој на авиосообраќајот и туризмот и тоа го докажуваме во континуитет. 28 нови дестинации, растот од 40 проценти во авиосообраќајот, преку 20 проценти раст на туристите е јасен показател дека интересот за Македонија расте. Нашата цел е овој тренд да го претвориме во нови авиолинии, повеќе туристи и нови инвестиции и отворени сме за соработка“, истакна Николоски. „Корендон“ е истакната меѓународна туристичка групација и е меѓу трите водечки туроператори во Холандија и Белгија. Групацијата нуди пакет-патувања до повеќе од 50 дестинации. Групацијата, покрај тур-операторските услуги, во своето портфолио располага со повеќе од 40 авиони кои летаат под знамињата на Турција, Холандија и Малта. Во сегментот на тур-операторските услуги опслужуваат приближно 850.000 клиенти годишно, додека „Корендон ерлајнс“ превезува меѓу 6 до 10 милиони патници на годишно ниво. На средбата беше заклучено дека постои простор за идна соработка, особено преку отворање нови можности во авиосообраќајот, привлекување странски туристи и разгледување потенцијални инвестиции во Македонија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook