Среќна што е дебелка - пред 8 години имала само 28 килограми, одвај преживеала! - Канал 5

Среќна што е дебелка - пред 8 години имала само 28 килограми, одвај преживеала!

Меган Џејн има 22 години и неколку килограми вишок на кои е горда. Таа на 14 години имала тешка форма на анорексија, тежела само 28 килограми. Пред да биде примена во болница и да биде хранета преку инфузија, Меган летото 2007 го поминала на психијатриска клиника...

Среќна што е дебелка - пред 8 години имала само 28 килограми, одвај преживеала!
Кога ја примиле во болница лекарите и рекле дека има само уште неколку недели живот ако не преземе нешто. Тогаш изгледала вака. лекувањето траело 2 години.

Megan Jayne, 22, nearly died at age 14 after battling anorexia for years


Денеска Меган има мисија - да шири позитивен став кон своето тело надевајќи се дека тоа ќе го пренесе и на другите луѓе.

Смета дека позитивноста кон сопственото тело „има моќ да спасува животи“ и затоа е решена да инспирира самодоверба кај жените.


She added: 'I will be eternally thankful for my body, in all its imperfect beauty'

- Во најлошиот период од животот најмалиот број облека ми паѓаше, косата ми се кинеше и постојано ми студеше. Кога слабеете никогаш не ви е доволно. Мислам дека опсесијата да бидам слаба толку ме презеде што верував дека тоа е единственото нешто важно. Станав празна школка од девојче, и во болницата стравував да не ми се забележува стомаче под болничката облека - вели Меган.

Две години таа полека напредувала со голема помош од нејзиниот татко. На 16 години одеднаш почувствувала голем гнев за тоа како дозволила да и поминат најубавите години од животот, и почнала да јаде како никогаш да не видела храна.

Но и тоа не ја направило среќна. Набргу направила три пати поголема тежина, па пак почнала со диети и вежбање. Следните пет години повторно ги броела калориите!

Но, потоа на Инстаграм нашла профил на кој се промовира друга филозофија - да се прифати сопственото тело какво што е!

Во ноември минатата година ја постирала својата прва фотографија на Инстаграм, со стомаче и целулит, но и со насмевка. Денес нејзиниот профил @bodyposipanda има 39 000 фанови.

Miss Jayne no longer weighs herself but is a UK size 12/14 (US 10/12) and has 'fallen in love' with her body

- Првата фотографија ја гледав долго и стравував какви коментари ќе добијам. Навистина имаше такви кои се потсмеваа. Но кога добив коментар дека мојата приказна помогнала на многу како мене па дури и спасила животи, знаев дека го правам она што треба - вели Меган која од јули годинава има и свој веб - сајт.


- Ако мојата фотографија со салце, целулит но и со самодоверба и насмевка помогне и некој друг да го засака своето тело, ќе објавувам што повеќе фотографии на кои се гледа се!- вели младата девојка.

Таа вели дека кога се гледа во огледало одбива да види несовршености, и го почитува своето тело во кое има личност која е толку многу повеќе од бројот на облеката или количеството калории.

- Гледам тело кое ме одржа жива и покрај моите напори против тоа. Сакам да им покажам на луѓето дека невозможните стандарди за убавина во списанијата и на ТВ не се услов за среќа. Ако јас можам да го сакам своето тело по се што поминав, секој може, само треба да верува дека го залсужува тоа. Искрено верувам дека позитивниот став кон своето тело спасува животи, и тоа е мојата мисија - вели младата девојка.


/ извор: Дејли меил

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерот Ристовски ги поздрави финалистите на 55.Меѓународен боксерски турнир „Златен гонг“

Министерот за спорт Борко Ристовски заедно со градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, присуствуваше на финалните борби на јубилејното 55.издание на Меѓународниот боксерски турнир „Златен гонг“.

Министерот Ристовски ги поздрави финалистите на 55.Меѓународен боксерски турнир „Златен гонг“

Министерот за спорт Борко Ристовски заедно со градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, присуствуваше на финалните борби на јубилејното 55.издание на Меѓународниот боксерски турнир „Златен гонг“ што се одржа од 13 до 15 ноември во спортската сала „Расадник“ во Скопје во организација на Македонската боксерска федерација со поддршка од Министерството за спорт.

Ристовски упати честитки за финалистите и за сите учесници на традиционалниот турнир и ја истакна важноста што има оваа спортска манифестација за македонското борење и за македонскиот спорт во изминатите пет и пол децении.

На годинешното јубилејно издание на „Златен гонг“ настапија 89 боксери од 20 земји.

Победничкиот пехар на јубилејното 55.издание на „Златен гонг“ му припадна на украинскиот боксер Јуриј Захариев. Во женска конкуренција најуспешна беше Шпанката Лаура Галино Лопез, додека признанието за најдобар македонски боксер го доби Алин Нусуфи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Савески, до каде е кривичната пријава против Славески за Алта банка?

Времето поминува а обвинителството молчи за Кривичната пријава поднесена од СДСМ за Алта банка.

СДСМ: Савески, до каде е кривичната пријава против Славески за Алта банка?

Обвинителот Ненад Савески има обврска пред граѓаните да одговори: до каде е постапувањето по кривичната пријава против Трајко Славески и другите одговорни лица во Народната банка за Алта банка?

Дали е оформен предмет? Дали е определен обвинител што постапува?

Кои дејствија се преземени?

Кривичната пријава е темелна, опширна и со конкретни правни аспекти и основани сомневања за несовесно работење во службата и злоупотреба на службената положба и овластување.

Трајко Славески е директно одговорен, тој ја даде дозволата и како што самиот призна во координација со Мицкоски ја донесоа пералницата на Вучиќ, криминалната Алта банка во Македонија.

Луѓето сега не можат да дојдат до своите пари, пензионерите до своите пензии, загрозен е и банкарскиот систем.

Обвинителството мора бргу да реагира за да спречи уништување на докази, заташкување, криење на сметки и трансакции.

СДСМ веќе побара да се преземат законски мерки за заштита на доказите и спречување евентуално влијание врз сведоците, вклучително и да се побара привремена забрана за вршење на должноста на Славески.

Што е преземено од страна на Обвинителството?

Ниту една функција не смее да биде штит од одговорност.

Обвинителството не смее да биде последната линија на одбрана на власта.

Савески, јавноста очекува одговор: до каде е кривичната пријава за Алта банка?

Скопје, 16.13.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Денеска во Брисел остварив средба со Герт Јан Копман

Денеска во Брисел остварив средба со Герт Јан Копман, генерален директор на Генералниот директорат за проширување и источно соседство при Европската комисија, објави на совјот профил на Фејсбук, премиерот Христијан Мицкоски. 

Мицкоски: Денеска во Брисел остварив средба со Герт Јан Копман

Во фокусот на разговорите беа европската перспектива на Македонија, напредокот во реформските процеси и следните чекори во пристапувањето кон Европската Унија.

Нашата определба за членство во Европската Унија е јасна и недвосмислена. Македонија заслужува европска иднина, заснована на принципиелни односи, почитување и заштита на националните интереси, како и доследно спроведување на реформите во интерес на граѓаните.

Продолжуваме со посветена работа, исполнување на реформската агенда, одговорна политика и јасна визија за европска, стабилна и просперитетна Македонија, стои во објавата на Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер