ЗабаваСредовечна Германка потрошила 30.000 евра на тетоважи (ФОТО)Керстин Тристан, 55-годишна жена од Лајпциг, Германија, во последните пет години, наводно, потрошила околу 30.000 евра за да го покрие целото тело со разнобојни тетоважи.Сè започнало во 2015 година кога Керстин, која работела како таксист, одлучила да ја направи својата прва тетоважа за да „додаде малку боја во животот“, но тоа набргу се претворило во опсесија. View this post on Instagram A post shared by 🦋𝓚𝓮𝓻𝓼𝓽𝓲𝓷 𝓣𝓻𝓲𝓼𝓽𝓪𝓷 🦋 (@tattoo_butterfly_flower) Германката оттогаш потрошила околу 30 000 евра на тетоважи и вели дека не планира да застане. Тристан вели дека е посреќна од кога било и дека шарените тетоважи и носат радост и енергија. Покрај тоа, тие и помогнале да собере импресивен број на следбеници на социјалните мрежи. View this post on Instagram A post shared by 🦋𝓚𝓮𝓻𝓼𝓽𝓲𝓷 𝓣𝓻𝓲𝓼𝓽𝓪𝓷 🦋 (@tattoo_butterfly_flower) Повеќе од 106 илјади луѓе ја следат на Инстаграм, а има и илјадници претплатници на платформата за возрасни OnlyFans. View this post on Instagram A post shared by 🦋𝓚𝓮𝓻𝓼𝓽𝓲𝓷 𝓣𝓻𝓲𝓼𝓽𝓪𝓷 🦋 (@tattoo_butterfly_flower) На многумина на социјалните мрежи им е тешко да поверуваат дека ги направила сите овие тетоважи за само пет години, но таа често објавува пред / по фотографии од нејзината трансформација, а некои не можат а да не се изненадат што станува збор за истата личност. View this post on Instagram A post shared by 🦋𝓚𝓮𝓻𝓼𝓽𝓲𝓷 𝓣𝓻𝓲𝓼𝓽𝓪𝓷 🦋 (@tattoo_butterfly_flower) View this post on Instagram A post shared by 🦋𝓚𝓮𝓻𝓼𝓽𝓲𝓷 𝓣𝓻𝓲𝓼𝓽𝓪𝓷 🦋 (@tattoo_butterfly_flower) View this post on Instagram A post shared by 🦋𝓚𝓮𝓻𝓼𝓽𝓲𝓷 𝓣𝓻𝓲𝓼𝓽𝓪𝓷 🦋 (@tattoo_butterfly_flower) View this post on Instagram A post shared by 🦋𝓚𝓮𝓻𝓼𝓽𝓲𝓷 𝓣𝓻𝓲𝓼𝓽𝓪𝓷 🦋 (@tattoo_butterfly_flower) Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоСончево со мала до умерена облачност и температура до 26 степениУтрото ќе биде ведро и студено. Во текот на денот сончево со мала до умерена облачност. Според УХМР ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 8, а максималната ќе достигне од 18 до 26 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 25 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Следува период на стабилно време. Во текот денот ќе биде сончево и релативно топло, а во текот на ноќта ведро и тивко. Утрата ќе бидат ведри и студени со ниски температури кои наместа ќе се спуштат под нула степени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаФон Дер Лајен денеска пристигнува во Скопје – ќе има средби со Мицкоски и Сиљановска Давкова Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска доаѓа во официјална посета на Скопје како дел од нејзината турнеја низ земјите од Западен Балкан.Како што соопшти владината прес-служба, Фон дер Лајен ќе има тет-а-тет средба со премиерот Христијан Мицкоски, по која ќе одржат заедничка прес-конференција во Медија центарот на Владата. Премиерот Мицкоски во пресрет на посетата на Фон дер Лајен, во изјава за медиумите повтори дека Владата е подготвена за разговор и решение, отфрлајќи ги обвинувањата на опозицијата дека го кочи евроинтегративниот пат со неотварањето, односно неприфаќањето на уставните измени. – Нашиот став е јасен, нашите аргументи се јасни. Ние сме подготвени да разговараме, да дебатираме и на крајот од денот да најдеме решение – истакна Мицкоски. Фон дер Лајен ќе има средба и со претседателката Гордана Сиљановска-Давковa во Вила Водно. Ќе се разговара за европската перспектива на земјата и регионот и за процесот на пристапување кон ЕУ. На средбите се очекува да стане збор и за проблемот со Бугарија и за можностите за негово надминување.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ХороскопДневен хороскоп за 2.октомври 2026 годинаДневен хороскоп за петок, 2. октомври 2026 година. Вага 24.9.-23.10. Љубов Се разбиструва маглата во која се чувствувавте по малку загубено. Се поголем е оптимизмот и вербата во поубав љубовен живот. Кариера На работното место денеска максимално ќе се служите со интуицијата. Таа одлично ќе ве води и ќе ви ги даде одговорите што ги баравте. Здравје Чувствителност на дигестивниот систем. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Некои тајни би можеле да испливаат на површина и така да ви го разјаснат она што до неодамна ве измачуваше. Кариера Сите кои се занимаваат со истражувачка дејност , денеска би можеле да дојдат до интересно откритие. Здравје Ќе сонувате интересни соништа. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Во текот на денешниот ден ќе почувствувате дека вашиот љубовен живот се поместува од мртва точка на подобро. Кариера Можно е денеска да ве обземат нереални амбиции. Потудете се тоа да го сведете на разумна мерка. Здравје Ви се зголемува апетитот. Јарец 22.12.-20.1. Љубов И покрај малите незадоволства , препознавате се поголема љубов и радост во вашиот личен живот. Кариера Ќе се чувствувате безгрижно и нема да им придавате големо значење на малите грешки во работењето. Ќе сметате дека се неважни. Здравје Не претерувајте со благото. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Додека вашиот партнер ќе го гледа светот во розово , вие ќе бидете фокусирани на проблемите. Обидете се да гледате на позитивните работи во односот. Кариера Ќе успеете да постигнете квалитетен договор поврзан со некаква деловна соработка.Ќе има и такви кои ќе се сомневаат во вашите достигнувања. Здравје Помалку јадете , повеќе трошете калории на спортување. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Доколку се уште не сте нашле личност од соништата , добро погледнете околу себе додека сте на работното место. Некои таму ве разгледува. Кариера Вашите шефови денеска нема да бидат сигурни што навистина сакаат , но затоа вие и колегите ќе знаете што треба да направите. Здравје Најдете соодвета техника за релаксација. Овен 21.3-20.4. Љубов Како што ќе минува денот, се повеќе ќе уживате во скромните погледи и читањето меѓу редови . Кариера Оние кои се занимаваат со алтернативни дејности, би можеле да бидат на чекор до големи достигнувања и радост. Здравје Бидете среќни. Бик 21.4- 20.5. Љубов На моменти ќе имате потреба на сите да им кажете како се чувствувате , а на моменти сето тоа би го сокриле. Резултатот е збунетост на партнерот. Кариера Одличен ден за креативно поврзување со луѓето . Ќе измислите нови специфични начини на комуникација. Здравје Опуштете се во разговор. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Веројатно со драгите пријатели ќе ги спеделите грижите за вашиот љубовен живот и така ќе си олесните. Кариера Ќе заклучите дека доволно сте постигнале во согласност со целите што сте ги поставиле. Тоа ќе биде причина за задоволство. Здравје Треба да се биде реален. Рак 22.6-22.7. Љубов Мали надмудрување во врска со доминацијата со партнерот денеска ќе го заземат поголемиот дел од вашето време. Осамените би можеле да најдат љубов на работното место. Кариера Конечно ќе се дефинира еден деловен план , според кој ќе се развива и вашата кариера и статусот. Здравје Замор. Лав 23.7-22.8. Љубов Влегувате во помирна љубовна фаза. Врската во која се наоѓате почнува да наликува на сите останати , но вие сепак сте среќни. Кариера Не поднесувате индиректни пораки , а денеска ќе се соочите токму со нив. Не коментирајте , туку работете. Здравје Ќе бидете креативни во изразувањето. Девица 23.8.-23.9. Љубов Со задоволство би сакале да се забавувате , но состојбата ќе ја смирува таквата потреба. Вашата врска е коректна со мали предивици. Кариера Денеска на работното место би можеле да се покажете како вистински генијалец. Ќе имате одлични идеи. Здравје Немојте да се срамите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook