Навивачи се затрчаа на теренот да ја прослават титулата, кога настана шок- голот во 96. минута ги остави без пехар (ВИДЕО)
2Навивачи се затрчаа на теренот да ја прослават титулата, кога настана шок- голот во 96. минута ги остави без пехар (ВИДЕО)
МакедонијаСредношколците од Тетово и Гостивар со онлајн настава, другите со физичко присуствоТетово и Гостивар поради епидемиолошката состојба со Ковид-19 ќе ја почнат новата учебна година онлајн.Оваа привремена мерка ќе важи само две недели и тоа само за средните училишта, но не и за основните училишта. За сите други ученици во земјава во основното и средното образование останува одлуката за одвивање на наставата со физичко присуство. Министерот за здравство Венко Филипче вчера изјави дека по барањето на Општина Тетово за почнување на учебната година со онлајн настава во првите три недели, Комисијата за заразни болести одлучи само средните училишта да имаат наставен процес преку интернет и тоа за првите две недели во Тетово и Гостивар, а како ќе се одвива понатаму ќе зависи од развојот на ситуацијата. -Една од главните причини за оваа одлука е состојбата во болниците кои се преполни, пациенти од Тетово и Гостивар се сместуваат во Скопје. Бројката на ученици во средните училишта е висока и може да биде дополнителен ризик фактор иако морам да потенцирам дека немаше трансмисија во училиштата минатата учебна година кога 40 проценти од учениците беа во училниците. Но мораме да сме внимателни сепак сега имаме преполни болница и не може да се преземе ризик да се случи уште едно дополнително влошување на состојбата. Добро е што бројките на заболени се намалуваат. Масовната имунизација и стекнатиот имунитет веројатно е го прави бранот поразличен, но за да потврдиме ова треба уште некое време треба да помине. Опфатот на вакциниција порасна од 23 на 35 отсто во Тетово, рече Филипче по средбата со градоначалничката на Тетово Теута Арифи. За предлогот на Општина Тетово да се бараат задолжителни негативни тестови од невакцинираните просветни работници истакна дека тоа се предлози за кои ќе се разговара на владиниот Главен координативен кризен штаб, а Владата на седница носи одлука. -Точно е дека во повеќе европски земји луѓето носат мерки со цел да се зголеми опфатот со вакцинација и ние ги гледаме тие пораки и тие предлози. Сега се вакцинирани близу 70 проценти од вработените во училиштата. И верувам дека тоа и почитувањето на мерките, ова важи за територијата на целата држава за сите училишта, дека навистина ќе придонесе да имаме една од епидемиолошки аспект мирна учебна година. Еве сега, дополнителен придонес е вакцинацијата не само таму туку и на општото население, така што за сите предлози ќе се дискутира и на Штабот и на Владата, изјави Филипче. За наставата на универзитетите во полошкиот регион, како што рече, посебно ќе се разговара со нив со оглед на посебните карактеристики кои ги имаат овие образовни установи. Како што информираше вчера министерката за образование и наука, Мила Царовска, во соработка со локалните самоуправи, раководствата на училиштата, граѓанските организации и странските партнерски организации како УНИЦЕФ, УСАИД, Светска банка и други активно се работело на подготовка на училиштата за прием на учениците. – Се работеше и на непречена реализација на наставата која нема да биде само на едно оптимално ниво, туку на доволно квалитетно ниво за да се почувствуваат придобивките од новата концепција за основно образование, изјави Царовска по посетата на основното училиште „Дане Крапчев" во општина Гази Баба, Таа апелираше на највисока одговорност од сите засегнати во образовниот систем. Посочи дека најважно е да се биде одговорен, бидејќи наставата и оваа година се организира во услови на пандемија, но Министерството е подготвено за брза транзиција кон друг модел и непречено одвивање на образовниот процес. Директорката на ОУ „Дане Крапчев" Виолета Стоилевска изјави дека се подготвени за почетокот на новата учебна година со физичко присуство и оти се обезбедени сите дидактички материјали што се потребни на наставниот кадар. Според градоначалникот на Општина Гази Баба, Борис Георгиевски, сите 11 основни училишта во Општината навремено се подготвени за почетокот на учебната година, без разлика по кој модел ќе се одвива наставата. – Подготвени сме да гарантираме безбеден престој и настава на учениците со физичко присуство, но подготвени сме и за комбинираниот модел или модел на онлајн настава, рече Георгиевски. Тој информираше дека голем процент од наставниот кадар во училиштата од Општина Гази Баба се вакцинирани, што според него дава дополнителна сигурност за безбеден тек на наставата. Наставничката Гордана Павлова од ОУ„Дане Крапчев", која предава во четврто одделение и ќе реализира настава по новиот концепт за образование, пак, исто така истакна дека училиштето е подготвено за почеток на новата учебна година, а ако има потреба подготвени се и за комбиниран модел на настава. – Правилата и протоколите за однесување во училиште и училница веќе им се познати на учениците, бидејќи минатата година успешно ги спроведовме без последици. Ние наставниците од четврто одделение поминавме обука за реализација на новата програма и подготвени сме за почеток на наставата. Изготвени се годишните програми, тематските планирања, рече Павлова. Согласно одлуката на Владата, наставата треба да започне со физичко присуство за сите ученици. Исклучок се учениците кои имаат хронична болест и оние кои имаат член од семејството со хронично заболување. Од физичко присуство во училиште може да биде ослободен и ученик кој поднел барање од немедицински причини, но за тоа ќе одлучува училиштето и советот на родители.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветНајмалку 27 загинати во воздушен напад врз село во ЈеменНајмалку 27 лица загинаа, а 36 се повредени во воздушни напади врз куќи во селото Ал-Шарија, недалеку од главниот град на Јемен, Сана. Повеќето од загинатите се жени и деца, соопшти портпаролот на министерството за здравство под контрола на Хутите, пренесува „Скај Њуз“. Портпаролот Анис Ал-Асбахи во изјава за Асошиејтед Прес ја обвини Саудиска Арабија за нападите. Засега нема независна потврда за одговорноста за нападот. Граѓанската војна во Јемен нагло се интензивираше откако во текот на летото пропадна повеќегодишното примирје. Борбите се засилија меѓу Хутите, кои имаат поддршка од Иран и контролираат делови од северот и западот на земјата, и нивните противници на југот и истокот, кои ги поддржува Саудиска Арабија. Претставници на Хутите тврдат дека во воздушен напад врз пазар во Јужен Јемен претходниот ден загинале најмалку 30 лица. За одговорноста за тој напад меѓусебно се обвинуваат Хутите и јеменската војска, која има поддршка од Саудиска Арабија. Обновувањето на борбите предизвикува страв дека земјата повторно ќе се најде во најтешката фаза од граѓанската војна, која трае повеќе од една деценија и предизвика една од најтешките хуманитарни катастрофи во светот.Тагови: Јемен Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЃорѓиевски: Мостот „Генерал Михајло Апостолски“ наскоро во функција - зборот е збор!Ветив дека во мојот четиригодишен мандат ќе го ставиме во функција. Но само за неполна година, го одглавивме проектот и веќе ги асфалтираме пристапните улици со што ќе се стави во функција. Мостот што граѓаните го нарекуваа „мост за ловење риба“, конечно ќе ја добие својата вистинска намена! Претходно, го решивме процесот на експропријација неопходен за пристапите, заглавен од претходните раководства, ја ослободивме трасата и сега работиме за мостот наскоро да ги поврзе двете соседни општини. Со тоа ќе овозможиме полесно движење, пократки патувања и растоварување на сообраќајот. Паралелно, продолжуваме со експропријацијата на преостанатиот дел од булеварот, сѐ до неговото целосно завршување. Нашата обврска е да го довршиме проектот во целост! Дадениот збор пред мојот народ го исполнуваме со работа, чесно и посветено. Со решавање на проблемите и со резултати што се гледаат! Кога се сака и кога се работи, сѐ се може. Продолжуваме, за Скопје какво што заслужуваме. Скопје се сака со дела!, објави на ФБ градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Филков и ЗНАМ се срам за ова општество, ЕК ja потврди катастрофаta во правосудствотоФилков од ЗНАМ вели дека ЕК го потврдила сработеното. За две години ги поставиле темелите за реформа на правосудството.Македонија доби катастрофален Извештај од ЕК. Нула напредок во борбата против корупцијата. Нула во слободата на изразување. Нула во јавните набавки. Судството и медиумите под политичка опсада. Корупцијата на високо ниво останува широко распространета и сериозна причина за загриженост. Предметите застаруваат. Се создава перцепција на неказнивост. Во најважниот кластер Темели има чиста нула. Во девет области оценката е пониска од лани. Покрај тоа што не се направени реформите, има криминал и корупција на највисоко ниво. Максим Димитриевски правел состаноци со Вулин за Алта банка. Вулин - директор на БИА, министер за полиција и одбрана, споменуван во Sky преписките како еден од главните за шверц на наркотици во Вучиќевиот клан. Една од темите на состанокот во Куманово била Aлта банка. Филков додека беше министер за правда не ги испрати документите за екстрадиција на Никола Груевски. Максим со земјуште за Лидл, бугарски пасоши и фирми во Бугарија што треба да ги испита обвинителството. Тендери во Пошта за советници од ЗНАМ. ЗНАМ прво ја издадоа партијата. Ги финансираше Мицкоски. Потоа ги издадоа гласачите и влегоа со ОКГ во тендер коалицијата. Денес ги лажат граѓаните. Срам за нашата земја кој го претставува правосудството. Уште малку и ќе бидат испратени на политичко-историското ѓубриште, а потоа и да одговараат пред европското обвинителство и слободните судови. Вистината излегува. Бандата ќе одговара, се наведува во партиската реакција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter