Средношколците го прекинаа бојкотот на наставата

Матурантите од денес повторно се вклучуваат во наставата откако Сојузот на средношколци одлучи привремено да го прекине бојкотот.

Денес тие испратија писмо во кое бараат средба со премиерот Зоран Заев, а на пратениците им даваат рок до крајот на месецов да ги усвојат нивните барања за намалување на бројот на предмети за полагање на државна матура. Велат дека доколку нивните барања не бидат изгласани, следуваат радикални протести.

-Доколку хипотетички, нема да се гласа во Собрание за менување на Законот за средно образование што ќе дозволи на матурантите да полагаат матура со само два предмета, тогаш ние ќе продолжиме со протест и до 1ви март очекуваме да кампуваме пред МОН, изјави Бленди Ходаи.

Предлог-измените на Законот за средно образование се очекува да бидат разгледувани на дневен ред во Собранието до крајот на оваа недела. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека очекуваат поддршка од пратениците на владејачкото мнозинство откако претходно измените ги подржаа сите опозициони партии,а начелна поддршка даде и ДУИ.

Сепак, останува нејасно дали партијата на Ахмети би гласала „ЗА“ и со тоа би обезбедила мнозинство за предлогот, доколку владините коалициони партнери од СДСМ останат „ПРОТИВ“. Одговор на ова прашање се обидовме да добиеме од координаторот на пратеничката група Изет Меџети и пратеникот и екс-министер за образование Арбер Адеми, но до почетокот на вестите не добивме.

Засега, министерството за образование останува на ставот дека промени во државната матура годинава не се можни..

-Јас би сакала заеднички да стигнеме до решение, но не смееме да им го ограничиме правото на учениците да полагаат матура и да се запишат на факултетите.... заради тоа што ние минатата година бевме негативен пример во регионот и светот... наши ученици останаа незапишани на факултет, изјави Мила Царовска.

Предлог измените предвидуваат оваа година, матурантите наместо 4 да полагаат 2 предмета. Македонски јазик и литература и еден изборен предмет- сроден со факултетот на кој ќе се запишат.

Израелски функционер: Хамас го блокира секој договор за примирје, инсистирајќи на целосен преки

Хамас го блокира секој договор за примирје, инсистирајќи на целосен прекин на војната.

Висок израелски функционер денеска изјави дека палестински Хамас „ја блокира секоја можност за договор за примирје“ инсистирајќи на целосен прекин на војната во Појасот Газа, за време на разговорите во Каиро во присуство на меѓународни посредници.

„Информациите според кои Израел прифатил да стави крај на војната, како дел од договорот за размена на затвореници, или дека Израел ќе дозволи со посредување да се гарантира дека војната ќе прекине се - неточни. Досега Хамас не се откажа од своето барање за завршување на војната и на тој начин ја блокира можноста за постигнување договор за примирје“, изјави функционерот, кој не сакаше да биде именуван.

Претставник на Хамас изјави за светските агенции дека нема напредок во денешните преговори во Каиро, со учество на посредниците (Египет, Катар, САД).

Тој додаде дека преговорите се завршени и дека денеска ќе се одржи нова рунда.

Повеќе од 400 луѓе евакуирани поради поплави во Тексас

Многу населби во градот Хјустон, во американската сојузна држава Тексас, беа поплавени вчера по обилните дождови, кои ги принудија спасувачите да евакуираат повеќе од 400 луѓе од домовите.

Поплавите зафатија голем дел од Тексас, од Хјустон до руралниот Источен Тексас, каде што спасувачите ги поминуваа улиците и патиштата со чамци, за да спасат луѓе и домашни животни кои не биле евакуирани навреме.

Официјални претставници издадоа упатства до жителите во ниските области да се евакуираат, предупредувајќи дека најлошото допрва доаѓа.

Нови врнежи се очекуваат утре, а властите признаваат дека може да има многу проблеми доколку има обилни дождови.

Пролетна модна ревија на домашни миленици

На 15 јуни во „Јавна соба“ ќе се одржи првата модна ревија на домашни миленици во организација на Асоцијацијата на стилисти за домашни миленици на Македонија.

Организаторите најавуваат околу 15-тина сопственици на салони за домашни миленици кои ќе се претстават со својот миленик - модел и ќе објаснат на кој начин го третирале крзното кај миленикот, а пред да почне дефилето, ќе се разговара и за стандардот на занимањето - стилист за домашни миленици, кој е обврзувачки за сите грумери.

Настанот ќе биде збогатен и со штандови на кои ќе може да се претстават пет шопови, увозници на козметика за миленици, одгледувачници.... Поканети се да учествуваат и креатори на накит и облека за миленици.

Настанот нема натпреварувачки карактер. Целта е да се промовира грумингот во земјава и да се подигне свеста за правилното третирање на крзното на домашните миленици.

притисни ентер