3Манасиевски: Граѓаните се труеле со години, а СДС и Филипче молчеле иако добиле анализи од приближно 400 испитувања за загадена вода
МакедонијаСредношколци од Прилеп на Европски натпревар во најдобри ученички компании во Рига организиран од Џуниор Ачивмент ЛатвијаФестивалот се одржа од 7 до 9 јули во Рига, Латвија, и собра млади претприемачи, иноватори од повеќе од 40 земји низ Европа.По победата на Националниот натпревар за ученички компании, ученичката компанија Eco Bloom од СОЕПТУ „Кузман Јосифовски – Питу“ од Прилеп ја претстави нашата земја на GEN-E 2026, најголемиот европски фестивал за претприемништво организиран од Џуниор Ачивмент Латвија и Џуниор Ачивмент Европа. Фестивалот се одржа од 7 до 9 јули во Рига, Латвија, и собра млади претприемачи, иноватори од повеќе од 40 земји низ Европа. Учесниците на GEN-E 2026 беа избрани од повеќе од 400.000 млади луѓе кои годишно учествуваат во програмите на Џуниор Ачивмент низ Европа. На фестивалот тие ги претставија своите бизнис идеи, разменуваа искуства и создаваа контакти со врсници, претприемачи и претставници од бизнис секторот. Eco Bloom, ученичката компанија од СОЕПТУ „Кузман Јосифовски – Питу“ од Прилеп, го освои првото место на Националниот натпревар за ученички компании организиран од Џуниор Ачивмент Македонија и ја претставуваше својата идеја на европската сцена. Компанијата разви 3D биоразградлив освежувач за автомобили со вградено семе, производ кој по употребата може да се засади и е поврзан со принципите на циркуларната економија. Темата на GEN-E 2026, „Beyond Borders“ („Без граници“), беше насочена кон соработката меѓу младите и развојот на идеи кои одговараат на современи предизвици. Во рамки на фестивалот беа претставени компании и проекти од области како одржлив развој, циркуларна економија, дигитални иновации, вештачка интелигенција, климатски решенија и социјално претприемништво. Со учеството на Eco Bloom, Џуниор Ачивмент Македонија по деветти пат ја претстави земјата на GEN-E, продолжувајќи ја својата мисија за развој на претприемачките вештини кај младите и нивно поврзување со европската заедница на млади претприемачи.Тагови: Прилеп средношколци Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаНајмалку седум лица загинаа во руски ракетен напад врз Украина – меѓу нив и децаНајмалку седум лица, меѓу кои две деца, загинаа за време на масовен руски ракетен и беспилотен напад врз Украина извршен во текот на ноќта.Според изјавите на официјални лица, шест од загинатите се во регионот на Криви Рог, а еден во Киев. Меѓу загинатите во централниот украински град Криви Рог се и две девојчиња на возраст од пет и 12 години.. Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, потврди еден смртен случај и пожари на повеќе области во главниот град. Експлозии се слушнале и во Лавов, каде што се пријавени оштетувања на станбени згради. Како одговор на нападите во Украина, соседна Полска мобилизира борбени авиони како превентивна мерка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГрад Скопје: Дезинсекција против комарци, фаза 1011:57На ГП „Богородица“за излез од државата се чека околу 20 минути08:50Нови три случаи на вирусот „западен нил“ кој го шират комарците во Скопје15:00Епидемијата во Гостивар се смирува - водата ќе може да се пие до крајот на неделава 15:00МЗ: Во јавните здравствени установи во Гостивар, вчера се прегледани 71 пациент13:33
СветСАД извршија нови воздушни напади врз цели во ИранСАД синоќа извршија нови воздушни напади врз цели во Иран, соопшти американската војска, откако претседателот Доналд Трамп најави одмазда поради, како што рече, иранските напади врз американски војници на Блискиот Исток.Сепак, и покрај заканите и предупредувањата на Трамп, тој не ја исклучи можноста за продолжување на дипломатски разговори меѓу двете страни Од друга страна пак, заменик-министерот за надворешни работи на Иран изјави дека Техеран повеќе од две недели нема побарано обновување на преговорите со САД. Воената ескалација дополнително се усложни со првите јавно потврдени заеднички американско-саудиски напади, кои уследија по нападите со дронови врз Саудиска Арабија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМанасиевски: Граѓаните се труеле со години, а СДС и Филипче молчеле иако добиле анализи од приближно 400 испитувања за загадена водаГраѓаните се труеле со години, а СДС и Филипче како министер молчеле иако добиле анализи од приближно 400 испитувања за загадена вода.За 400 испитувања не било постапено, ниту пак биле известени граѓаните да не ја пијат водата. Венко Филипче денеска се обидува да држи лекции за заштита на здравјето на граѓаните, а токму во неговиот мандат како министер за здравство и истоимената институција Министерство за здравство располагале со информации за стотици случаи на неисправна вода, за кои граѓаните и јавноста не биле информирани. Денес, истиот човек кој не им кажал на граѓаните што пијат тогаш, денес се обидува да се претстави како заштитник на јавното здравје. Еве неколку примери: На ден 12.08.2021 година, Чешма во здравствен дом во М.Каменица не била исправна; Понатаму, 27.07.2021 година, чешма пред училиште Гумалево, Зелениково, не била исправна, повторувам чешма пред училиште во Зелениково; Денеска слушаме од СДС говорат за Дебарца па еве тука има документ кој вели на 29.06.2021 година, била земена мостра од вода за пиење од локален водоводен систем и утврдено е дека водата била небезбедна. Односно има отсуство на резидуален хлор. Ете зошто не го решиле проблемот досега. Одиме понатаму, Требеништа, Дебарца, истото место за кое што денеска говореа. Земање на мостра 11.05.2021 година, од место вода за пиење има отсуство на резидуален хлор и микробиолошка контаминација. Присуство на бактеријата Ешерихија Коли.Зошто Филипче како министер и Социјалдемократскиот сојуз тогаш молчеле и не го решиле овој проблем? Во Кочани одморалиште Пониква на 06.07.2021. Сето ова додека Филипче е министер за здравство и до него биле праќани овие извештаи, пишува Министерство за здравство, се вели дека водата не одговара на законски стручни прописи во однос на бактериолошка анализа, затоа што водата за пиење во одмаралиштето Пониква не одговарала на законските и стручните прописи во однос на испитаните параметри и има зголемен број на бактерии и присуство на бактеријата Ешерихија Коли. Повторно прашуваме зошто тука Венко Филипче како министер и Социјалдемократскиот сојуз не реагирале. Поставуваме едно многу едноставно прашање. Ако тогаш Филипче молчел, а имал институционална одговорност, со каков кредибилитет денес тој говори за здравјето на граѓаните? Има пријави до МВР и тие се поднесени. Очекуваме и Јавното обвинителство да го истражи овој скандалозен случај и да се утврди дали со прикривањето на овие информации биле загрозени здравјето и животите на граѓаните. Никој не смее да биде над законот без разлика на функцијата што ја извршувал. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter