Средна оценка 3.69 од Државната матура во јунскиот испитен рок - Канал 5

Средна оценка 3.69 од Државната матура во јунскиот испитен рок

Матурантите годинава оствариле подобар успех на Државната матура од лани. 

Средна оценка 3.69 од Државната матура во јунскиот испитен рок

Просечната оценка од 15.004 ученици на двата екстерни испити од јунското полагање е 3.69 споредбено со 3.26 од минатата година – информира министерката за образование и наука Весна Јаневска. Откако изминатите години беа евидентирани масовни групни препишувања од илјадници ученици, Јаневска посочи дека годинава е задоволна и од намалениот број на „препишувачите“. Фатени на лице место или откриени подоцна биле вкупно 172 ученици.

- Би сакала да се заблагодарам и на учениците и на наставниците, веројатно и на дел од родителите што нашите апели за значењето на знаењето и почитувањето на знаењето и училиштата допреа до нив и ова е очигледно со резултатите кои оваа година ги постигнале учениците. Ова е голем исчекор, вие да покачите 2% во рок од една година во однос на знаењето на учениците е битно дека тие разбрале што е нивната работа и што треба во иднина да прават,- Весна Јаневска – минситерка за образование и наука.

Како предмет кој често е одбегнуван од учениците, годинава 5ка на испитот по математика добиле половина од пријавените матуранти, нагласи директорката на Државниот испитен центар Даниела Јовчевска-Михајловска. Годинава матурантите за прв пат полагаа во универзитетските амфитеатри што според Јовчевска-Михајловска дополнително влијаело за добриот успех. „препишувачите“, како и оние кои не се појавиле на испитот во јуни, ќе можат да го полагаат во августовската сесија.

-Како ДИЦ сме особено задоволни од постигнатите резултати на испитите од државната матура. Учениците се чувствуваа многу пријатно на факутлетите во големиот простор, секој имаше свое место за работа и тоа води кон пообјективни резултати на испитите. Ниту еден ученик не се пожали од ваквиот начин на реализирање на државната матура,- Даниела Јовчевска-Михајловска – директорка на Државен испитен центар.

Августовската сесија на државната матура ќе се одржи на 12 авуст со испитот по мајчин јазик, како и на 14ти кога е полагањето на изборните екстерни испити. Пријавени се вкупно 1118 ученици.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најмалку 30 луѓе убиени во самоубиствен напад врз полициски комплекс во Пакистан

Најмалку 30 лице загинаа во самоубиствен напад врз полициски комплекс во северозападниот дел на Пакистан, јавуваат светските агенции.

Најмалку 30 луѓе убиени во самоубиствен напад врз полициски комплекс во Пакистан

Нападот бил извршен со автомобил наполнет со експлозив, кој бил насочен кон објектот во момент кога полицајци и членови на нивните семејства биле собрани на молитва во џамија во рамките на комплексот.

Експлозијата предизвикала големи материјални оштетувања, а спасувачките екипи продолжиле да го пребаруваат подрачјето. Надлежните стравуваат дека бројот на жртвите би можел дополнително да се зголеми.

Пакистан во последните години се соочува со зголемен број напади врз полицијата и безбедносните сили, особено во областите во близина на границата со Авганистан.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЗНАМ- Отчет две години учество во владата

Движењето ЗНАМ го претстави отчетот за две години учество во Владата:

ЗНАМ- Отчет две години учество во владата

“ДВЕ ГОДИНИ РАБОТА.

ДВЕ ГОДИНИ РЕЗУЛТАТИ.

ЕДНА ЉУБОВ – МАКЕДОНИЈА!“

Движењето ЗНАМ за Наша Македонија денеска ја претстави публикацијата со отчет за работата на избраните и именуваните функционери од редовите на Движењето во изминатите две години.

Обраќајќи се пред граѓаните, Претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски, порача дека отчетот не е само пресек на изминатиот период, туку обврска резултатите од извршувањето на јавните функции да бидат достапни, проверливи и отворени за критика.

„Не тргнавме во политиката затоа што верувавме дека власта е лесен пат кон моќта. Напротив, верувавме дека јавната функција, ако ја сфатиш сериозно, е една од најтешките форми на лична и морална одговорност.“ - истакна Димитриевски.

Тој нагласи дека со преземањето на одговорноста во Владата престанал периодот во кој било доволно да се укажува на проблемите и дека секое ветување дадено пред граѓаните мора да биде претворено во конкретен резултат.

„Не велам дека сме завршиле. Овој отчет не го споделуваме како точка на крајот, туку како пресек на еден период по кој мора да следи уште поголема одговорност“ - порача Претседателот на ЗНАМ.

Во своето обраќање, Димитриевски нагласи дека отчетот не треба да остане затворен во партиските архиви.

„Нека го читаат. Нека го критикуваат. Нека ги споредуваат резултатите. Нека ни кажат и каде можевме подобро“ - порача тој, нагласувајќи ја определбата за отчетот да биде отворен пред граѓаните.

Говорејќи за политичката визија на Движењето, Димитриевски истакна дека ЗНАМ се залага за европска и реформирана Македонија, но и за држава која го зачувува и афирмира сопствениот идентитет, јазик, култура и историја.

Димитриевски порача дека следниот период ќе биде период на продолжување и продлабочување на започнатите промени, со јасна определба Македонија да биде посилна, поуредена, помодерна и поспособна држава.

„Да ја чуваме Македонија, не само како спомен од минатото, туку како надеж за иднината. Да оставиме држава во која нашите деца ќе кажат:

‘Овде сакам да живеам. Овде сакам да создавам. Ова е мојата Македонија.’“ - порача Димитриевски на крајот од своето обраќање.

Движењето ЗНАМ за Наша Македонија останува посветено на политиката која својата смисла ја наоѓа во државниот интерес, со стремеж кон создавање на Македонија која ќе биде стабилна, самоуверена и достоинствена држава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Заедно за рано откривање, заедно за живот“ - едукативна трибина за превенција од малигни заболувања

Општина Кисела Вода, во соработка со здружението „ХЕМА-ОНКО“, попладнево во Паркот на братнителите во Драчево, одржа едукативна трибина за превенција од малигни заболувања.

 „Заедно за рано откривање, заедно за живот“ - едукативна трибина за превенција од малигни заболувања

Целта на настанот под мотото „Заедно за рано откривање, заедно за живот“, е да се подигне свеста за рано откривање и навремено лекување..

Под мотото „Заедно за рано откривање, заедно за живот“, денес во „Паркот на бранителите“ во населбата Драчево се одржа едукативна трибина посветена на превенцијата и раното откривање на малигните заболувања. Настанот беше организиран од страна на Општина Кисела Вода, во соработка со Здружението „ХЕМА-ОНКО“.

Со оваа трибина, официјално се означи почетокот на овогодишната кампања „Розев Октомври“. Кампањата која симболично стартуваше токму од општина Кисела Вода, ќе биде заокружена со голем „Розев пикник“ на Школка во Градскиот парк на 4 октомври.

Присутните граѓани имаа можност да слушнат корисни и стручни совети од врвни специјалисти кои работат во оваа област, но и да проследат силно лично искуство од членка на „ХЕМА-ОНКО“, која ја сподели својата храбра борба со болеста. На трибината свое излагање имаа Наташа Бабулова од „ХЕМА-ОНКО“, специјалист д-р Албина Чресловник Пупакоски и медицинската сестра Јасмина Јовческа од ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија, како и доцент д-р Билјана Божиновска, радиолог од ГОБ „8 Септември“.

Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, во своето обраќање ја истакна важноста на превенцијата и навремената дијагностика како клучни фактори во борбата за животот, потенцирајќи ја континуираната поддршка од општината.

-Здравјето е наш најголем приоритет, а превенцијата е најсилното оружје кое го имаме. Нашата цел е да ја подигнеме јавната свест, бидејќи превенцијата и навремената дијагностика се од исклучително значење. Ги охрабрувам сите граѓани да се грижат за своето здравје и редовно да прават прегледи. Во оваа борба никој не е сам, а Општина Кисела Вода останува силен партнер и поддржувач на секоја иницијатива која значи живот и здраво општество- порача градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер