Среде натпревар се урна дел од трибината во Дубровник- има повредени - Канал 5

Среде натпревар се урна дел од трибината во Дубровник- има повредени

Градот Дубровник извести дека мал дел од трибините се урнале на градскиот стадион Лапад за време на фудбалски натпревар, а едно лице е полесно повредено.

Среде натпревар се урна дел од трибината во Дубровник- има повредени

Станува збор за најнискиот дел од трибината што се урнал за време на натпреварот помеѓу локалниот фудбалски клуб ГОШК-Дубровник година и Неретванц од Опузен. Градската администрација на Дубровник истакна дека трибините веднаш ќе бидат оградени и ставени вон употреба и нема да се користат додека не се изврши сеопфатна санација и уредување, објави Индекс.

„Градот Дубровник изразува жалење, бидејќи градската администрација не добила информации од Јавната установа Спортски објекти Дубровник за исклучително лошата состојба на трибините. Со следниот преглед на буџетот ќе се обезбедат интервентни средства за санација и уредување на трибините, но и за реконструкција на други делови од стадионот Лапад кои во моментов не ги исполнуваат потребните стандарди“, се вели во соопштението на Градот Дубровник.

Фудбалскиот стадион во Дубровник е изграден во 1919 година со капацитет од 3.000 седишта за стоење.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

20 лица се уапсени викендов поради трговија со дрога

Task Force и викендов активно против недозволената трговија со дрога: 20 лица лишени од слобода.

20 лица се уапсени викендов поради трговија со дрога

Од 2 до 4 октомври 2026 година, припадниците на Министерството за внатрешни работи, преку координирани активности на Работниот тим – Task Force, постапуваа во 13 случаи поврзани со недозволена трговија со дрога, на подрачјето на повеќе Сектори за внатрешни работи и Регионални центри за гранични работи.

Во рамки на преземените активности извршени се повеќе прегледи и претреси на лица, возила, домови и други простории, при што е запленета поголема количина наркотична дрога, а 20 лица се лишени од слобода, меѓу кои и двајца странски државјани – од Полска и Чешка.

Во текот на викендот, на подрачјето на СВР Струмица во еден од случаите полициските службеници пронашле и одзеле 59 стебла марихуана со вкупна тежина од околу 680 килограми, додека во друг случај пронајден е и одземен голем патнички куфер полн со марихуана. На подрачјето на СВР Скопје, при претреси на три локации што ги користело едно лице, одземени се осум кеси со околу 800 грама марихуана, при што лицето е лишено од слобода.

На подрачјето на СВР Велес, при претрес на дом и преглед на лице, одземени се 29 помали кеси со вкупно 15 грама кокаин, 14 грама кафеавкаста материја и околу 5.000 евра. Во рамки на активностите на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, извршени се претреси на четири локации, при што две лица се лишени од слобода, а пронајдени и одземени се околу 200 грама кокаин, 505 милилитри масло од хашиш и 4,58 грама марихуана.

За преземените активности ќе следуваат соодветни кривични пријави.

Ова се конкретни резултати од координираната работа на полициските службеници на терен и продолжение на засиленото постапување против лицата и криминалните структури инволвирани во производство и недозволена трговија со наркотична дрога.

Министерството за внатрешни работи продолжува со засилени активности за сузбивање на недозволената трговија со дрога и откривање на лицата инволвирани во овој вид криминал, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тројца малолетници од Скопје предизвикале пожар во парк шумата Гази Баба, уапсени се

Лишени од слобода тројца малолетници од Скопје поради предизвикување пожар, следува пријава.

Тројца малолетници од Скопје предизвикале пожар во парк шумата Гази Баба, уапсени се

На 04.10.2026 во парк шума Гази Баба во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода тројца малолетници од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека предизвикале пожар при што била опожарена сува трева.

Од Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат, а по целосно документирање на случајот Единицата за внатрешни работи Гази Баба при СВР Скопје ќе поднесе кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Обвинителството ги оспорува заклучоците на вештакот ангажиран од д-р Нино Васев

Во Кривичниот суд продолжи судењето за предметот „Онкологија 1“. Денеска во Кривичниот суд беше испрашуван вештакот Владимир Даниловски, вешто лице ангажирано од страна на одбраната.

Обвинителството ги оспорува заклучоците на вештакот ангажиран од д-р Нино Васев

Неговите заклучоци за терапијата на онколошките пациенти беа оспорени од обвинителството на денешното вкрстено испрашување.

На судењето кое се води против поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, и уште двајца онколози, обвинети за несовесно лекување пациенти, обвинителството поставуваше прашања за дозирањето и третманот на конкретни онколошки пациенти со лекови и терапија за кои, како што нагласи вештото лице, се произнесува во своето вештачење и наведува дека се дадени согласно европските протоколи и се во насока на тоа да се види стручноста на ова вешто лице.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер