Среде јуни падна снег во Словенија - Канал 5

Среде јуни падна снег во Словенија

Словенечкиот врв Кредарица на планината Триглав денеска беше покриен со снег поради обилните врнежи од дожд и наглото заладување.

Среде јуни падна снег во Словенија

Словенија веќе неколку недели е погодена од обилни врнежи, а метеоролозите најавуваат дека ќе продолжат, а поради наглото опаѓање на температурата снег падна во алпското подрачје.

Највисоката температура во алпскиот дел на Словенија утре наутро ќе биде од еден до пет Целзиусови степени, додека во останатиот дел од Словенија од седум до 12 степени, пренесува словенечкиот портал 24ур.

Метеоролозите очекуваат во Словенија во текот на викендот да се вратат повисоки температури и до 25 Целзиусови степени.

Дел од алпскиот масив во Словенија, Јулијските Алпи, често се покриваат со снег во текот на летото, па во претходните години се случуваше снег да ја покрие Кредарица и во јули и август.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Анализа на водата во Гостивар дури на 20 август а дотогаш народот се труе

Министерот Клековски вчера објави: анализата на водата за пиење во Гостивар ќе биде објавена дури до 20 август.

СДСМ: Анализа на водата во Гостивар дури на 20 август а дотогаш народот се труе

Трујат луѓе со месеци.

Епидемија на жолтица.

Бактерии во водата. А резултатите ќе ги кажат дури за две недели.

Како тогаш можеа да тврдат дека водата е „технички исправна“?

Единствен одговор: Затоа што Мицкоски лично рекол дека е исправна.

За да се претстави како спасител и да собере евтини политички поени.

Министерот за полиција Тошковски прави хиперхлорирање и им рече на граѓаните „пуштете ја водата да истече“.

Директорот Стојанче Ангелов јавно потврди дека има опасна бактерија во водата.

А сега ќе чекаме до 20 август да чуеме официјална анализа.

Власта си игра со животите на луѓето.

Ја отруја и болницата во Гостивар. Пациентите се префрлаат во Тетово.

Во болницата сред епидемија дежура еден инфектолог и неколку специјализанти – плус дерматолози како што објави ТВ 24.

Мицкоски труе народ.

Клековски, Тошковски и целата екипа ќе одговараат.

Ова повеќе не е неспособност туку свесно труење и целосно немање на одговорност.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Иран соопшти дека постигнал договор со Оман за рута за превоз низ Ормутскиот теснец

Иран соопшти дека постигнал договор со Оман за рута за превоз низ Ормутскиот теснец.

Иран соопшти дека постигнал договор со Оман за рута за превоз низ Ормутскиот теснец

Портпаролот на иранското министерството за надворешни работи не даде дополнителни детали за договорот, за кој рече дека е „во завршна фаза“.

Сепак, предупреди дека договорот со Оман нема да гарантира безбедна пловидба низ теснецот, тврдејќи дека безбедноста останува засегната од американската блокада на иранските пристаништа.

САД и Оман не коментираа за предлогот.Откако САД и Израел го нападнаа Иран во февруари, Техеран во голема мера го блокираше Ормускиот теснец низ кој обично минува околу една петтина од светската нафта и течен природен гас.

Пред два дена Трамп предупреди дека Иран ќе биде „многу силно погоден“ ако теснецот не се отвори „многу брзо“.

Неговите коментари дојдоа откако високи американски претставници изјавија дека разговорите напреднале за да се овозможи потенцијално продолжување на испораките, иако Иран тврди дека не преговара со САД и оти нема планови да го стори тоа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Винисиус по понудата од реал ги избриша сите објави на Инстаграм

Бразилецот, Винисиус Жуниор ја избриша целата содржина од својот профил на Инстаграм само неколку часа откако Реал Мадрид наводно му понуди нов, подобрен договор.

Винисиус по понудата од реал ги избриша сите објави на Инстаграм

Актуелниот договор на Бразилецот истекува за помалку од една година, а преговорите за продолжување на соработката траат со месеци, па неговата иднина во клубот сè уште е неизвесна.

Арсенал внимателно ја следи ситуацијата и се надева дека би можел да ја искористи можноста за трансфер, пишува Goal.com.

Фудбалерот и клубот мора да донесат одлука бидејќи договорот на Винисиус истекува следното лето. Доколку тој не потпише продолжување, Реал Мадрид мора да го продаде во овој преоден рок за да избегне тој да си замине без обештетување.

Преговорите се интензивираа во вчера, кога во Мадрид пристигна агентот на Винисиус, Мајкл Јормарк. По средбата се појавија информации дека клубот ја подобрил својата понуда. Главни пречки за договорот остануваат барањата на играчот во однос на платата и правата за користење на неговиот лик.

Само неколку часа по состанокот, Винисиус целосно го исчисти својот профил на Инстаграм. Тој ја отстрани профилната слика, како и сите објави и зачувани „стори“ приказни (highlights), вклучително и фотографиите од натпреварите на Реал Мадрид и на бразилската репрезентација.

Неговиот профил, кој го следат околу 64 милиони луѓе, сега е сосема празен. Засега нема официјално објаснување за овој потег.

Овој потег предизвика поделени реакции меѓу навивачите на Реал. Некои стравуваат дека тоа е знак за негово заминување, додека други се надеваат дека станува збор за маркетинг-кампања пред најавата за нов договор.

Во меѓувреме, Арсенал не крие дека е заинтересиран за бразилскиот напаѓач. Интересот е толку голем што играчите на Арсенал дури и се распрашувале кај раководството на клубот за можноста за негово доаѓање. Преговорите меѓу Винисиус и раководството на Реал ќе продолжат во наредните денови.

Шампионот на Англија пак Арсенал во овој период не седи со скрстени раце и се обидува да го придобие контроверзниот фудбалер со голем и скап договор.

Арсенал го предизвикува Винисиус со огромен договор .Според порталот UOL, Арсенал сака да го привлече Винисиус со договор што би му донел заработка од 24 милиони евра по сезона – зголемување од околу 5 милиони евра во однос на неговата моментална плата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер