МВР: Расчистено вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена кривична пријава по брза постапка
Кулминација на протестите- судири со полицијата во Франција, сериозни инциденти на протестите во Германија
1МВР: Расчистено вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена кривична пријава по брза постапка
2Кулминација на протестите- судири со полицијата во Франција, сериозни инциденти на протестите во Германија
СветСреде бел ден упаднале во градското собрание во Мексико и го убиле градоначалникот Градоначалник е убиен вчера во мексиканската федерална држава Морелос, откако преживеа претходен обид за атентат на почетокот на годината. Тој е 14-ти градоначалник убиен откако Клаудија Шајнбаум стана претседател на Мексико во октомври 2024 година. Валентин Лавин Ромеро, член на Зелената партија, сојузник на владејачката левичарска партија Морено, беше ранет кон крајот на јануари кога беше нападнат од вооружени лица на бензинска пумпа покрај автопатот, објавува Гардијан. Овој пат, напаѓачите влегоа во градското собрание на Темоак, град во близина на Сиудад де Мексико, сред бел ден и го убија Лавин Ромеро пред да избегаат со мотоцикл. Властите сè уште не утврдија мотив ниту ги идентификуваа осомничените, но обвинителството на Морелос вети дека ќе „ги исцрпи сите можности за истрага“. Наводно, убиениот градоначалник имал врски и со криминалци Речиси 100 градоначалници се убиени во Мексико од 2006 година, кога тогашниот претседател Фелипе Калдерон ја ангажираше војската во борбата против групите на организиран криминал. Таа одлука на крајот доведе до пораст на насилството поврзано со дрога. Локалното ниво на власт е најмалку заштитениот дел од државниот систем и токму таму криминалните групи се обидуваат да склучуваат договори со властите со цел да ја консолидираат контролата врз локалните области и бизниси. Локалните медиуми објавија дека самиот Лавин Ромеро наводно имал врски со локалните криминални групи. Неговата свекрва, поранешна благајничка на градската администрација, била уапсена во септември 2025 година под сомнение за поврзаност со криминалната група „Лос Апарицио“ и учество во киднапирања. Поставен транспарент во центарот на градот Во март, активистичката група Народен фронт за одбрана на земјата и водата побара од властите да го истражат Лавин Ромеро за неговата наводна вмешаност во убиствата на двајца активисти, Самир Флорес и Сандра Роса Камачо Флорес. Отприлика во исто време, три месеци по првиот обид за атентат врз него, во центарот на Темоак бил поставен транспарент, наводно дело на криминална група, обвинувајќи го Лавин Ромеро дека ги штити нивните ривали и барајќи од него да застане на страната на нивните интереси. Неговото убиство се случува во време кога федералната влада на Мексико презема мерки за сузбивање на корупциските мрежи меѓу локалните власти и криминалните групи како дел од операцијата „Рој“, во која беа уапсени 85 службеници во три федерални држави, вклучувајќи го и Морелос. Стапката на убиства во Мексико се намали за околу половина во изминатата година, според официјалните бројки, иако безбедносните аналитичари велат дека вистинскиот пад веројатно ќе биде помал. Во исто време, повеќе од 130.000 луѓе сè уште се водат како исчезнати.Тагови: Мексико Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВтор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница15:18ДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни09:06НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
ЖивотПо повеќе од 80 години: Пронајдени остатоци од брод потопен од нацистичка подморницаОстатоците од канадскиот пароброд „Корнвалис“, кој бил потопен од германска подморница во декември 1944 година, се пронајдени на длабочина од речиси 120 метри, повеќе од 80 години по неговото потонување, соопшти истражувачкиот тим „Номад експлорејшн.Остатоците од канадскиот пароброд „Корнвалис“, кој бил потопен од германска подморница во декември 1944 година, се пронајдени на длабочина од речиси 120 метри, повеќе од 80 години по неговото потонување, соопшти истражувачкиот тим „Номад експлорејшн“ (Nomad Exploration). Истражувачите првично ги забележале остатоците користејќи сонар за скенирање на морското дно, а идентитетот бил потврден при последователните нуркачки истражувања. Студената вода, силните морски струи и оддалечената локација ја отежнале потрагата. „За нашиот тим, откривањето на остатоците е резултат на долгогодишна упорност. За семејствата и заедниците поврзани со бродот, ова откритие повторно го насочува вниманието кон една трагедија која во голема мера беше падната во заборав“, изјави Дени Алан, член на нуркачкиот тим. Паробродот „Корнвалис“, изграден во 1921 година во Ванкувер, превезувал шеќер и меласа од Барбадос кон канадскиот град Сент Џон, кога на 3 декември 1944 година бил забележан од германската подморница „У-1230“ (U-1230), под команда на Ханс Хилбиг. Подморницата испалила торпедо кое го погодило прамцето на бродот, по што тој потонал за помалку од десет минути. Од вкупно 48 луѓе на бродот, шестмина успеале да стигнат до сплавовите за спасување, но едно лице починало од хипотермија. Петтемина преживеани биле спасени од рибарски бродови, а потоа префрлени на брод на Морнарицата на САД. Подморницата „U-1230“ ја преживеала војната и била потопена во 1945 година, додека локацијата на потонатиот брод „Корнволис“ останала непозната сè до откритието годинава. Истражувачкиот тим процени дека потонатиот брод претставува еден вид „временска капсула под морето“, која сведочи за еден од најнеобичните настани од Втората светска војна долж брегот на американската сојузна држава Мејн.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалНајлошиот Манчестер Јунајтед во последните 42 години! Англискиот великан, Манчестер Јунајтед загуби со 2-0 на гостувањето кај Челси, со што ја продолжи серијата без победа на девет натпревари во сите натпреварувања.Ова е најдолгата низа без триумф на клубот уште од септември 1984 година . Челси победи со головите на Морган Роџерс и Кол Палмер од пенал, додека Лисандро Мартинез имаше лош настап во редовите на гостите. Аргентинецот асистираше за првиот гол на домашниот тим, а потоа спречи гол со играње со рака (пенал), за што доби и црвен картон. Притисокот врз тренерот Мајкл Керик се зголемува, но тој очекува да го предводи тимот на следниот натпревар против Рома. Кризата е особено изразена на гостувањата, бидејќи „Јунајтед“ нема победа на последните седум натпревари на гостински терен во сите натпреварувања. Клубот немал ваква серија уште од сезоната 1973/74, кога последен пат испадна од елитниот ранг на англискиот фудбал.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМВР: Расчистено вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена кривична пријава по брза постапкаСВР Скопје поднесе кривична пријава за сторено кривично дело "насилство" по член 386 ст. 4 и 6 од Кривичниот законик против П.А. во врска со вчерашното насилство пред Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје.СВР Скопје поднесе кривична пријава за сторено кривично дело "насилство" по член 386 ст. 4 и 6 од Кривичниот законик против П.А. во врска со вчерашното насилство пред Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, кога група од околу 30 членови на навивачката група „Фемили“ физички нападнале околу 50 навивачи на КК „Работнички“, кои чекале да влезат на спортскиот натпревар. Притоа, 16-годишник од Скопје се здобил со тешки телесни повреди. П.А. е лишен од слобода и по насоки на Јавен обвинител од ОЈО Скопје за кривично правниот настан поднесена е кривична пријава по брза постапка. Во врска со насилството полициски службеници од СВР Скопје во полициска станица ги приведоа и М.М.(18) и Д.П.(18) двајцата од Скопје. Воедно СВР Скопје продолжува со повикување на лица кои ќе се утврди дека биле учесници на слученото насилство и против истите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. МВР апелира до навивачките групи за фер и спортско однесување, а од страна на полицијата нема да биде толерирано ниту едно насилство.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook