Среде бел ден ликвидиран водачот на црногорскиот криминален клан, луѓето бегале во паника (ВИДЕО)

Јован Клишиќ е изрешетан среде бел ден во црногорскиот град Бар , додека луѓето панично бегале.

Црногорецот Јован Клишиќ, кој беше убиен утрово во престрелка во Бар, е познат од порано на полицијата , а тамошните медиуми го опишуваат како еден од водачите на барскиот клан. Велизар Гардашевиќ, кој беше ранет во пресметката, е исто така познат на полицијата, пренесува белградски Блиц.

Откако непознати напаѓачи испукале повеќе куршуми во правец на Гардашевиќ и Клишиќ, двајцата биле пренесени во болница, но Клишиќ таму починал.

Додека бегале од местото на настанот, напаѓачите оштетиле неколку автомобили и контејнери на блискиот паркинг.

Набргу потоа, бил најден запален автомобилот „Сеат“, кој, наводно, бил користен во убиството.

Според очевидци, граѓаните кои биле во близина на местото на пукањето бегале во паника, јавуваат црногорските медиуми.

Јован Клишиќ беше ослободен од затвор во август, по што полицијата постојано го бараше и го повикуваше на информативни разговори.

Причината веројатно лежи во фактот дека, како што наведуваат црногорските медиуми, тој е етикетиран како еден од водачите на криминалниот барски клан.

Стојановска: Убедливо водство на Гордана Силјановска-Давкова

Пратенилката на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојановсака ги објави најновите податоци за резултатите од гласањето.

Како што рече Стојановска , во водство е кандидатот на ВМРО- ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова.

(20.25 ч.) ВМРО-ДПМНЕ на 30% : Силјановска 109692 , Пендаровски 48553 гласови

Според аналитичкиот центар на ВМРО – ДПМНЕ, на 30,23 % обработени податоци , во водство е Гордана Силјановска Давкова со 109.692 гласа или 45%.

На второ место е Стево Пендаровски со 48.553 гласа, односно 19.92 проценти од гласовите.

Бујар Османи освоил 28547 гласа или 11,71 % , Максим Димитриевски 19227 гласа или 7,89% , Арбен Таравари 18432 гласа или 7,56 % , Билјана Ванковска 11.033 гласа или 4,53 % и Стевчо Јакимовски 2482 или 1,02%.

Тошковски: Изборниот ден помина во мирна и демократска атмосфера

Изјава за медиуми на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев.

Тошковски и Бојмацалиев констатираа дека денешниот изборен ден поминал во мирна, безбедна и демократска атмосфера, онака како што доликува на демократска земја која се стреми да биде дел од современиот западен свет.

притисни ентер