Драма во Истанбул – турските власти трагаат по лавица, на дел од жителите им е наложено да не излегуваат од дома
2Драма во Истанбул – турските власти трагаат по лавица, на дел од жителите им е наложено да не излегуваат од дома
МакедонијаСредби на министерот Муцунски со претставници на литванскиот Парламент, СејмасВо рамки на работната посета на Литванија, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски попладнево го посети литванскиот Парламент, Сејмас.Во рамки на работната посета на Литванија, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски попладнево го посети литванскиот Парламент, Сејмас, каде оствари одвоени средби со пратеници, членови на Комисиите за надворешни работи и европски прашања, како и со Групата за меѓупарламентарна соработка со земјите од Западен Балкан. На средбите, министерот Муцунски ја нагласи важноста на парламентарната соработка и улогата на народните претставници во продлабочувањето на односите меѓу двете држави. Тој истакна дека парламентарната дипломатија претставува значајно дополнување на класичната дипломатија, особено во промовирањето на дијалог и градењето стабилни партнерства. Фокусот на дискусиите беше ставен и на можностите за понатамошно унапредување на соработката меѓу литванските и македонските пратеници – како на билатерално ниво, така и во рамките на европските парламентарни форуми – со цел продолжена и силна поддршка на процесот на проширување на Европската унија, соопшти МНРи НТ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураИзложба на астровотографии: Небесно платноИзложбата „Небесното Платно“ низ објективот на Скопско Астрономско Друштво претставува групна изложба на извонредни астрофотографски дела, претежно снимени под македонското небо. Централната цел на изложбата е да ја нагласи компетентноста на домашните астрофотографи, членови на Скопското астрономско друштво (САД) и нивната способност да ја истакнат својата уметничка и креативна страна преку врвни технички вештини. Астрофотографијата, која е централен елемент на оваа изложба, не е само техничка вештина, туку е длабока форма на уметнички израз. Таа ја премостува човечката визија со бесконечноста на универзумот. Преку привлечна визуелна естетика, овие дела служат како моќна алатка за популаризација на науката, охрабрувајќи ја публиката, особено младите, да го истражуваат универзумот и природните закони. Фотографиите ги трансформираат невидливите феномени на универзумот, како што се маглините, галаксиите, лунарните пејзажи и небесните појави во уметнички дела со силна визуелна естетика. Изложбата функционира како моќна едукативна алатка која го користи визуелното искуство за да ја доближи астрономијата до широката публика, инспирирајќи љубопитност и истражување. Авторите, ја демонстрираат својата експертиза со што создаваат услови за филозофско размислување за нашето место во Вселената. Изложените дела се директен доказ за високо ниво на техничка изработка и секоја фотографија е резултат на посветеност, на уметноста добиена од податоци снимени под автентичното македонско небо. Изложбата ќе се отвори на 25.11.2026. во Музеј на град Скопје во 19:30ч. Куратор на изложбата е мр.Станимир Неделковски. Изложбата и Каталогот се реализирани од Музеј на град Скопје, а финансирани од Град Скопје.Тагови: Изложба Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
СветДрама во Истанбул – турските власти трагаат по лавица, на дел од жителите им е наложено да не излегуваат од домаТурските власти почнаа масовна потрага по лавица, која била забележана во шумска област на Истанбул. Дивото животно вчера попладнето прво било забележано од локален жител, а потоа регистрирано и од надзорните камери. Жителите на населбата Ускум-Рукој, добиле наредба да не ги напуштаат домовите додеа трае акцијата за пронаоѓање на лавицата, по која се трага и со дронови. Според турските медиуми, се верува дека лавицата побегнала од првиватен имот, каде што било чувано како егзотично животно. Лавицата првично била пронајдена, но обидот таа да биде успиена завршил неуспешно, по што екипите и ја загубиле трагата. SON DAKİKA / İstanbul Sarıyer’de aslan paniği: Yakalama çalışması başlatıldı İstanbul’un Sarıyer ilçesine bağlı Uskumruköy Mahallesi’nde aslan görüldüğü bildirildi. Aslanın yakalanması için bölgede çalışma başlatılırken, yetkililer çevrede yaşayan vatandaşları dikkatli ve tedbirli olmaları konusunda uyardı. Aslan termal kameralar ve güvenlik kameralarıyla tespit edildi. — Aykırı (@aykiri) November 22, 2026 Тагови: Истанбул Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветВртоглаво растат акциите на „Нвидија“ по враќањето на Хуанг Акциите на Nvidia скокнаа во раното тргување денес по веста дека Џенсен Хуанг е вратен на функцијата извршен директор.Акциите на Nvidia се отворија за околу 30%, објави Би-Би-Си. Цената на акциите на компанијата претрпе удар - затвори со пад од речиси 14% во петокот откако Ројтерс објави дека компанијата е под истрага од страна на Комисијата за хартии од вредност на САД (SEC) поради нејзините сметководствени практики. Пазарите, исто така, се отворија во голема мера на позитивна територија - иако вреди да се напомене дека американските индекси веќе беа во пораст во претпазарното тргување по падот на пазарот во петокот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook