Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
ЕкономијаСредбата на бизнисот и министерството за економија – се разговарало за економската состојба во државата Глобалните економски ефекти предизивикани од војната на Блискиот исток, енергетската криза и предивизиците со кои се соочуваат македонските копмании, биле само дел од темите на кои стопанските комори и работодавачите разговарале .Глобалните економски ефекти предизивикани од војната на Блискиот исток, енергетската криза и предивизиците со кои се соочуваат македонските копмании, биле само дел од темите на кои стопанските комори и работодавачите разговарале со претставниците од министерстовто за економија и труд. Бизнисот како и надлежните очекува војната мѓу САД и Иран да заврши што е можно поскоро бидејќи во спротивно велат последиците ќе бидат многу поголеми. Од организацијата на работодавачи оценуваат дека дури и денеска да заврши војната на македонските копмании ќе им треба период на прилагодување за да се вратат на старите стази. „Најголемито проблем сега е нашата поврзаност со европскиот пазар особено со германскиот. Германија е наш најголем трговски партнер ние единствено со нив имаме суфицит во трговскиот биланс така да случувањата во Германија се многу битни за нас, а тие не се баш како што треба. Германија прво изгуби многу со губењето на ефтиниот руски гас. Сега и со овие проблеми со Иран плаќа многу повеќе многу поскапа нафта а има и проблеми како што реков со снабдувањето. Така да и да сопре војната сега вендаш пак ќе има период на прилагодување додека се вратиме на старите стази ...“ - Ангел Димитров – Организација на работодавачи. На состанокот кој се организира по подолг период на покана на министерот Дурмиши, покрај глобалната неизвесност се отворило и прашањето за недела неработен ден, законот за работни односи, планот за раст, за вработување, како и законот за финансиска поддршка на институциите. Според Димитров за копманиите да ги користат поволностите кои ги нуди државата вели мора да институциите меѓусебно да се поврзат. „Голем дел од компаниите се откажуваат да конкурираат заради големата бирократија, се уште носиме документи и во хартија во 21 век кога имаме дигитализирани веќе дигитализирани регистри ние мораме да носиме хартија да докажуваме дека не сме во стечај или ликвидација. Да докажеме дека завршните сметки ги штампаме за 3 – 4 години наназад пак на хартија. За било какво барање од било која инситтуција мораме да докажаеме дека немаме царински обврски мора да се обратиме до царина.... “- Ангел Димитров – Организација на работодавачи. Средбата позитивно ја оценија и од стопанската комора .... Од ресорното министерство посочија дека како Влада континуирано работат на креирање мерки и политики за поддршка на домашните компании, за нивен побрз раст и развој, зголемување на конкуренстноста, и во таа насока со измените на законот за финансиска поддршка на инвестициите се продолжува рокот за аплицирање до 15 јуни, а до 30 јуни е активен и Јавниот повик за поддршка на микро, малите и средните претпријатија и занаетчиите преку субвенции за набавка на нови машини. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Нема откуп, грозјето скапува, лозарите ги копачат насадите - власта не носи меркиВо Неготинско и во целата Тиквешија деновиве се случува вистинска катастрофа.Нема откуп на грозје. Вранецот не се откупува. Грозјето скапува по лозјата, лозарите се беспомошни. Оставени сами, без никаква поддршка од власта, соочени со огромни трошоци, а без откуп - дел од нив веќе почнаа да ги сечат и копачат лозовите насади. Жално е да се гледа како нешто во што вложиле и финансии и труд - да пропаѓа. Уште потажно е да го уништуваш она што си го градел со години. Ова не е само проблем на една реколта. Ова е сериозна закана за иднината на лозарството во Неготинско и Тиквешијата. Каде е Владата на ВМРО? Каде е министерот за земјоделство? Има ли Неготино пратеник од редовите на ВМРО или денес, кога на лозарите им е најпотребен, неговиот глас не се слуша? Добро се сеќаваме и лозарите памтат кога ВМРО беше во опозиција, како пратеникот, Пенков, снимаше видеа и жестоко ги напаѓаше тогашните политики кон лозарите. Тогаш имаше камери, се правеа видеа, се слушаа критики. А денес, кога грозјето скапува на лозјата и лозарите ги напуштаат лозовите насади – молчат, никаде ги нема да помогнат на било каков начин. Лозарите не бараат милостина. Бараат фер цена, сигурен откуп и држава која ќе застане зад нив да се почуствуваат сигурни и да им се цени трудот.. Оваа Влада предводена од ВМРО ОКГ го понижија не само трудот на секој лозар, туку на сите земјоделци. Наместо пари за субвенции, за интеврентни мерки во овие услови на енормно зголемени трошоци, власта потроши 5 милиони евра народни пари на забави, пејачи и диџеи. На лозарите не им е до забава, има треба помош. Не може да има пари за музика и светла, а да нема пари за лозарот кој цела година работел а денес гледа како неговиот род пропаѓа. СДСМ и во минатото покажа дека во време криза државата може и мора да интервенира со конкретна поддршка за лозарите. И сега повторно покажа што значи вистинска грижа за лозарите и за сите земјоделци. Пратеничката група на СДСМ предложија конкретни решенија: зголемување на откупната цена за 5 денари по килограм, укинување на 8-процентниот попуст што се бара за побрза исплата и интервентен откуп од страна државата на црното грозје кое ќе остане непродадено. Тоа се конкретни мерки, а не празни ветувања. Бараме Владата веднаш да реагира. Да обезбеди откуп. Да го заштити лозарот! Лозарството не смее да биде жртва на неспособноста и погрешните приоритети на оваа Влада. Центар за комуникации со јавноста на СДСМ Тагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаХоџа: Почист воздух за граѓаните со новите гасни централи„Ваквите инвестиции покажуваат дека економскиот развој, енергетската сигурност и заштитата на животната средина можат да одат заедно и да носат конкретни придобивки за граѓаните“, порача министерот Хоџа„Кога зборуваме за зелен пресврт, зборуваме за конкретни промени. Токму затоа се важни инвестициите во нови и поефикасни технологии, особено кога се работи за Скопје и борбата против загадувањето на воздухот“, истакна министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, на денешното свечено пуштање во употреба на новата когенеративна постројка на компанијата „ТЕССА Енерџи“ во Скопје. На настанот, на кој се обратија и премиерот Христијан Мицкоски и претставници на компанијата, беше презентирана првата фаза од инвестицискиот циклус, вредна 2,5 милиони евра. Постројката е опремена со две високоефикасни гасни машини кои истовремено произведуваат 2,1 MW електрична и 2,6 MW топлинска енергија, постигнувајќи вкупна енергетска искористеност до 90%. Министерот Хоџа нагласи дека инвестицијата на „ТЕССА Енерџи“ покажува колку е важна одговорноста на сите чинители во енергетиката и индустријата за постигнување позитивни промени во животната средина, како и потенцијалот на приватниот сектор за вложување во почисти технологии. Преку овој систем, отпадната топлина од производството на електрична енергија се пренесува во системот на „Енерџи Еколинк“ и се користи за загревање на водата за околу 500 домаќинства и 14 институции во општините Чаир и Бутел. Воедно, на настанот беше најавена и втората фаза од инвестицијата која предвидува изградба на нова когенеративна електрана со инсталирана моќност од 10,5 MW, со што дополнително ќе се зајакне системот за централно греење и домашното производство на електрична енергија. „Ваквите инвестиции покажуваат дека економскиот развој, енергетската сигурност и заштитата на животната средина можат да одат заедно и да носат конкретни придобивки за граѓаните“, порача министерот Хоџа, честитајќи ја успешната реализација на проектот. Министерство за животна средина и просторно планирање Тагови: Хоџа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПоведена постапка за злоупотреби при издавање возачки дозволиОсновното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против вкупно 27 лица како соизвршители во кривично дело – Фалсификување исправа од член 378 од Кривичниот законик во однос на злоупотреби при издавање возачки дозволи.Една од осомничените е вработена во МВР – Одделение за управни работи Скопје, која се сомничи дека во периодот од 03.09.2020 до 24.08.2026 година, користејќи ја својата службена шифра и службените овластувања во електронскиот систем, незаконски менувала претходно креирани барања за издавање возачки дозволи од други вработени, а во одредени случаи ги отфрлала веќе оформените барања и креирала нови, во кои внесувала категории за кои подносителите не ги исполнувале законските услови. По извршените измени, барањата биле одобрувани и биле издавани возачки дозволи со невистинита содржина. До овој момент, за четири лица е утврдено сомнение дека постапувале како посредници, при што во договор и содејство со вработената во МВР посредувале за незаконско издавање на возачки дозволи. Тие пронаоѓале заинтересирани лица, и ги поврзувале со службеното лице, па ја координирале постапката до незаконското внесување и одобрување на категориите во електронскиот систем и нивно издавање. Лицата на кои им биле издадени возачките дозволи, иако не ги исполнувале законските услови за соодветните категории, ги започнале постапките со поднесување барања, по што категориите биле незаконски внесени и одобрени во електронскиот систем, а потоа лажните исправи ги употребувале како вистините, па и за нив постојат основи на сомнение за кривично дело „Фалсификување исправа“ во соизвршителство. За вработената во МВР, како и за две лица кои повеќепати ги употребувале лажните дозволи за да управуваат возила во меѓународен превоз на патници и стоки, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор. За вкупно 17 лица се предложени мерки на претпазливост, додека 7 се недостапни на органите на прогонот до овој момент. Основното јавно обвинителство Скопје продолжува да го истражува настанот и потенцијална инволвираност на други лица како вработени во МВР, така и посредници и евентуални корисници на вака фалсификуваните документи, како и можни други злоупотреби при издавањето и користењето на возачки дозволи.Тагови: ОЈО Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter