3Хаџиевска: Герасимовски и СДС се неспособни да се справат со наездата на глодари, а камоли да ја водат општина Центар
2Скопје станува европски центар на танцот: Официјално најавено „IDO European dance championship 2026“
МакедонијаСредбата Мицкоски – Таравари по првомајските празнициПродолжуваат превирањата меѓу Вреди и Арбен Таравари додека се чека премиерот Мицкоски да пресече – дали Алијанса на Албанците на Таравари останува или си заминува од Владата.. Дали Арбен Таравари ќе остане во власта или ќе оди во опозиција ќе се знае после 1 мај. Од Владата за Канал 5 потврдија дека премиерот Мицкоски планира средба со Таравари на оваа тема, но таа ќе се одржи за околу 2 недели.. Во меѓувреме останатите лидери од Вреди стануваат се понетрпеливи. По Меџити вчера, и Касами денеска од Тетово му порача на Таравари дека секој што соработува со ДУИ и Ахмети не може да биде дел од Владата.. Заминувањето Таравари од коалицијата според Касами нема да влијае на бројот на гласачи кои ја поддржуваат Вреди, а тие целото внимание сега го насочувата кон трансформирањето на платформата во една партија.. – Ние како коалиција добивме 107 илјади гласови …Затоа цениме дека овие 107 илјади гласови се нашиот легитимитет да ги претставиме тие гласови во Владата.. во текот на неделава партиите од „Вреди“ ќе именуваат 23 свои претставници за претседателството кое ќе се формира за новата партија со истото коалициско име, а потоа согласно статутот што ќе го усвојат ќе се избира претседател и партиски тела.“изјави Касами. Таравари, викеднов во изјава за „Стадион“ кажа дека повеќе не гледа простор за понатамошна соработка со Вреди.. Ќе одат со свои советнички листи, но не ја исклучува можноста за соработка со ДУИ во вториот круг од изборотие за градоначлници. Тој вели и дека доправа ќе се одлуќува дали ќе остане во Владата, а конечната одлука ќе се носи на средбата која ќе ја има со премиерот Мицкоски. „Со Ахмти не сум се сретнал, сум се слушнал по телефон. Начелно мислам дека треба да одиме сами, но не ја исклучувам можноста во втор круг некаде со ДУИ да се поддржуваме. Ние не сме родени во Влада. Ако сметат да бидеме во Влада ќе продолжиме, ако не ќе одиме во опозиција. Генерлно ние сме заинтересирани да продолжиме во Влада. Зависи од премиерот. Со порака до „Вреди“ се огласи и Зијадин Села, чие крило од Алијанса за Албанците е во коалиција со ДУИ. Во тв емисија им порача да ја напуштат Владата и да се обединат со нив за, како што вели, да направат доволен притисок за одржување на предвремени парламентарни избори, заедно со локалните наесен. Сепак, за Села линијата е јасна - обединета Алијанса за Албанците е можна само ако Арбен Таравари поднесе оставка. Тагови: Арбен Таравари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Нова манипулација на Мицкоски, дата-центарот нема да ја "пие" водата туку струјатаНова манипулација на Мицкоски, дата-центарот нема да ја "пие" водата туку струјата, а струјата ја увезува, токму тој.Арамијата од Вашингтон повторно ја промени бајката. До вчера дата-центрите беа иднина без последици. Граѓаните рекоа: вода. Сега вели: затворен круг, воздушно ладење, фреон. Кој зборувал за вода и бучава, не се разбирал во технологија. Се разбира. Физиката не е кампања. Серверите прават топлина. Топлината мора да излезе. Ако не излезе со вода што испарува, излегува со вентилатори, клими и компресори. Тоа "јаде" струја. Воздухот ја пренесува топлината лошо. Затоа воздушното ладење кај ваквите објекти одзема и до третина од целата електрична енергија на салата. Фреонот е голема клима. Значи, пари на броило. Бучава околу објектот. Водата може да се тргне од приказната. Сметката не. Првата варијанта веќе беше скапа струја за самиот центар. Сега, со „новата“ технологија што ја продава како спас, ладењето станува уште "пожедно" на киловати електрична енергија. Водата е помалку загрозена. Граѓанинот е повеќе загрозен. Во земја што увезува струја, во кој ЕСМ е во загуба, која се задолжува секоја недела, секој нов мегават за туѓ сервер влегува во цената на домаќинствата. А кој тргува со струја знаеме. Мицкоски. И партнерот Душан Адамовиќ, почесен конзул на Македонија во Србија, човек што Македонија ја нарекува окупирана српска територија. Омилен бизнис на арамијата: увоз, разлика, провизија. Дата-центарот е нова станица на истата мрежа. Разговори со пет-шест фирми. Имиња под радар. Договор без бројки. Гаранција на камера. Не може да избега од лагата, затоа што зад секоја лага стои криминал и корупција. Прво ја скри водата. Сега ја крие струјата. Америка носи закон да ги заштити домаќинствата од сметките на серверите. Тој дава интервју каде вели - кој прашува на темата е од 19 век. СДСМ бара видлив проект на маса: колку мегавати, каков систем, која цена, кој ја плаќа разликата кога ЕСМ нема. Без тоа сето ова не е технологија. Туку е увоз, облечен во фреон. Водата ја тргнаа од соопштението. Струјата ја оставија на народот. Провизијата кај арамијата. СДСМ не е против дигитализација. Дата-центрите што ги увезува Мицкоски се хардвер за туѓа дигитализација, не за Македонија. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТрамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија15:16Продолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29
Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29
ЕвропаПредупредување во Полска: Воена авијација во состојба на готовностПолска денеска започна превентивни операции на воената авијација и го подигна степенот на готовност на системите за противвоздушна одбрана и на радарите за извидување поради нападите со руски беспилотни летала врз Украина. Полска денеска започна превентивни операции на воената авијација и го подигна степенот на готовност на системите за противвоздушна одбрана и на радарите за извидување поради нападите со руски беспилотни летала врз Украина, соопшти Оперативната команда на полските вооружени сили. Како што е соопштено, преземени се мерки за заштита на полскиот воздушен простор, особено во областите што се граничат со зоните погодени од нападите. Активирани се потребните сили и средства, а системите за противвоздушна одбрана и радарско извидување се ставени во состојба на готовност. Одлуката на Варшава уследи неколку дена откако руско беспилотно летало се урна на само четири километри од полската граница, погодувајќи бензинска пумпа на територијата на Украина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТрамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија15:16Продолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29
Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29
НБАБраќата Томпсон испишаа историја во НБА – договори вредни 363 милиони долари Младите кошаркари, Аусар и Ајмен Томпсон испишаа историја во НБА, станувајќи првите браќа кои потпишале договори во вредност од најмалку 100 милиони долари.Вкупната вредност на нивните нови договори изнесува 363 милиони долари. Кошаркарот на „Детроит Пистонс“, Аусар Томпсон, се договори за продолжување на договорот на пет години во вредност од 155 милиони долари, при што договорот е целосно загарантиран, пренесува ESPN. Неговиот брат близнак, Амен, претходно овој месец потпиша петгодишен договор вреден 208 милиони долари со „Хјустон Рокетс“. Браќата Томпсон пристигнаа во НБА во 2023 година. „Хјустон“ му укажа доверба на Амен избирајќи го како четврти пик на драфтот, додека „Детроит“ веднаш потоа, од петтата позиција, го избра Аусар. Аусар беше избран во првата дефанзивна петорка на НБА минатата сезона, откако оствари просек од 9,9 поени, 5,7 скока, 3,1 асистенција и 2,0 украдени топки по натпревар – најмногу во лигата. Во гласањето за најдобар одбранбен играч во лигата, тој го зазеде третото место. Тој исто така одигра одлични натпревари во плејофот, каде што оствари просек од 2,0 украдени топки и 1,8 блокади по натпревар на вкупно 14 средби. Томпсон стана и првиот играч по Ентони Дејвис во 2020 година кој забележал најмалку 25 украдени топки и 25 блокади во една плејоф-серија. Ниту Ајмен не заостанува многу зад својот брат кога станува збор за одбраната. Минатата сезона, тој беше избран во првата дефанзивна петорка на НБА-лигата, додека во нападот ги оствари најдобрите бројки во својата кариера. Минатата сезона, тој имаше просек од 18,3 поени, 7,8 скока, 5,3 асистенции и 1,5 украдени топки по натпревар во дресот на Хјустон. Браќата Томпсон уште во раната фаза од своите кариери обезбедија договори што ги вбројуваат меѓу најплатените млади играчи во НБА.Тагови: НБА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter