Средба Заев-Рустемов: Македонија направи чекор напред, многу можности за соработка со Казахстан

Премиерот Зоран Заев денеска се сретна со Нурбах Рустемов, амбасадор на Република Казахстан за Република Македонија со кој се согласиле дека постои голем потенцијал за развој на односите помеѓу двете земји во области значајни за нивните граѓани, соопшти владината служба за информирање. Особено била истакната определбата на двете страни за интензивирање на соработката во областа на економијата.



- Владата на Република Македонија посветува големо внимание на странските и на домашните инвестиции, затоа што на тој начин може да се придонесе за нови и подобро платени работни места, за квалитетен живот на граѓаните, што е примарна цел на новата Влада. Затоа се отвораме целосно за продлабочување на економската соработка и за поврзување на бизнис заедниците од двете држави, кои убеден сум дека ќе најдат мотив за соработка, што ќе донесе добро и за нашите граѓани и за нашите држави, истакнал Заев.

На средбата се разговарало и за поконкретни активности на соработка во областа на енергетиката и на третманот со отпад.
Премиерот Заев посочил и дека Владата е силно посветена да обезбеди чиста животна средина за граѓаните и развој на квалитетно земјоделство, за што е потребно решавање на проблемот со депониите, како и обезбедување електрична енергија преку фотоволтаици што овозможуват употреба на природни извори на енергија како што е сонцето, а со тоа и заштеди во семејните буџети.

- Целосно сме фокусирани на вториот дел од реформскиот План 3-6-9 на Владата, бидејки првиот дел успешно е заокружен. Следуваат реформи во клучни области, со цел независно правосудство, медиуми, обезбедување независни државни институции. Водиме инклузивни политики во овој процес, а ги продлабочивме и пријателските односи со соседите. Сето тоа придонесува кон подобар живот на граѓаните во Македонија и ги отвора вратите на Република Македонија кон ЕУ и НАТО, што се наши стратешки цели. Евро-атлантските перспективи дополнително ќе значат охрабрување за инвестициската клима, но и стабилност на Македонија и на регионот, истакнал Заев.

На средбата било договорено да продолжат контактите меѓу двете држави и со средби на официјално, владино ниво, со цел реализација на утврдените можности за соработка.

Промените што се случија во Република Македонија, амбасадорот на Казахстан Рустемов на средбата со премиерот Заев ги оценил како „голем чекор напред“.

Привршува гласањето на двојните избори

Трендот - дел од граѓаните, особено во општините со мнозинско албанско население, да посегнуваат само по едно гласачко ливче беше присутно и во Скопје во текот на денот..

Сандра Спасовска е пред избирачко место во скопски Чаир.. Сандра, како привршува гласањето во главниот град..

За да се избере претседател, неопходна е излезност од 40%, односно да гласаат 725.727 граѓани

За да се добие претседател во вториот изборен круг неопходно беше е да излезат над 725 илјади граѓани..

Јован Ѓорговски и во овие вести со анализа и за денешниот и поранешните циклуси од парламентарните избори..

Македонија бира претседател и нов парламентарен состав

Еден час до затворањето на гласачките кутии..

Македонија гласа на двојните избори.. Повеќе од 1,8 милиони граѓани со право на глас избираат претседател и нов состав на парламентот.. Нашите репортери се на терен и одблиску го следат изборниот процес.. Одиме прво во дик..

Таму е Михајло Видимлиски.. Михајло, она што најмногу ги интересира граѓаните - колкава е излезноста и има ли посериозни нерегуларности?

притисни ентер