КултураСредба со Илија Прокопиев за „Атласот на човековото тело по Аристотел“ Авторот на изложбата „Секогаш другите се оние што умираат“ Илија Прокопиев и проф. д-р Наташа Аврамовска од Институтот за македонска литература денеска во галеријата „Ко-Ра“ во Домот на култура „Кочо Рацин“ (Домот на градежните работници) ќе имаат средба со публиката.Целта на средбата е дискусија за книгата со цртежи „Атласот на човековото тело по Аристотел“ што е составен дел на изложбата. Книгата е воедно продолжение на магистерска теза на Прокопиев кој го истражува развојот на визуелниот јазик на медицинската илустрација во поширок културен контекст, под менторство на професорката Аврамовска. Публиката ќе може активно да учествува во разговорот за Атласот, но и да поставува прашања за изложбата. Атласот ќе биде достапен за сите заинтересирани.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЃорѓиевски: Скопје 2028 - со силни партнерства го отвораме патот кон европската културна сценаГрадоначалникот Ѓорѓиевски упати искрена благодарност до амбасадорот Ле Риголер, Францускиот институт и сите партнери за довербата и поддршката.Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска заедно со амбасадорот на Франција, Н.Е. Кристоф Ле Риголер, директорот на Францускиот институт во Скопје, Грегоар Жислер, и директорот на Фондацијата „Скопје ЕПК 2028“ Марјан Цветковски, го означија почетокот на едно значајно стратешко партнерство со потпишување на Меморандум за соработка меѓу Фондацијата и Францускиот институт, под високото покровителство на Град Скопје. - Со ова партнерство отвораме врати за заеднички уметнички продукции, размена на уметници и експерти и развој на културните и креативните индустрии. Создаваме простор нашите творци да се поврзат со европската културна сцена, а скопјани да добијат нови, квалитетни и достапни културни содржини. Скопје има дух, има талент и има приказна што заслужува да ја види и слушне цела Европа. Наша обврска е да создадеме можности таа приказна да го добие своето вистинско место – изјавив Ѓорѓиевски. Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека Град Скопје посебно ќе се посвети на соработката со Бурж, со кој во 2028 година ја споделуваме титулата европска престолнина на културата, како и на можноста за реализација на „Француска сезона во Скопје 2028“. - Градиме мостови меѓу нашите градови, нашите уметници и нашите култури, со амбиција тие врски да траат и долго по 2028 година. За мене, успехот на Скопје 2028 ќе се мери и со можностите што ќе ги создадеме за младите, со поддршката за нашите уметници и со културата што ќе стигне до секој граѓанин. Сакам оваа титула да остави трајна вредност во животот на нашиот град. Заедно ја претвораме визијата во конкретна соработка. Скопје има што да ѝ покаже на Европа. Со својот културен идентитет, со својата креативност и со своите луѓе е подготвено да остави силен белег – рече Ѓорѓиевски. Градоначалникот Ѓорѓиевски упати искрена благодарност до амбасадорот Ле Риголер, Францускиот институт и сите партнери за довербата и поддршката. Град СкопјеКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПритвор за лицето од тетовско осомничен за компјутерски криминалОсновното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 20-годишник од селото Голема Речица за повеќе дела од областа на компјутерскиот криминал.За време на повеќемесечните предистражни дејствија координирани од јавен обвинител, се обезбедија докази кои упатуваат на основано сомнение за извршено кривично дело – Компјутерска измама од член 251-б од Кривичниот законик, бидејќи осомничениот во периодот од 2025 до 2026 година администрирал нелегална онлајн група на комуникациската апликација „Телеграм“, преку која нудел услуги и софтверски алатки за измами поврзани со незаконско враќање парични средства. Освен ова, тој е осомничен и за кривично дело – Злоупотреба на лични податоци од член 149, кое го вршел како администратор на домејни и веб-страници поврзани со платформата „OLVX“, која служела како нелегален пазар за продажба на украдени дигитални податоци, софтверски алатки и услуги наменети за извршување кривични дела. Главни корисници на платформата биле сајбер криминалци кои купувале и продавале лични податоци и пристапни акредитиви за кориснички сметки, а во периодот на функционирање на платформата биле понудени над 1.500 украдени пристапни податоци на жртви – физички и правни лица. Врз основа на наредба за претрес обезбедена од судот по барање на јавниот обвинител беше извршен претрес кај осомничениот и беа одземени два мобилни телефони. Во скриен фолдер на еден од телефоните беше утврдено дека тој поседувал вкупно 29 видеа со експлицитна содржина на полови дејствија меѓу возрасни лица и деца. Поради тоа, 20-годишникот е осомничен и за кривично дело – Производство и дистрибуција на детска порнографија според член 193-а од Кривичниот законик. Имајќи предвид дека постои несомнен ризик од бегство на осомничениот на кој му се ставаат на товар неколку кривични дела, како и поради опасноста тој да продолжи да врши кривични дела, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово достави предлог за определување мерка притвор, соопштуваат од Обвинителството.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00
МакедонијаТрајанов: Има индиции дека границата е нелегално премината, институциите детално да истражатМоже ли во моментов да се детектира чија е одговорноста за бегството на Ива Михаилова? Има ли и каква е улогата на бугарските власти во случајот.. За овие дилеми свое видување има поранешниот министер за внатрешни работи Павле Трајанов, со него разговара Јана Јосифоска. Во видеото погледнете го целиот разговор. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter