Средба Славески – Паолучи: Народната банка е важен фактор за стабилноста - Канал 5

Средба Славески – Паолучи: Народната банка е важен фактор за стабилноста

Народната банка (НБ) е кредибилна институција и столб на макроекономската и финансиската стабилност во земјата, беше посочено на работната средба на гувернерот Трајко Славески со директорот на Светската банка во зермјава, Масимилијано Паолучи.

Средба Славески – Паолучи: Народната банка е важен фактор за стабилноста

Како што информираат од НБ, двајцата соговорници ја истакнаа важноста на досегашната успешна соработка меѓу двете институции и изразија подготвеност за продлабочување на партнерството, особено во контекст на структурните реформи, дигитализацијата и унапредувањето на сеопфатноста и отпорноста на економијата.

Гувернерот Славески посочи дека Народната банка и во иднина ќе биде отворена за соработка во областа на техничката помош и анализа, особено преку проекти коишто ќе придонесат за натамошно зајакнување на институционалниот капацитет, како и за поддршка на политиките за финансиска вклученост и одржлив развој.

Директорот Паолучи истакна дека Светската банка е свесна за значајната улога на Народната банка во одржувањето на стабилноста и на довербата во економијата и изрази подготвеност за понатамошна поддршка на процесите важни за економскиот напредок на земјата.

Реконструиран музејски комплекс во заливот на коските на брегот на Охридското езеро

Саниран е Музејот на вода во заливот на коските кај градиште, еден од најатрактивните и најпосетени локалитети во Охрид.

Реконструиран музејски комплекс во заливот на коските на брегот на Охридското езеро

Како што беше истакнато денеска, станува збор за обемен градежен зафат за целосна реставрација на локалитетот, што е еден од најдоходовните објекти од тој вид во Охрид и земјата.

YouTube video

Министерот Трипуновски во посета на откупни центри за пченица во Пелагонискиот регион

Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски посети неколку откупни центри и млинови во Пелагонискиот регион со цел да изврши увид дали се почитува утврдената откупна цена за килограм пченица.

Министерот Трипуновски во посета на откупни центри за пченица во Пелагонискиот регион

Кај дел од откупувачите се констатирани одредени неправилности за кои се превземени мерки.

Според кажувањата на земјоделците и откупувачите, оваа година квалитетот на пченицата е значително добар, што претставува позитивен сигнал за земјоделскиот сектор. Поради тоа министерот Трипуновски апелира да се почитуваат договорените одредби, секоја злоупотреба ќе биде санкционирана од Државниот инспекторат за земјоделство.

Министерот истакна дека инспекторите од Државниот инспекторат за земјоделство секојдневно се присутни на терен со цел да се спречат евентуални злоупотреби и да се обезбеди транспарентност во процесот на откуп.

„Целта на Министерството е да се вреднува трудот на земјоделците”, посочи министерот.

Министерот Трипуновски посочи дека министерството продолжува со активното следење на состојбата и преземање на сите потребни мерки за заштита на интересите на земјоделците.

притисни ентер