Средба Османи-Која

Овој проект е особено значаен поради тоа што ќе има исклучителна успешност во утврдување на евентуалните наклонетости и субјективизам на судиите во нашето општество.

Начинот и методологијата за спроведување на проектот за статистичка и квалитативна анализа на судските одлуки а кој е во насока на утврдување на објективноста на пресудите соодветно на етничката припадност на обвинетите , со цел да се утврди објективноста и неселективноста во работата на судовите, била главната тема на која денеска разговарале вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и амбасадорот на ОБСЕ Клеменс Која.

- Овој проект е особено значаен поради тоа што ќе има исклучителна успешност во утврдување на евентуалните наклонетости и субјективизам на судиите во нашето општество, и претставува основа за адресирање на прашањата за објективно судење, без предрасуди, истакнал вицепремиерот Османи на средбата, додавајќи дека проектот предвидува статистичка анализа, каде предмет на обработка би биле исти и слични случаи на обвиненија, и би се анализирале висините на пресудите и нивната статистичка поврзаност со етничката припадност на обвинетите.

На средбата биле отворени темите поврзани со областите на соработка во рамки на проектите финансирани од страна на ОБСЕ, а станало збор и за претседателските избори при што Османи изразил подготвеност за имплементирање на сите препораки на ОБСЕ и нивна навремена имплементација пред одржување на следните избори.

Јелена Карлеуша најави што ќе објавува на „OnlyFans“: Тоа не ми го дозволи Инстаграм..

Јелена Карлеуша објави што ќе објави на „OnlyFans“: Тоа не ми го дадоа на Инстаграм, експлицитно велат...

Контроверзната српска пејачка Јелена Карлеуша неодамна најави дека ќе отвори профил на платформата за возрасни „OnlyFans“.

На Инстаграм популарната Карлеуша има скоро два ипол милиони следбеници, но и покрај тоа, оваа социјална мрежа има многу ограничувања, кои се „проблем“ за Јелена .

Иако многумина се надеваа дека објавувањата на пејачката на OnlyFans ќе биде многу поексплицитни, Јелена проговори на оваа тема и објасни за што всушност се работи.

„Инстаграм ги заостри правилата и ја санкционира секоја поексплицитна содржина, дури и фотографиите во бикини. Затоа сум на OnlyFans. Реакциите се како да најавив снимање на порно, ...“, изјави Јелена Карлеуша за Информер.

Најмалку 14 лица го загубија животот откако врз нив падна голем билборд во Мумбај

Најмалку 14 лица го загубија животот, а 75 други се повредени откако врз нив падна голем билборд при невреме во индискиот финансиски центар Мумбај, соопштија денеска властите.

Видео снимка покажа дека билбордот се тресе од ветрот пред да падне врз куќи и бензинска пумпа во прометниот пат во источното предградие Гаткопар. Градот го зафати невреме што го запре патниот сообраќај и летовите на авионите.

Локалните власти соопштија дека најмалку 75 повредени лица се пренесени во болница.

Агенцијата во чија сопственост е билбордот немала дозвола од надлежните да го постави, соопшти локалната власт. Билбордот бил околу 1.300 квадратни метри, што е девет пати повеќе од максималната дозволена големина. Агенцијата доби наредба веднаш да ги отстрани сите свои билборди.

Општина Крива Паланка додели по 3000 денари за секој матурант од градот

Денеска сите 134 матуранти од средното училиште во нашиот град ги добија финансиските средства.

Во пресрет на матурската прослава на средношколците од завршните години од средното општинско училиште "Ѓорче Петров", Крива Паланка, денеска им беа доделени по 3.000 денари еднократна сума средства од општинскиот буџет преку мерката за поддршка на млади, воведена минатата година.

-Како убава честитка по повод матурирањето, денеска сите 134 матуранти од средното училиште во нашиот град ги добија финансиските средства од една од мерките за поддршка на младите. Ова е втора генерација матуранти кои од буџетот на Општината добиваат по 3.000 денари, еднократна парична помош во пресрет на матурската прослава. Младите се во фокусот на работата на општината, младите се иднината, а нивните успеси се наша заедничка радост, истакна градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски.

Матурското дефиле низ главната улица, централниот настан во организација на општината наменет за генерацијата матуранти 2020-2024 на градскиот плоштад и забавата за нив ќе се одржат во четврток, 16 мај 2024.

Од Општина Крива Паланка посочуваат дека со новововедените програмски мерки за млади, втор година по ред се овозможува и финансиска поддршка на сите првачиња, 3.000 денари, младите имаат можност да аплицираат за субвенции од општинскиот буџет за набавка на лаптоп или компјутер, субвенции за купување велосипед, по 5.000 денари се доделуваат еднократно за секое новороденче од Крива Паланка, младите брачни парови можат да аплицираат за субвенции за набавка на количка за бебиња, субвенции се достапни и за превоз на студенти, а исто така општината воведе и бесплатно користење термини на спортските терени во градот за младите.

Сите мерки што се воведени и усвоени од страна на Советот на Општина Крива Паланка се објавени и јавно на општинската веб-страница www.krivapalanka.gov.mk, а за информации е достапно и лицето задолжено за спроведување и реализација на истите, службеникот за млади во локалната самоуправа на општината.

притисни ентер