Средба Османи- Бербок: Германијa е наш најгласен поддржувач на европскиот пат - Канал 5

Средба Османи- Бербок: Германијa е наш најгласен поддржувач на европскиот пат

Во рамки на учеството на 78-то Генералното собрание на Обединетите Нации во Њујорк, денес министерот за надворешни работи Бујар Османи оствари билатерална средба со министерката за надворешни работи на Сојузна Република Германија, Аналена Бербок.

Средба Османи- Бербок: Германијa е наш најгласен поддржувач на европскиот пат

Министерот Османи се заблагодари за гласната поддршка за пристапниот процес на Македонија во ЕУ, изразена преку низа чекори како, тнр. „германски“ предлог, клучната политичка основа преку која се создаде денешниот европски пакет за нашите европски интеграции, и усвоената Резолуција во германскиот Бундестаг, со која се реафирмираат македонскиот идентитет и јазик на патот на нашата земја кон Европската унија.

“Ваквиот чекор е уште еден чин на поддршка на пријателска Германија на европската иднина на нашата земја и дополнителна гаранција на идентитетските прашања на Македонија, кои се веќе признати од страна на Европската унија“ – додаде министерот Османи.

Бербок упати пораки на поддршка на евроинтегративниот процес на нашата држава, и признание за постигнатиот напредок во исполнувањето на преговарачката рамка. Оцени дека со отворањето на поглавјата, нашата позиција кон ЕУ станува сé посилна, воедно уверувајќи дека германската поддршка на нашиот европски пат ќе продолжи и во иднина.

Двајцата министри изразија задоволство од развојот на одличните односи меѓу двете пријателски земји, кои оваа година одбележуваат јубилејни 30 години од воспоставување на дипломатските односи, како и уверување дека и во иднина ќе продолжат посветено да работат на унапредување на македонско-германското партнерство.

Беше заемно поздравена соработката во областа на економијата, чија динамика во континуитет бележи нагорен тренд на раст. Германија е клучен економски партнер во вкупниот развој на Македонија и подолг период е најголем трговски партнер и помеѓу поголемите странски инвеститори во земјата – констатираа министрите.

Двајцата соговорници разменија мислења и во однос на актуелните политички и безбедносни состојби во земјите од Западен Балкан, а дискутираа и за соработката и предизвиците во рамките на претседавањето на Македонија со ОБСЕ во 2023, соопшти МНР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Во напредна фаза се и градежните работи на новиот кружен тек на Северен Булевар!

Во напредна фаза се и градежните работи на новиот кружен тек на Северен Булевар!- информира преку својот фејсбук, градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. 

Јанчев: Во напредна фаза се и градежните работи на новиот кружен тек на Северен Булевар!

Во напредна фаза се и градежните работи на новиот кружен тек на Северен Булевар!

Посебна благодарност до Лидл за донацијата и поддршката во реализацијата на овој проект. Со заеднички сили продолжуваме да ја градиме модерна и функционална урбана средина.

Овој значаен инфраструктурен проект ќе придонесе за подобрување на сообраќајниот проток, зголемена безбедност и полесно движење за сите граѓани.

[✔️] Побрз сообраќај

[✔️] Поголема безбедност

[✔️] Подобра поврзаност

Продолжуваме со инвестиции во инфраструктурата – за подобро секојдневие на сите!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Алексеј Покушевски се сели во Русија

Репрезенативецот на Србија, Алексеј Покушевски има нов клуб. 

Алексеј Покушевски се сели во Русија

24 годишниот Алексеј Покушевски е нов кошаркар на Локомотив Кубан, соопшти клубот.

Србинот се раздели со Партизан и му се приклучи на тимот на Локомотив Кубан предводен од Томислав Томовиќ, поранешен стратег на Звезда и помошник-тренер во националниот тим на Србија.

На 14-годишна возраст, како еден од најголемите европски таленти на своја возраст Покушевски се пресели во системот на атински Олимпијакос.

На само 17 години, популарниот Поко дебитираше во Евролигата и влезе во историјата на грчкиот гигант како најмлад играч што зачекорил на теренот во оваа елитна европска конкуренција.

Неговиот потенцијал беше забележан и од НБА-скаутите, па во 2020 година беше избран како 17-ти пик на драфтот.

Во најсилната лига во светот, тој мина четири сезони играјќи за Оклахома Сити Тандер и Шарлот Хорнетс. Во европската кошарка се врати во 2024 година, кога го облече дресот на белградски Партизан.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нова фитнес зона во ООУ „Мирче Ацев“ во Општина Ѓорче Петров

Општина Ѓорче Петров продолжува со континуирани инвестиции во спортската инфраструктура, создавајќи современи услови за спорт, рекреација и здрав развој на децата и младите. 

Нова фитнес зона во ООУ „Мирче Ацев“ во Општина Ѓорче Петров

Во ООУ „Мирче Ацев“ е изградена нова современа фитнес зона, како дел од проектот што се реализира со поддршка на Министерството за транспорт и врски.

Новата фитнес зона е една од вкупно трите фитнес зони што се реализираат во рамки на проектот, со што дополнително се унапредува и збогатува спортската инфраструктура на територијата на Општина Ѓорче Петров.

Со поставувањето на современите фитнес реквизити, учениците и младите добиваат функционален простор за физичка активност, вежбање и рекреација, кој ќе биде од корист и за останатите жители на општината.

-Во изминатиот период инвестиравме во нови и реконструирани спортски терени, фитнес и калистеника зони, како и во унапредување на училишната спортска инфраструктура. Нашата цел е спортот да биде достапен за сите, а особено за нашите деца и млади. Оваа инвестиција е уште еден чекор во тој континуитет. Благодарност до Министерството за транспорт и врски за поддршката во реализацијата на проектот - истакна градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.

Од Општина Ѓорче Петров најавуваат дека инвестициите во спортот продолжуваат и во наредниот период, со реализација на нови проекти во училиштата, населбите и постојните спортско-рекреативни комплекси.

Инвестицијата во спортот е инвестиција во здрави генерации, активни млади и силна заедница.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер